Јас пиев само ибупрофен и ме смируваа а за кичмата ќе те боли менр дури и ми се укочува кога сум наведната
Здраво мајки јас да ве прашам за искуство. Малата ми е 3 ипол месеци има мн бела проѕирна кожичка. До сега фала богу не сме имале проблем само од болница ми препорачаа да не ја бањам секој ден бидејќи имала сува кожичка. Е сега приметив сабајлево имаше црвенило само на едниот образ и малку на челото. Вчера после бањање намачкав прв пат на лице мустела крема за лице зашто приметив и беше суво ептен и рапавко дури и ко перутање да имаше малце. Ама па намачкав на цело лице крема ако би имало од тоа реакција би требало на цело лице да има. А истото млеко за тело мустела од истата линија го користам од рагање. И се јавив на матичната рече може црвенилото било од сува кожа и да мачкам крем за сува кожа. Имал некој искуство?? Малце се испаничив па сакам да прочитам совет и искуства еве слика вака беше кога стана сега е посмирено. Сакав да земам денес крем од мустела ама со колд ефект што е за лице
Мамички помош! Бебе е 4 и пол месеци, пред 1 недела извади прво запче, втората единичка е исто подбелена ама уште не е пробиена, не боцка. Првото запче го извади без некој сериозни симптоми, ама овие два дена пукнав! Плаче хистерично, како што се смее наеднаш прави фаца за плачење и вреска, се смирува малку и пак исто. Вчера ми качи температура 38.3 па сама му спушти, синоќа спиеше колку толку и сабајле во 6 пак вриштење, му ставив чепче затоа што почна да се ужештува и за малку да го смири. Заспа, стана весел и среќен и после одеднаш се смени и пак вриштење. Се успа до аспиратор, го чекам да стане и на доктор. Можно ли е ова да е само од забите? Сте имале ли слично искуство?
Да не сте ја допреле до вас поготово од џемпер моево се вцрвенуваше ептен, држење обавезно со тетра и да не се бакнува.
Не од спиење вака стана еве сега и е каде каде посмирено ама пак р црвенко. Гледам од вчера и е мн сува кожичката па сакав со мустела колд да почнам.. плус и почна да се лигави многу..
Можно е да е само од забите. Кога е многу вознемирен и плаче можете да му дадете Далерон сирупче да му смири болка, чепчиња само во случај на многу висока температура.
Од лигавење не верувам да е ова, толку горе на обравчето нема лиги сигурно Од топлото да не и е? Јас ја мачкам мојата со Мустела крем, тоа што се перутеше го снема, нема ни црвенило веќе (само меѓу веѓите имаше) и кожата и е многу мазна, претходно рапава и беше. Не верувам реакција да е на Мустела .. Најблаг состав имаат.
Само што си дојдовме од лекар, покачени леукоцити 18, добивме сируп алмацин.Ми рекоа дека имал некоја инфекција. Инаку @Kitten далерон не сака да пие, веднаш добива нагон за повраќање, чепчето го дадов по препорака на доктор, моја блиска. Што мислите за антибиотиков, да го давам ли, да барам ли нешто друго да се испита?
Ушите и грлото да ги ѕирнат, ако не го прегледале темелно, барем мало бебе е полесно. Има нешто штом толку се леукоцитите, ако не се лажам, горна граница е 15.
Јави се на лекар тогаш, операција си правена нека те видат, може и од градите да е, парацетамол смееш да пиеш не смета на доењето.
Ушиња прегледани, грло исто, преслушан на гради, се е добро. Само леукоцити покачени, црп е 48. Изгледа ќе мора антибиотиков, ама како ќе го пие не знам, штом ставам шприц или лажица во уста, добива нагон за повраќање.
А кажи ми, колку се гранулоцитите? Ако се и тие покачени, тогаш дефинитивно е некое жариште. Може и една уринокултура да направиш.
Вака пишува: Гранулоцити 9.10, а Гранулоцити (%) 65.5. Како да му земам урина на толку мало бебе? Читам имало некои кесички што се ставале на пилето. А и педијатаров не ми е некој ептен засегнат, па не ми рече ништо за урина, ама ако треба ќе барам на мое инсистирање.
Покачени се. Значи има некоја инфекција, штом нема ништо на гради, грло, уво, тогаш да се види урината... ќе купиш ќесичка за урина во аптека, ќе му ја залепиш како што пишува на упатството (полесно е кај машки). Отприлика знаеш кое време мочка, па да ја залепиш тогаш, да не стои долго. Можеш сама да ја однесеш во некоја приватна лабораторија, само да не е повеќе од два часа откако си ја извадила. Ама ова пред да дадеш Алмацин. Евентуално брисеви од нос, грло... Инаку, јас би давала антибиотик, сепак има нешто, крвната слика си покажува. Башка е мало бебе.
Ти благодарам @Annath за исцрпниот одговор. Се уштр не сум му дала сируп, ќе пробам утре сабајле да му земам урина па да ја однесам на испитување, па после да почнам со сирупот. Ќе си пукнам, раат да се нема, излечи едно па друго ќе никне
Мајки 3 недели сме од минатата недела патронажната сестра ми рече да давам d3 + k1 и и ги давам,ама кога прочитав упатство пишува само за доенчиња,а јас и ја дојам и сме со дохрана..да продолжам ли да ги давам или да барам совет од педијатар?
Уште додека лежев кренав точно дента кога почнав да имам млеко и ми рекоа дека е од тоа. Најчесто после подој со намалува.