И ние сме така јас му давав, една другарка само на ад се и ги препиша педијатар тие до 3 месеци се даваат мислам дека нема врска на каква храна е бебе.
Слободно можеш да се напиеш парацетамол.. Исто и јас, два дена после царски кренав температура. Тоа е од надоаѓањето на млекото. Не беше некоја висока околу 38 ми беше но неколку дена константно ја имав. Сестрите сами на 6 саати ми даваа парацетамол Можно ли е едно шише ад млеко од 150мл да го пиеме цел саат? Го поминавме скокот во третиот месец, се се врати во нормала само ова ни остана (за спомен од скокот) ... И ставам шише во уста, две голтки и почнува да си игра со цуцлата, си ја врти низ уста, си ја гризе, а не и текнува дека треба да влече пробав со друго шише, пробав да ја оставам убаво да изгладни - абер нема за млеко... Матичната рече да почекаме уште две-три недели па да почнеме со воведување на цврста храна.. Ако јаде и тогаш вака како сега ќе ми поминуваат деновите со шишето и лажичката во рака
Можно е, малиов мој ги спои 2та скока (3 и 4), страшно беше скоро 2 месеца, или џвакање џуцла или пискање, на спиење млеко му давав. Сега бар убаво го пие млекото, а со кашички да не зборам по 45мин хранење беше, сега смалено на 30, и тоа макс 150гр.
Само физиолошки ставај и не влечи со пумпица. Со чепкалка со напречник или ќе се искива и само ќе падне. Мојот 8+ , уште го пие по цел саат, 45 мин. И пак не го испива. Да да за успомен од скокот. За цврста храна чекав 5+. Да не ми правеше вакви проблеми со млекото, ќе почекав и до 6м.
Кај мене бебе се мачеше една недела оти педијатарот ми рече никако да не и го чистам носето,одвај дишеше(исто како нас кога ни е затнат носот)и на крај отидовме во аптека со мм и аптекарката ни препорача капки,солени капки(не се солени стварно) по две ставам и чистам со пумпица од тие ти што влечеш,не со вакум..бебе се прероди мислам иначе одвај јадеше,одвај спиеше скроз и беше затнато..
И јас на две недели прв пат го чистев,сега сме три недели и продолжив така да го чистам кога ќе е затнато..
@lavica82 Посебни чепкалки се за бебе, со попречник се, ги има на повеќе фирми. Јас на Бекутан ги користам,овие се
Чепкалките се тие кои ги постираше Шанел. Јас со аспираторче на бебе не сум влечела и не би ако нема секрет. Многу лесно може да му пукнеш капиларче и еве ти бељја. Бебињата хрчат, се чистат од плодовата вода. Не се затнати. Стави ја да спие на подигнато под душечето. Стави и кромид до креветчето ако има мака ќе ја опушти. Други мерки само по совет од педијатар
Мене на контрола кога бебе имаше 1 месец, докторката ми кажа секојдневно синомарин или физиолошки раствор во носето по неколку капки, а ако осетам да крчка може и пумпица. Од тогаш влечам секој ден. Сега во последно време дека поголем, се буни, не дава, уште кога ќе ја види пумпицата со рацете го крие носот, па со живи маки некако вадиме по некое мрсулче.
Исто како мојот а види пумпица се трзе со главата правејќи нее и вришти. Сигурно коа ќе потпораснат нема да прават како сега што прават.
Ама не влечете со пумпица на секое... само кога тече нос, значи да течат мрсули, кога не знае да го исекне. А не на суво, за да ги извадите сувите, сами ќе си излезат со тоа што ќе ставите синомарин или што и да ставате. Ќе им направите белја на децата, ќе ја надразните слузницата, ќе пукнете капилари и подоцна проблеми со синусите.
Јас со пумпа влечам кога ќе осетам дека има заглавено мрсулче, не секој ден. Како помал му крчкаше носето, а сега веќе и сам покажува, дува ли дува со носето, па ставам синомарин и влечам. Ако и така не излезе, тогаш на бањање му излегува сигурно.
И кога има заглавено не се влече. Немој. Стриктно Цекиќ (орл специјалист) ми има потенцирано. Кај жена му ги носам децава. Влечење само кога има секрет кој тече, значи густи зелени/шолти/проѕирни мрсули кои слободно течат и не остануваат во носот и ништо повеќе од тоа. Се друго сам ќе си исфрли.
Ima vrska na pedijatar mi kazaa deka ako mi e samo na doenje bebe mora da davam i vitamin k bidejkki go nema vo majcino mleko. Ako si na ad samo togas nema potreba.
Мами некоја од вас да имала искуство со бактерија staphylococcus aureus во нос? Што сте давале и мнекое инфо. На резултати од брис од нос ја покажа