Здраво мајки, Како им земаат на бебињата крв и промерок од урина? Треба да ја направиме првата крвна слика па ме интересира како им земаат. Пс. Ве читам долго време, инспирација ми сте и мотивација!
Крв им земаат од прст, со стискање, а урина со ќесичка. Има специјални ќесички (побарај во аптеките), се лепат и урината се собира во нив. За машко е многу полесно, за женско е тешко да се фати урина, за жал. Јас кај мојата не успеав никако. Побарај има видеа на Youtube и низ нет, ќе видиш за какви ќесички станува збор
Можно ли е бебуш да ми има грчеви од сокчиња? Понекогаш ептен стенка и како да го напнува стомачето за какање. Почнав пред десетина дена, вчера направивме пет месеци. Давам дневно по пола сокче на Хип, значи 100мл.
Со ќеса за урина залепена на полов. орган. Крв од прст Крвна слика се менува за еден ден, а не па од една до друга вакцина. Јас не би. Што ако е искусен? Да не знае како стојат параметрите во моментот? Детето може да изгледа здраво, а всушност да не е. Сте имале среќа.
Да, секоја вакцина до сега сме ја примиле без крвна слика. Тука не прават крвни слики на бебиња/мали деца
Што имате пробано до сега? Ние денес трет ден ќе ни биде јаболко. Сок немам дадено. И малово кенка ама не верувам дека до јаболкото е зш откако е родена си има мака со столица.. плаче кенка ко да не може да се искака. Се надевам дека со различнава храна ќе се стабилизира.. давам пробиотик .. пробај и ти.. следно се мислам што да дадам ?
Па давам сокчиња баш ради столицата, наместо пробиотик, по препорака од педијатрот. Со пробиотик немавме подобрување, сега барем кака два пати неделно. Пробавме слива, праска, круша, кајсија, јаболче. Едно сокче два дена го пие. Во план ми е веќе да почнам и со вкусови преку кашички.
@Kitten и мојот не беше некој какач се додека не почнав со кашички. Од тогаш кака и по два пати на ден. Мислам вади се што става, случајно вишок да не му остане. Нуди вода ако сака.
И мојава одкоа почна со каши серла стана број 1. Среќна сум аконостане на 2 пати. А кога беше само на ад по еднаш си одеше, топ