А зошто да нудиш? Ради грчеви ли? Некои 5зрна издроби ги и зовриј ги во 100мл вода, поклопи ѓезвето со тацна и нека седи така 10тина минути, процеди во шише и давај. По јадење најдобро, односно измеѓу две хранења да пивне некоја голтка, 2-3пати доволно е. Ако е ради грчеви кај мојов само термофор имаше ефект, чајчево и го одбиваше, нудев и со лажиче без успех, па јас пиев
Само термофор е мајката или топло на мешето, затоплена пеленка или пак едноставно стави ја твојата рака на мешето на бебе и држи ја. Вежби со ноџињата за да се испртка исто.. Јас како прекинав со капки му престанаа грчевите, не викам дека не помагаат, ама пробај некој ден и без нив, па следи. Давај и пробиотик, но ако даваш прекини и со него па види. Секако ако доиш внимавај и на твојата исхрана.
Давате витамини на бебињата? Ми се чини ги труеме децата, пробиотици, омеги, витамини, а здрави прави се.
На комбинирана исхрана е, му давам да цица па после адаптираното за да се дојаде.Во однос на мојата исхрана знам дека не треба да јадам грав, грашок, зелка, леќа, постои ли нешто друго што треба да го избегнувам?
Не, само Вигантол давам. Благо млеко, кафе, благо, газирано, цитрони.. Уствари ова беше препорака за првите месец дена, но потоа полека се да си јадам, ако не смета супер, што смета ќе се воздржиме.
Давам омега со д3 капсулите, некогаш и само вигантол. И вит ц капки за имунитет. Кога беше бебче ,неколку месеци и пробиотик .
Пробиотик давав до 3 месеци сега вигантол и д3+омега, пиковит давам чат пат. @kukla21 каков витамин Ц даваш? Примате ли гости со деца што одат во градинка? Мене ми се најавија едни па глупо не глупо сакам да им речам без деца да дојдат.