Се е нормално што пиша. Без грижи . Истото го правеше и моето бебе. И покрај сите напори да ждригне, не сакаше. Самото почна да си ждригнува околу 4 месец, кога почна да стои исправена.
НОВ Normalno e. Nie sme 4 + i sega pocnavme da se sreduvame vo toj del. Najmnogu zdriga koga e svrten nakaj mene lice so lice i nezno tapkanje po grbceto. Nema potreba od grizi, skoro site se taka
Драги мајки, би сакала ваше мислење за ова...бебушка е 5 месеци и се навикна насабајле да прошетаме околу пола саат околу зграда, надвор си го пие млекото и си заспива. Обично станува околу 8, накај 9 шетаме и ја фаќа сабајлешна дремка арно ама нели залади и сега не знам што да правам. Сабајле ја замотав во 2 ќебиња и во транспортерот ја повозив и заспа. Дали мислите дека е веќе ладно за надвор? Ја наоблекувам многу, а гледам на апликацијата уште не е загадено, па да искористиме. Ако не ја прошетам ќе се истепаме дома, нема шанси да заспие
Ако нема ветер и дожд , соодветно облечена и покриена, таман е за шетање. Јас и моето секој ден шетаме . Во план ми е да се шета се додека нема временски непогоди и загаден воздух. Ете денес беше 19 степени. Таман.
Зошто ладно...требит да се учет на секаква клима...воздух им пријат..само не е препорачливо на ветер...кога врни беба во кенгур и чадорче и шеткаме...
Здраво мајки. Малава ми е 2 и пол месеци и многу немирно спие . Цело време мрда со рачињата и се мава по лице. Само кога ке ја ставам на стомаче се смирува ,а сегде читам дека не е препорачливо да спие на стомак. Како да се плаши во сон од рачињата. Што би ми помогнало да има подобар сон ? Фала ви
Чим ја смирува на стомаче остави ја...од време на време гледај ја ради главчето пошо кога се врти лево десно може да остани на средина... Беба моја скоро 5 месеци уште ужива на стомаче па нишо не и е...ќе си менвит од време на време... Можит уште грчиња да имат па и пријат на стомаче
Не на стомак, не смеат да спијат на стомак уште. Ќе ја замоташ, повиеш во пелена, прашај некоја баба да ти покаже ако не знаеш. Јас ако не ја замоташ во пелена ништо од спиење, до 4 месеци спиеше така, инаку само ањ маваше со рацете
Зависи од бебето, обично ~10тина минути, ама ако е бљуцкало и/или му се враќа млекце и подолго. Моето со рефлукс го држев по ~30мин.
Оти да не смее на стомах? Мојот од 2 м спие така. Не е кукла , дете е , има инстинкт. Баш напратив од тогаш мирно спие и не преткаше со рацете и нозете како што прават новороденчињата.
Земи ја во скут меѓу твоите нозе и фати ја со едната рака под брада држи и ја исправено главата за 10секунди ждрига. Проверено! Значи ја држиш со два прста (палец и показалец)под брада на врат.. има на јутјуб видео пиши baby burping.
Во утринска на телма беше докторка и кажа до 6м никако на стомак да спијат затоа што не дај боже јазичето можело да отиде кај што не треба. Единствено на стомаче под надзор преку ден за да го вежба вратчето.
Moeво во болница, околу месец беше, го ставаа нон стоп на стомак и ми рекоа да инсистирам така да спие(поради бронхитис и шлајм).
Мајки како ги облакате вашите бебиња за надвор почнавте со скафандери или.. прашувам за преку ден. 5+ сме Ние вчера искочивме малку на улица со тренерки троделни,боди со долги и капче памучно но некако ме испокараа ми било детево голо не е толку ладно за скафандер за хулахопки..
Боди на кимоно, тенка блуска со долги, дуксер и потенко шушкаво елече. Или боди на кимоно, блузонче и елече дебело. Навечер боди на кимоно, тенка памучна блузичка и јакна, не е зимска јакната, шушкавка е. Долу секогаш фармерки/тренерка и чорапи + кондурчиња. Не покривам со ништо, ама не сме шетале и по 18ч. Капа никако, топло ми е за капа, ако дуфка може тогаш. Води се по бебе и по тоа како ти се облекуваш, ако ги слушав наоколу бебе и шал и ракавици може ќе носеше уште од сега. За скафандер дефинитивно е прерано!
Боди на кратки, тренерчиња и тенка јакничка. И хулахопки, не за друго, чорапите ги соблекува за 3 секунди.