Малиот е нервозен само си ги влече ушињата накај образите и непцата ги трие. Навечер мир немаме како да му помогнам не знам ? ако може совет
Заби ќе растат. Ја врти главата или само ги тегне ушите? Земи гел за непца, има Дентинокс, Гел за Десни, Фризидерм... нешто ќе помогне.
Вртењето на главата ми е симптом за болка во уши, затоа те прашав. Ама па така ич не ќе заспиваше. Земи чиста фротирска крпа, значи фротир да биде, намокри ја и стави ја во фрижидер пола саат, саат и дај му ја да ја гризе така ладна. Помага многу.
Сува ја подварив и во блендер..ама не ми беше воодушевена...а со јаболче ја јадеше измешана..сокче пие по малце појке си ги чеша непцана ама колку толку пијат...сеа оод јаболче и давам сокче...а вода обавезно после оброк...сакав круша и јас денес ама неможев да појдам до пазар па имав морковче и и го сварив поткасна и се бендиса за прв пат
Женски, почнавме со кашички. Е сега, денес ни е трет ден со јаболче, арно ама едново се искака зелено! Темно зелено. И одма после пола час пак ми се искака ама сега жолто зелено. Има ли место за паника или од јаболкото е? Само тоа 3 дена пробавме(прв вкус ни е).
Ај да прашам, иако не ми личи на страшно. Веќе 2 дена и тече како секрет од очето. Само од едното. Белузлав, не и го залепува. И ноќе нема, мислам дека и се прави кога ќе се расплаче. Како густи солзи. И надоле ко што и течеле и останува бело исушено. И го бришам со газа. Нешто друго? Искуство? Мислење?
Мислам дека е многу два оброка на таа возраст. Ако сте почнале скоро дохрана, со доручек се тера месец и пол-два па се воведува ручек. Ќерка ми е исто 5 месеци и само што понав со пробување вкусови, на полни 6 месеци планирам еден цел оброк да има, а дури со 7 полни планирам и ручек. @TeddyGrey твоето е малецко и може да се работи за запушен солзен канал што е нормално кај мали бебиња, сеуште не се разработени. Јас и со двете го имав овој проблем, и тоа периодично многу ќе солзи па ќе прекине, па пак ќе почне. Прашај си педијатар на следна контрола. Нас ни препорача и благи масажи да правиме околу солзните канали.
Најдобро е да проверите уво барем да не ви е на премисла. Кога ќе ми текне дека на моето после 10 дена открија дека е воспалено увото коса ми крева како Америка да ја откриле. Педијатарот беше упорен дека нема воспалено уво и кажа дека прво ни е па затоа така паничиме па на уво, нос, грло отидовме приватно и завршивме со антибиотик.
Мајки дали некоја давала ад млеко без лактоза на бебе? Моја бебка пие веќе месец и недела дена и од кога почнавме цело време каката е темно зелена. Матична вели се адаптира сеуште од млекото но веќе помина месец, вака си напредува, не колку што беше на доење (50гр дневно) но пак си напредува (20-25 гр дневно). Искуство некоја со вакво млеко?