Продолжи да тропаш, периодот ќе пројават интерес. После 3ти ќе почнат и да држат, па и да пружат раце.
Ме караа кога вакво прашање ќе поставев. Секое дете различно е, најпрво треба да ја прати тропкалката со поглед па тек после да посега по неа.
Моево околу три месеци почна да фаќа...прво демнеше Поинтересни за почеток и беа рацете в уста да ги стават...па коса ако ја држеше некоја другарка со пуштена коса..па виде не виде ии с бендисаа играчките...сеа обожават да ги малтретират...кај и да е ќе требит нови да купвам...
Зошто да те караат? Јас сум многу нестрплива личност тоа ми е мана, сите играчки сакам наеднаш да ги испробам. Така и со тропалките пробав пред една недела онака им беше ништо посебно и ги прибрав, пробав со подлога со играчки пишуваше на кутијата 0+ исто не им беше интересна. Мажот ми вика ко него биле децата не ги интересирало играчки што не е можно.
Бидејќи бев преокупирана дека бебе не се врти од меше на грб и обратно. На 4 месеци се смеам кога ми текнува.
Моево абер нема да ги извади рацете од уста, а не па да фати играчка. Деновиве приметувам напор да се сврти на десно, пробува, делумно успева ама брзо се враќа на грб. Ја се нервирам од рацеве во уста само и ги вадам, а она се нервира. Плачки. Хаос. За 1 недела правиме 3 месеци.
Мојата е 4 месеци и од 2 ри месец е нонстоп со рацете во уста, утоп и се, сега ново е и е се што ќе фати го пика во уста, ќебе, играчка, алишта.
И мојата плаче кога и ги тргам рацете од уста, па и ги враќам назад Почна на глас да се смее кога татко и ја летка ко авионче а јас тропам со тропалките, и зборувам и пеам ко навиена по цел ден, се смее и гуга многу, дури и кога цица почна да ми гуга. За друго уште не покажала интерес, не ја ни форсирам во смисла да и ги бутам сосила играчките во рака. Бебево ко само мене да ме препознава, и меѓу 10лица кога ќе ме види и слушне се смее и радува ау,многу ќеф ми прави така
Не можам лигавчиња да доперам... Некогаш и лигавчето е цело во уста. Уствари ете, фаќа лигавче. Вечер ќе сечам кромид, малце ми хрчи, каде да го ставам ? Блиску или во собата општо?
@TeddyGrey поголема лигла од мојата сигурно не е Почна од месец/месец ипол. Лигавчиња, блузи, бодиња, се и беше мокро 24/7, значи СЕ. Кој што прави, само ја пресоблакав, лигавчињата не ги ни броев. Нонстоп беше со мокра уста, на сите слики од помала свети околу устата Немав претходно видено бебе до толку многу да се лигави. Цела куќа ми беше со лигавчиња, на секој ќош Да те утешам, ќе се намали кога ќе и пробијат првите запчиња. Кај мојата речиси нагло прекина лигавењето, се чудевме со мм што и е, кога после некој ден почна да грепка првото запче Сега се лигави, не дека не, ама мнооогу помалку, дури ни од лигавче нема потреба, не и ни ставам. Знае да и капне по некоја лига, ама ни приближно како порано. Сега повеќе ги голта отколку што и течат Едит: Имам впечаток како да ти реплицирам на секој пост и ти одговарам на секое прашање
Дали имате проблем и вие со будење на бебчето? Моево ако го оставиш ќе спие цел ден без да цица.Имам големи маки кога го будам за цицање што не правам го пресоблакам го закачам со мокра крпа го пребришувам нее нема абер офф маки ако има некоја мајка сличен проблем и како го решила нека даде совет
Нема бевме денес на педијатар рече нема никакви знаци рече такво е бебето ќе си го будиш офф и намали килажа па ќе мораме повеќе да цицаме измолзуваме не спиеме и така се во круг
Мајки дали сте носеле бебиња на вакцина без крвна слика,педијатаров ми вика да немам гајле бебе е одлично може сега без крвна слика.На прошлата вакцина правевме крвна слика супер му беше и сега ко демек нема потреба пак да го боцкале.
Мојата првите 2 вакцини ги прими без крвна слика - поискусен и постар педијатар беше докторката, ни рече слободно може. За среќа немавме никаков проблем.