Баш ќе го ѕирнам што има во состав различно од старото Чоколино. И на старото пишува 8+ месеци, што значи го препорачуваат за бебе.
Девојки малото ми е 11 недели и до петокот секој ден какаше по 3/4 пати. Од петокот до понеделникот вечер не се имаше искакано. Вака изгледа најнормално ама цело време пртка. Пред 14 дена педијатарот матичен ни рече да ги прекинеме биогаја капките ако нема грчеви. Се мислам да не му е од тоа што престанав да му ги давам. До кога им дававте вие од капкиве Биогаја или некој друг пробиотик? Што правите кога имаат запек? Другаркиве со бебиња сите ми кажаа дека е нормално да се случува ама до колку дена не е алармантно?
Јас не давам никаков пробиотик. На почетокот давав БиоГаја ама ги прекинав. Немаше какано 7 дена додека давав пробиотик. И не какаше редовно. Кога прекинав се стабилизираше и си кака редовно. Ден нема скокнато. Може не е поврзано, може така се погодило. Пробиотик ќе давам само деновите околу вакцина и во случај на не дај Боже некој вирус. Вака на здраво право, ништо не давам освен Д3 за коските.
Ако е на доење, нема гајле да не кака до 7 дена...ако е на АД незнам стварно...прајте масажа со ноџињата како точак да возит
4+, 5 течни столици вчера и премногу лачење плунка, дури се дави во сон од неа, дали значи дека можам забче да очекувам или па не?
Пијај компот од сливи и јогурт. Пробај топла пелена на меше да му ставиш и масажа со ноџињата да се испрдит. Не се плаши, доените деца може до 7 дена да не какаат. Ама да му олесниш пробај
Што е течна столица кај бебе што е само на доење? @Lavica2016 ништо не дадов, на 8миот ден се искака.
Не успеав да најдам соодветна тема па морам тука да пишам. Бебушка скоро е 1месец ама мн се штрекнува во спиење дури и знае да вришти во сон. Па дали може бебе кое нема 40 дена и не е крстено да се носи на бајачка.