Може грешам ама ај ќе си кажам. Јас мислам дека удел во осетливоста на син ми имам и јас. прво беше премногу ладно зимо и не го носев по гости. Ама баш ич! надвор на отворено да ама на гости еднаш за 40 дена и толку. до пролетта имаше 6 месеци. .. пак не го носев зашо надвор беше супер за дружење. Е хоророт почна кога почна во градинка. .. лонг стори шорт поарно мешај од бебе.
Малиот две вечери со ред во спиење ми поврати ептен обилно. Наранет во 23 часот, а кај 3 се случи нештово. Значи време му беше за ново шише. Нормално е вакво нешто да се случи?
Мајки беба почна поручеква да ми поткашлуват сува кашлица а цел ден и течи носето и ставам капки и влечам колку можам...дали има некој иљач превентивно за кашлицава...инаку беба е 5 и пол месеци
Хахаха, чика е во право, добра дезинфекција направил Нема иљач за тоа кај бебе. Само продолжи да ставаш капки и вадиш мрсули, кашлањето е ради тоа што ѝ се слива во грлото.
Мајки бебче ми е 5,5 месеци, утрово постојано плачеше и само во раце се смируваше, качи и темп 38.3.Бевме на лекар ми рекоа сируп далерон на 5 саати, после сирупот се опоравува, весел е, но темп не паѓа под 38.Некој совет да ми дадете или од искуство што ми препорачувате друго да направам.Сега и со млака вода ќе го измијам на телото
Измиј го со млака вода, но не му ја топи главата на бебе, значи само туширај. Можеш разреден оцет на чорапчиња да ставиш да ги поноси, но реално не е нешто висока и не кревај паника и ако не се лажам и сируп се дава ако е над 38,5.. Мој совет само туширај, мери често, следи и дозволи организмот сам да се избори, ќе спушти.. Со помин
Извини што се убацувам вака али колку мл му даде од шприцот и како? Туку како совет можеш белка и сенф да измешаш и да намачкаш на ноџињата, можеш вински оцет и никако мокрењЕ на главче. побрзо оздравување
5мл по совет од педијатар за таа возраст со шприцот од сирупот.Фалаа за советите и утехата.Дека иде ноќ па повеќе се паничам.
Офф јас колку се нервирам од такви неодговорни. Пред некое време, детето на јатрвата моја болно со тт, кашлица со шлајмови и дозволи да и се приближи на ќерка ми таков, и дуваше буквално во лице. Епа значи и реков, страшно се изритирав. И после два дена ќерка ми со тт. Не велам не,може ми е понежно детево, ама се изритирав од нејзиниот однос што не ме ни праша дали може болен да си игра со неа и да ја фаќа насекаде (а плус претходно само што завршивме со антибиотикот, и пак после тоа, значи во два месеца два пати терапија), неговите раце беа во уста, и после неа ја фаќапше по лице. А кога е здрав никаде бе ја нема. Глупача.
Мене 2.5 мл 5м е бебе ама други се ознакиве на шприцот не се снајдов баш. Не сум дала досега.. убаво му е нека си стои неотворен ишала Јас давам д3+омега од полн 3 месец. Епа тоа ми е муабетот за туѓ мерак моето бебе да пати. епа не може !Ама едноставно некој луѓе не се замараат.
Добро утро чупиња Бебка ми е еден месец и 2 дена и сме исклучиво на доење. Е сега бебка се нема искакано од петокот вечерта од 9 Читав по форумот дека е нормално тоа, дека се случува и по повеќе денови да какаат кога се само на доење. Ама бебка веќе си има мака, се витка цела, се вцрвува во лиценцето, потптднува цело време. Му дадов и чајче од ким, пред тоа чајче Бекутан и ноќва многу беше кемкава, па на чепкалка за уши ставив павловичева и стимулирав кај газето. И пак ништо За колку време има реакција од то?? И секој совет е добредојден, само да се искака....
Не пикај ништо во газето, можел памукот од стапчето да остане внатре. Мене ова повеќе на грчеви ми личи. Топло и масажа на мешето, без стискање, во правец на стрелките на часовникот. Ќе се искака.