10 дена давам, па пауза од месец дена, после пак 10 дена, по потреба продолжувам. И кај големиот и кај малиот вака, и јас пијам доста често.
Јас од раѓање па до сега скоро 10 месеци е, секој ден давам пробиотик Биогаја по 5 капки на ден, по препорака на педијатар. @Annath треба ли да се прави пауза со пробиотикот? Ја се си викам ај уште ова шишенце и толку, ама никако да прекинам.
@BoaVista и јас исто како тебе, секој ден давам откако е родена. На последниот преглед кај Палчевска (инаку претходно Симонида не водеше), рече откако ќе го завршам ова шишенце да направиме пауза од месец-два, па после пак да даваме, но по потреба, не секој ден. Симонида претходно неколку пати ја имам прашувано, секогаш ми викаше нема потреба да се прекинува Биогајата, убаво е да се дава секој ден. И сега не знам дали да ги прекинам, што да правам Се мислам да истерам до година и да ги баталам.
Препорачливо е. Прво велеа дека треба постојано без прекин да се дава, ама сега читам дека не треба да се претерува. Ама генерално, и јас сум на тој став за било што. Умереност во се, па така и со давање пробиотик.
Нас Симонида после три месеци ни рече нема потреба веќе од Колиеф, а Биогаја ќе си продолжите до година, пожелно е. И јас од тогаш не ни прашав, само давам. И се си викам ај уште ова шишенце, ама де на одмор ќе тргнеме, де треба да се вакцинираме и никако да се наканам да прекинам. А Симонида веќе на породилно е? Ќе мора да закажам сега кај некој друг, а баш на Симонида се навикнав и многу ми се наоѓаше и на вибер секогаш да врати и кога ќе и звонам да се јави. Јас се мислам за кај Фидановски да закажам за нареден преглед.
@BoaVista да, веќе е породена Симонида. Ние кај Палчевска одиме сега и ок е, задоволна сум. За неа се решив пошто имаме и претходно еднаш отидено кај неа и ми се виде ок, башка што го води на другарка ми малиот и она е презадоволна, па викам ајде. Фидановски додека лежев после пораѓај се погоди неколку пати да е дежурен и доаѓаше цело време, опширно ми објаснуваше за бебе како е, што е, супер човече, многу фин впечаток ми остави. Генерално мислам дека сите се ок во Систина, нема да згрешиш кај и да го носиш малиот Инаку, ќе давам јас Биогаја до година, односно уште едно шишенце и толку, така решив
Мислам дека моето бебе има пролив ама само мислам бидејќи до пред недела дена вака си одеше постојано. Од сабајле до сега 3 пати цела лом се прави. Бојата си е нормална како сенф жолта. Бебе е старо 5 недели. Не знам дали да паничам да ја носам на педијатар и да ризикувам и некој грип да закачи или да почекам да видам како ќе биди. Инаку бебе нормално си јади си спие и весело си е.
Тоа беше така до пред недела дена па се намали на 2 до 3 пати и после прочитав дека после 1 мес се намалува бр на столици а еве денес пак како порано кака и се загрижив затоа.
Моите најмалце по 6 пати дневно какаа. До кај три месеци сигурно. Големиот дури и кога почна со цврста храна какаше често, по 5-6 пати дневно. Супер е тоа, ама газето си знае, затоа редовно менувај пелена.
Мојата е "паметна" штом го отворам памперсот да го сменам тогаш се кака. Денеска три памперси едно подруго ми ги искака уште не сменети. Фала ви на сите за споделеното искуство ми олесна малце. Се обидувам да ја префрлам само на доење и секоја промена ме загрижива. Ако не кака зошто не кака гладна е ако кака па зошто кака да не има проблем. А вистина денес не плаче од грчеви.
Изгледа и ние нова рутина стекнуваме. Еве и дунде прво кака па пишти како заклана за цице. Само нз кај наоѓа толку матртијал кога мислам ич дека не јади.
Мајки незнам дали е соодветна тема за пишување но сигурно и вие знаете па ќе ми дадете одговор Веќе 3 недели се мачам со брадавиците Ја дојам со силикони но беља невидена се местат многу бебе плаче се нервира неможам да ја дојам како што треба па и давам ад бидејќи неможе да се смири сака да пие а јас неможам со тие брадавици не фаќа купив една мала пумпа ама не помага ништо незнам веќе со што да пробам многу мие криво и жал за бебето баш сакам да ја дојам ама многу се повлечени