Може да ми пратиш слика од кои капки Марисол поконкретно? Ги има многу, да не ја грешам работата дека бебе е многу мало. Сигурни сте дека може кај бебиња?
Мене татко ми овие ми ги препорача за беба ако има потреба (орл лекар е) или капки за нос од диво оригано.
мамички бебе е 6 недели и каките му се кашести -буквално како хип каша. Не какаше 2 дена и вчера беше каша , денес еве еднаш се искака и пак е каша. Инаку сме на доење само . Нема онакви жолти зрнца како што имаше порано . Има ли место за паника ? Инаку бојата е жолта баш како сенф.
Мами пред два дена направивме 4 месеци и почнав да не си го ппзнавам детето. Веќе некое време преку ден се послабо цица, се врте, се тегне,кенка. Ајде тоа му ја фатив финтата од некња се доиме во тишина, со галење без телевозор, без зборење. Ама навечер е ужас. Почна да станува на секој саат најмногу два. Некогаш заспива пак а некпгаш несака, си седе, си гуга, се смее. Детето до пред 1 недела ми спиеше по цела ноќ. Стануваше само накај 5 сабајле. Во количка исто пред повеќе од една недела неќе за жива глава да се вози. Пробав и со корпа и со транспортер и вака и така буквално како на игли да го ставам вришти сака у раце. Еве последните два дена њ посебно неподнослив. Од никаде кога ќе рикне без никаква причона неможам ни јас да го смирам. Неможам да го оставам сам, неможам да го легнам цело време сака у раце. Дајте мајки некој совет незнам што ќе правам со бебево мое ми се мења преку нок.
Оди во темата скок во развој прочитај скоро сите на 4 м исто не снајде па се жалевме хехе Исто на гугл прочитај за 4 months sleep regression
Истото го поминавме и ние. Исто од тогаш во количка нема шанси, а пред тоа си уживаше, само во транспортер ја возам веќе. Почекај ќе помине, ќе почне да спие навечер. Тешко е сите се жалевме, битно се тоа е нормално. Ги фаќаат будалите и со јадењето, ја нерви искинав, пробај додека е поспана да ја доиш, ја така успевав да протнам да испие некое шише повеќе
Мамички има ли некоја искуство бебево секој ден по 2-3 пати ми ика, додека ика целото се тресе. Прашањето ми беше со што им го смирувате икањето? Вода не ни помага.
@melani@ дај му со лажиче неколку капки лимон, одма ќе преика. Или дај му да пивне водичка во која имаш капнато малку сок од лимон, ако не сакаш чист да дадеш. Инаку, ако е мало бебето, нормално е многу да ика, мојата икаше ми се чини постојано и многу ме нервираше тоа. Како расте ќе поминува
22 дена имаме, ми кажаа за лимон ама викам да прашам некој искусен сепак е мало да не згрешам, од кој возраст му даваше лимон?
@melani@ па не знам точно, ама од многу мала. Само по неколку капки. Ако ти е шубе чист лимон, дај на лажиче водичка (превриена) со две три капки
Никако лимон,вит Ц во него го надразнува желудникот и цревата.Моето исто ика по неколку пати во денот и му давам пак да цица малку млекце и му поминува.
Limonot ti e alergen, barem mene taka mi kazaa. Isto znam deka ako mu se dade navodno prestanyva da ika. Moeto ne prestanuvase od toa. Koga ke ikase mu davav pak sa cica i mu prestanuvase.
Женички хелп. Ние сме 10та недела. 3 дена се немаше искакано а претходно нема ден прескокнато. Е прееска со свеки со сапунче на газето и помогнавме да се искака и аче многу плачеше претходно од што ја болеше меше. Е сеа проблемот е шо почна навечер многу количински да цица и дали уште мешето ја боле и е нервозна, нервозно цица, не ми дава да зборам, се лути, мавечер на секој саат станува за циццање. Еве дури сеа јспеавме да се успиеме а 1 саатот мине. Совет од некоја шо имала искуство како моето