За таа возраст одличен избор ти се глодалките и тропалките. Може и некоја подлога за играње, вакво нешто Ако купуваш во Џамбо, мој совет ти е да земеш некои од поквалитетните, а поскапи играчки - мислам дека имаат асортиман на Фишер-Прајс. Не за друго, пластиката е поквалитетна и помека, не се крши и нема остри рабови. Нема врска што е бебето толку малечко, ќе му се најде играчката, посебно оние што свират, сега во овој период ќе му бидат интересни.
Мамички ај ве молам за совет... Малава од вчера некако ми е настината, носето и е затнато, па како да и протекува од време на време а и поткашлува по малку. Утре требаше да идеме на вакцина, таа третата доза од ДиТеПер. Прашањето ми е, пошто нели детето треба да е здраво за да прими вакцина, нема да можеме да идеме утре. Како да ја пролонгирам вакцинава? Треба да се јавам во амбуланта, да отидам таму...или едноставно ништо да не направам, само да си одам наместо утре да речеме во понеделник... Инаку во Ј.Сандански ја вакцинираме. Фала ви на одговорите
ништо нема потреба да направиш,или да кажеш, ке си отидеш кога бебушка ке е здрава јас сите до една вакцини му ги одложив по некој ден, одев кога ке можев, и ништо не ми рекоа а и сега имаме една кај 4-5 август ама и таа ке го однесам да ја прими покасно
и мојава е настината,поткашлува а и носето и протекува,ми крена и температура,утре ги чекам рез.од брис па ке видиме штое,силк ние касниме веќе 3 месеци со вакцините и никој не ме бара,јас намерно ги одложувам
Fala devojki. Lele Anata što e ova,site nastinati se... Da vi pomine brzo I rezultatite od brisot da vi bidat dobri...I backi do srceto... Izvinete za latinicava,od mob.pisuvam
силк и вас нека ви мине со лесно,ја прегледаа малата пак и нема ништо,само носето,може се и заби,ичне ми се даваат антибиотици,ке почекаме до утре
Силк и Стефан јас го вакцинирам во Јане денес ние требаше да ја примиме третата доза, јас се јавив и ми рекоа не е проблем да се одложи некое време, дека и моето беше настинато, додуша оздраве ама ќе си почекам до другата недела
Силк, кога сакаш можеш да ја однесеш, не треба закажување, јас баш прашував за втората доза ми рекоа треба да помине минимум 40 дена од вакцина до вакцина (помеѓу овие што се ДиТеПер, полио и ХИБ), а може да се пролонгира и подолг период. Совет - и откако ќе оздрави почекај уште две недели да поминат. Мојата треба да прими трета доза на почеток на Август, ама се мислам да ја одложам до септември, да поминат горештините.
Фала на прашање...ама не сме подобри. Како затка да има...посебно на спиење и на пиење млекце и се осеќа како и крчи. Ама па кога е будна кива по 100 пати па мислам дека на тој начин и ќе се прочисти. И ставам спрејче Марисол, па мислам дека има каков-таков ефект. Вие како сте со малото, затнато ли е уште? Јас се сложувам со тебе дека нетреба одма да се почнува со антибиотици. Прво вака да си пробаме. И мило ми е што резултатите ви се добри,значи дека е обична настинка во прашање. Цмокче
И јас му ставав марисол, ама само што ќе ставев за минута две со пумпица влечев и тоа доста му помагаше на малиот... и моето беше болно ни рекоа вироза од 7-10 дена траело и само вит Ц капки му давав, влечев од носето и толку за 10 дена оздравевме
Незнам мене не ми изгледаат дека Марисол се јаки, мислам може се,не сум ставила на мене .Ама па гледам ефекти, одма што вика Мравче почнуваат да искачаат мрсулчиња. Само што со триста маки успевам и да шприцнам од спрејов и да шмркнам после со пумпицата. Многу плаче...
Кога малиот мој е мрсулав, јас му ставам капки Ефедрин по препорака на нашата матична д-рка. Ефектот е ист како оперил капките за поголеми деца...по 2 капки во секоја ноздрва 3 пати на ден. Носето престанува да тече за три дена. Всушност капките ги засируваат (неможам да најдам друг посоодветен збор ) мрсулчињата и спречуваат да се спуштат надолу кон грлото и плуќата и така се спречува настинката да се спушти на плуќа. Инаку и јас имам дома марисол, носал, аквамарин и се` др. за чистење нос на бебиња (бетер од аптека сум ) ама ефедринот ми се на прво место по ефикасност.
Нашето патешествие со настинката,затнатото носе и проливчето заврши многу убаво. Со две запчињаааааа одеднаш Ептен се израдувавме денес, и одма ни поминаа сите лажни симптоми на настинка. Пред два месеци имаше ,,лажна тревога,, за запче,ама испадна дека не било запче тоа.Е сега дефинитивно си имаме, и тоа две
честитки сите да ви бидат бисерни аа уште ние немаме запчиња изгеледа, сите врсници од фемина имаат запчиња, ехеххе ама може ке е на мама , мене на речеси 2 г ми почнале да ми излегуваат заби