Мами абе малово никако на стомак да полежи. Кога ќе.ја ставам кашла, се буни вреска ќе ја кренам и не можам да ја смирам се жали се расплакува ептен. Не знам што да направам веќе. Кога почнаа вашите да се превртуваат од стомаче на грб ??абер нема малово.освен од грб на страна да се сврти и убаво да се истегне ..ете така прави. 4ипол месеци е ..
Не се секирај и синчето мое почна многу касно да се превртува. И тоа прво од стомаче на грб(зошто едвај чекаше да избега од таа поза, ич не сакаше на стомаче), па подоцна од грб на стомак. Сега не можам да го сопрам. Исто и прво се исправаше и шеташе по дома па дури на 13 залази. Секое дете своја приказна.
И јас имам за ова пишувано, ептен бев загрижена. Еден ден веќе се помирив дека моете дете нема да се врти никогаш и така бев лабава дури приготвувајќи и каша во кујна не слушнав едно силно "туп" од дневната од тогаш не се остава ни секунда како струја е
Моето е 5+ па уште и на страна не се врти, а не па на стомак убаво ти вика @kukla21 ќути дур се вакви раат сме после коа ќе почнат нема да застанат.
Земи и tummy time перниче, така им е полесно. Јас имав и вакво од Џамбо, ама касно го купив па малечко му беше, па после мајка ми му соши поголемо. Си седеше без проблем.
Мајки на маки сум,малава е скоро 5 месеци. Пред 3 дена од нигде никаде крена температура 37.8 бевме на лекар немаше никакво воспаление на ништо. Следниот ден како нова. Еве денес пак истите симптоми цело време стенка,увилена е ладни рачина темп пак 37.8. Гледам автички и се направиле на јазичето. До колку темп не се дава далерон сируп ? од што може да е вака.
38.5 Облечи ја потенко, истуширај ја , без мокрење на главата, чорапчиња со оцет ставај. Да не вади забчиња?
Нема запчина сеуште.И дадов малце далерон ми беше ептен жал да ја гледам,се изнаплачи. Тоа е тоа утре пак на лекар.
Вироза обична, не паничете Правевте крвна слика и црп кога бевте на лекар? Ако температурата трае подолго од три дена, тогаш се носи на лекар. Нормално, ако не е превисока, над 39. Парацетамолче, туширкање, чорапчиња со оцет... Тоа можете. Полни се амбулантите со болни дечиња, не го носете ако веќе сте биле, почекајте уште ден-два, ако не поминува темп. тогаш одете на контрола.
Мајки едново близначе поточно машкото цело време ја држи главата нагоре, наназад значи не право туку наназад само во таван гледа. Искуство некоја? Уште од старт на стомак кога го ставав ја креваше главата дури тогаш и чудно ми беше, но ова сега е претерано како вратот да го прекршува дури.
Не сме правеле крвна слика.Чудно ми е што после 3 дена и се повтори,и цело време 37.8. Ни повеќе ни помалце.Еве денес нема добра е. Најверојатно ќе почекаме. Фала ти за советот kitten. Патем што е тоа црп не сум чула до сега.
Тоа е протеин во крвта кој укажува на инфекции. Се покачува концентрацијата ако во телото има воспалителен процес. Кај бебиња и мали деца обавезно се прави тој тест кога се болни.
Поискусни мамички, ние сме 9 дена, после доење нејќе да ждригне бебчо, го држам исправен и по 15 мин. Ќе го легнам и ќе бљуцне. Исто многу често ика после јадење. Дали е ова нормално или да се загрижам. Во среда сме на педијатар по секако ќе прашам, ама до тогаш...
Нормално е вишокот да го враќат...башка секако ќе го мерите ако напредвит немат место за паника...моево 3 месеци само повраќаше млазој од лакомија шо цицаше многу..еве ја фала Богу скоро 5 месеци одлично си напредвит...