Не, не ја пикнав чепкалката внатре, само онака поминав надворешно со поќе павловичева. Правев масажи и вчера, ќе продолжам и денес, ќе ставам и топли тетри. И јас денес ќе бидам само на супа и јогурт, можи и тоа ќе и поможи. Фала ти премногу на советот
Здраво на сите имам едно прашање бебушот ми има две недели по колку часа дневно е нормално спиење и колку треба да биде будно
Имаме 6 месеци. Почна запчето да гребе,денес и вакцинација имавме ама имаме пролив и тоа златна боја дали е од заб или ?
Течна столица е тоа. Не е пролив. Пролив е над 10 столици. Веројатно од забите, поради зголемено лачење на плунка, се разводнува каката. Давај два пати во ден пробиотик. Ќе се среди.
Дали пиевте нешто против температура која се јавува при воспоставување на лактација. На болница ми даваа неш во инфузија а сега ми е страв да се напијам било што. Плус болките од царскиот и од кичмата не се трпи.
Ве молам за совет 12 дена сме се до вчера пиеше млеко на секој 3-4 часа по 70мл на ад млеко сме денеска на секој час најмногу 2 бара да пие несакам да му дадам ама премногу плаче еве сега го оставив на 2 часа и пие по 40мл ми поврати како грутка можно е да е прејаден или да не му го вари желудничето млекото
Како што кажа @duffi тоа е течна столица, а не пролив. Пролив ако зачестено кака во рок од еден час. Од забите, а можеби и од дохраната, ако сте почнале со цврста храна, па даваш некоја намирница што така делува. Можеш и бруфен да пиеш. Не значи дека е гладно на два часа, можеби има грчеви, можеби само сака да се гушкате, си сака сигурност, мало е уште.
Зошто би пиела ако немаш температура, не се јавува кај сите, впрочем ретко е, тоа ако имаш мастит. За болките слободно пиј бруфен.