Да @Lejlaah , мојата така си писка од 4 месеци. Си го истражуваат гласот, затоа го прават тоа. Нека си вриска дете, не му се секирај. Мојава еве ја веќе 10 месеци, уште писка кога си игра и кога е среќна, кога се радува
уживај. ништо страшно не е тоа. уште не се " намонтирани" ни во глас ни во движења ни во искажување емоции.
majki bebinjata mi se 22 dena od koga se rodeni,mu davam d3+k1 babytol,na ednoto bebe denes dva pati sum dala a treba ednas,ima li steta nesto, panika me fati sega da ne mu e nwsto na bebe
Нема да биде ништо. Внимавај во иднина. Запишувај си, претпоставувам колку е хаотичен почетокот со близнаци.
Јас давам само витамин Д3 и некогаш ако не сум сигурна дека капнало во устето и давам уште една капка. Советот на ортопедот е дека пострашно е ако не се даде, и доколку не сме сигурни слободно да дадеме пак, бидејќи за да настане интоксикација со Д3 треба стварно многу голема концентрација да се внесе, што речиси е невозможно тоа да се случи токму со овој витамин.
Мајки помош... Синко скоро направи 40 дена а веќе качил 2 кила, што е мнооогу. Инаку сме само на доење, некогаш цица на саат време но најчесто на 2 - 2 ипол часа, навечер се буди само два пати, подојот најчесто трае 5 мин, максимум 10. Некогаш знам со цуцла да го зажалам да заспие (ретко) а некогаш со чај (превриени зрнца ким), но најчесто урла не се смирува дур не цица. Како да не го направам буцко
Поради стагнација дур беше во меше, последните недели малиот не качуваше на килажа. Затоа кога се роди како во ген да му е запишано дека треба да е покрупен, качи 1700 за еден месец. Во превод 2100 до 40 дена. Имаше предиспозиции за крупно бебе но поради моите здравствени проблеми ете, се роди 3 кг. И веднаш си надокнади потоа. Понатаму си качуваше по 1200 , 1000.. месечно, се до 6-7 месец. Јас мислам дека воопшто не е страшно тоа што е буце. Ни на крај на памет не би ти рекла намали подои, остави дете да јаде колку сака, не значи дека во иднина ќе е такво. И јас имав буце бебе а сега е сосема нормален. 2 год и 2 месеиц скоро и има 13 600.
Не оставај бебе гладно. Давај му колку сака нека си цица. Внука ми беше таква. Во првите 6 месеци одеше над сите линии на раст. Качуваше многу. Потоа се смени. Па имаше период кога уста не отвараше за јадење околу година дена. Сега си е сосема во ред. Син ми исто беше буцко некаде кај 7-8 месеци качи кило во еден месец кога му воведов втро цврст оброк па и докторката рече ако можеш давај помалку храна. Е па јок, сакаше да јаде. Откако прооде на 11 месеци се почна да му се топи. Сега на скоро 3 години има 13 кила и околу 700 грама.
Нема опасност од гојазност кога сте само на доење. Нека цица бебе кога сака и колку сака, на тој начин си напредува по природен тек.
Да прашам прво тука, за тие што сте од Скопје... Бсг вакцината не ни е примена, и не ја ставаат кај мене во диспанзерот од амбулантата. Ми рекоа опција е во родилиштата, Чаир или Ремедика да се обратам. Има ли некоја искуство да примала накнадно вакцина во некое од родилиштава? Дали е дозволено да се носат бебиња од "надвор"?
Една другарка се породи во чаир,но не ја прими бебе таму вакцината го однесе во амбулантата во ѓорче го боцнаа таму. Можеш таму да отидеш
Во ремедика не верувам да можеш да ја носиш. Ама прашај. Таа се става само во родилишта. Моиве и двајцата накнадно ја примија
Бсг ставаат во Ѓорче во амбуланта ама не секој ден, имаат денови кога ја ставаат. Прашај дали може да одиш таму. @Kitten Едит: Еве ти број - 022031022
Фала женски. Нас нѐ пратија еднаш во Ченто (реонски демек) но докторката ни "најде" еден куп дојагнози, на двонеделно новороденче, се извадивме од памет! Им кажавме на овие од нашава амбуланта дека таму повеќе не одиме. Тие и ни сугерираа за Ремедика или Чаир, но веројатно ќе мора да се јавувам да прашам. За Ѓорче не верувам дека ќе нѐ примат (но ќе се јавам да прашам) зашто во Јане Сандански нѐ откачија- не сме биле во нивниот реон
Можно е попладне да се лигави повеќе? И ако да, зошто? Премногу лиги се ова. Пунам машина само од лигавчиња.