јави се и во автокоманда. Во ченто кај радмила бевте? Можно е. мојов навечер највеќе се лигавеше кога вадеше заби.
Мојава се лигави од 2м, по цел ден, сега сме речиси 6м, немаме сеуште запчиња. Мислам дека уште долго нема да имаме, жлебинката и е нормална, ни отечена, ни тврда. И мене ме нервираат тие лигарници, постојано сме со нив, само ги перам, сушам.
Иста ситуација. Ние сме 3 и пол, не верувам да се заби. Ма да процесот можда почнува и ќе си трае... Дур да видиме заб. Мислам дека и непропустлививе лигавчиња ќе пропуштат.
@LiliBoz во Автокоманда и вакцинираме, тука не ја ставаат. Појма неам дали се вика Радмила, да ѕирнам на картончето што удрила печат па ќе ти пишам..
Радмила е солиден педијатар. Затоа те прашав. Автокоманда во четврток мислам само боцкаат. Ако не добиеш на тел кажи ќе тркнам ако не си во маало па ќе прашам. За погоре што спомна некоја мајка од 2 месец лигавење. Тогаш почнува орална фаза. А кога забче ќе излезе е знак прашалник. мојот од 2 месеци се лигавеше а прв заб на 11 месеци. беше прооден па доби заб.
дали е норнорма, бебе од 6м,да спие од 2ри месец пс до сега по 30мин до 1час дневно, при тоа да спие по некаде 7 8 часа ноќе
Не била таа, некоја Виолета Симјановска- доктор по општа медицина. Во Ак се понеделник и петок, во Ченто се во четврток. А и таа Радмила е во диспанзерот за вакцинација? Во тој случај ако можеш да дознаеш која докторка е кога би ти биле пре преблагодарна
Да, можам да дознаам која ќе е во диспанзер, само не верувам да е она зашто кај неа е хаос. не прима веќе дечиња го има врвот во квота достигнато. За жал ќе мора понеделник да се јавам сега веќе е доцна и не можам ништо.. али ќе ти кажам до 10 наутро што и како е.
Не знам кај да го поставам прашањево, може слободно да се премести во соодветна тема. Ме интересира за приватните градинки дали знаете колку се плаќа месечно. И кои се приватни градинки и каде ги има во населбиве?