Во понеделникот кога и мерев тт ми се искака ради топломерчето, сега ми е жал пак да и правам така, страв ми е да не и станат мрзливи цревата па да мора да ја провоцирам да се олесни Добро што ме потсети за компотот, имам залихи дома
Дехидрирано дете, бебе, мириса на ацетон, здивот, мочката, се мириса на ацетон. Ми има дехидрирано малиов неколку пати, баш на ацетон смрди устата. Носи ја на мерење ако ти е сумљиво, таман да видиш како е напредокот без ад. Оди нека ја мерат обавезно чим пред недела сте тргнале Ад.
Не се ствараат мрзливи црева од малце провокација во газето. Јас имам исто еден некакач дома, еднаш на 7-8 дена кака, понекогаш мора со провокација или чепче бидејќи после 7 дена е мнооогу нервозна. Еднаш ставав и клизма бидејќи 10 дена не беше какана. Докторката вика ако си испушта гасови (ако пртка) и не е подуено стомачето тогаш си е Ок. Од пиење сок или компот од сливи јас не видов фајде, само јас се олеснував Чекав малава да наполни 4 месеци за да ѝ давам по малце сокче за полесно какање. Во врска со мочкањето незнам што да ти кажам освен да го следиш бебето, напредокот, дали многу плаче... На крај крајева консултирајте се со педијатрот.
И јас го читав тоа на една германска страна. Но по некоја логика ако детето со запчињата направи дупче и навлезе плунка, па од влагата мувла, како што пишуваше, тогаш тоа на сите глодалки со празна содржина може да се случи, не само на Софи.
И ние имавме еден ваков период: бебе не моча преку ноќ, а мајка и од памет извадена. Траеше неколку дена, не беше дехидрирано, мочкаше само преку ден, весело, насмеано бебе цело време, и после си се врати на нормала (си полни пелени и ноќе). Ќе помине, не е страшно иако е празна пелената, важно малку се измочкала штом индикаторот сменил боја. Го делам мислењето.....во секоја играчка од тој тип може да се создаде мувла (макар и да не се става во уста, си влегува влага од дупчето-свирче). И не може веднаш да се создаде мувла. Гледав и јас слики на интернет од пресечена Софи на поливина и мувла во внатрешноста. Но, не се предомислив, ја купив. Лесна е за држење на вратот, а и гумата е мека. Бебувче ја сака и и се радува кога ќе и свирнам со неа. Единствена мана ми е што мириса на гума.
Некои бебиња не мократ преку ноќ. Прати денски колку мокри пелени има. Ако забележиш промена на бојата на пелената портокалово/црвени траги тогаш се урати и е дефинитивно знак на дехидрираност. Во врска со Софи, на синко прво му ја купивме малата, маста и ја извади од гризење, ја обожаваше, откако ја искина малата му ја зедовме големата ама неа не ја засака. Инаку малата нема дупче од кај што би влегла вода, па не може да мувлоса.
Фала ви на одговорите. Преку ден имаме 4-5-6 мокри пелени, секогаш различно. Весела, насмеана е. Се искака прееска баш кога сум пишала тука, златно жолто ама некако течно ми се виде, не беше густа кака како што претходно била. Препишувам на настинката. На мерење сме во понеделник, место не ме држи дури да видам дали напреднала.
Што е разлика меѓу малата и големата? И мене ме стаивте на мисла да ја купувам, ама просто не ми се дава 1000ден за гумењарка
И јас имам слична мака ако можи така да се кажи...бебка ко ја преслеков во 9.30 беше какана..оттогаш неколку пати цицаше и кога ја преслеков кај 12.30 немаше ништо..а се стега онака цело време...ко нервозна е..потпрднувамалце му кркорат цревцата....вчера му дадов Бекутан чајче...и денес многу малку.....таа плачи и јас со неа
Овде кај што живеам уште од раѓање ги носат веднаш после недела, две. Но, јас сепак не сум за пред 3 -4 месеци. Првин да зацврсти малку и главичката да си ја држи. Мојата е 4.5 месеци и во план сме сега да земиме. Раце ми се скинаа, воопшто не сака во количка, а и по дома сме се во раце.
Има кенгури кои се 0+, мојот е баш таков, со дел до горе кој ја држи и главата, каиши има за поубаво да се прицврсти бебето и да не биде апла само седнато. Накај мене завртено само треба да биде кога е толку мало, а после делот се витка надолу и бебето се врти напред да гледа.
Јас првите 3 месеци ја носев во марама полесно ми беше...а од 3 м. во кенгур и обожава во него..мојот е за од 0+ ергономски и ич кичма не ме боли
Купи и ја слободно! Ќе ужива.. мојата од 3+ ја има, најпрво не знаеше уваво да ја држи ама вие сте веќе 4+ и таман ќе ви е, една од омилените и е сеуште
Материјалот е ист, малата е со прстен и полесна е за држење на помали бебиња. Јас сум задоволна, за второто здравје пак ќе купам. Малата е околу 700 денари, големата мислам 1200 ја зедовме. Имавме и гумени еден куп, ама џабе кога не ги сакаше.
Zdravo ,nie sme 4 meseci. Denes zabelezav na ednoto noze na noktot zolta tocka i okolu noktot crvenilo. Mislam deka loso rasne nokteto. Maticniot ni prepisa mast Garamycin. Dali ste go koristele toj mast za tolku mali bebinja?