Мамички, денес бевме на педијатар, прв пат, после една недела од кога се родивме. Толку многу се изнервирав, др ме извади од такт. Мн беше арогантна, се налути кога и кажав дека користам прашоче за папчето, и ништо не ми кажа околу бебе. Извештајот колку што можам да го прочитам (не сум медицинско лице) ок е. Е сега сакав да прашам за тежината. Од кога сме излезени до сега 130 грама има плус, ок е тоа или не!?
До 14ти ден од раѓање треба мин да ја има вратено родилната. Првата недела најмалку ставаат дека сеуште и спуштаат, зависи и колку дена сте биле во болница. Колку точно има бебето?
Денес 8 ден. Неделава се боревме со жолтица, спиеше многу, сеуште немаме земено ред со цицање на 2 саати. Не знам дали тоа има влијание
Морам!! Ми се напна ептен, вика еве ти пишува на картончето што се користи, читај!!! И тоа со висок тон, човече
Ај здраво, да ви се приклучам во темава и јас Бебо е 5 дена, уште сме во болница заради покачено црп и жолтица. Утре докторката ќе ни каже кога ќе не пуштат. Денеска е подобар со цицањето, влечеше од двете гради. Мачно ми е оти цело време спие, ради жолтицата ваљда е така успиен? Да ве прашам, откако ќе не пуштат, кога се оди прв пат на педијатар? Дали да го мачкам со Јекодерм дома на секое капење? Дали да го мачкам со Павловичева на секое менување памперс? Какво вештачко млеко користите за дохрана, да купам? Само навечер му се дава од тоа, во шише нели? Имам рачна пумпа на Медела, денес ја искористив за да се одмолзам па со шприц после му го дадоа тоа млеко нему. Многу се плашам кога ќе не пуштат дома дали ќе е најаден доволно, како ќе знам дали му е доста бидејќи ми се успива на града нон стоп? Го кубам над уво, го штипкам и тешко ми оди будењето. Колку одмолзено млеко е доволно за еден оброк? А колку вештачко? Извинете за многуте прашања ама ништо не знам, и се плашам дали ќе знам да се снајдам со се.
Ехе супер сте, знаат да намалуваат и до 3,4ти ден од раѓање, значи како за 3,4 дена да ставило 100гр. 25-40гр мин дневно треба да качува понатака. Мојава се минимум 25гр качуваше 600-700 месечно, и тоа со ад плус.. Битно да качува и да не стагнира или намалува. Синчето 4ти од испис беше 4300,4400 роден. А малава 3800 родена, 3630 испис на 6ти ден, значи првата недела си намалуваат. Битно ти е сега понатака како ке качува.
Нека е живо и здраво и к'сметлија. Од жолтицата спијат многу, ама убаво е што повеќе на града, побрзо ќе му поминит. Ако си цицат немат потреба од дохрана, ќе си пиеш чај за доилки и мн течности. Знам дека тешко ќе ти е, ама пробај да останиш позитивна и потисни го стравот. Мајчинскиот инстикт ќе ти работит 100 на саат ич да не се секираш. Нормално е да заспива на града. Плус мало му е желудничето. Лека по лека ќе си го научиш како и што требит.
Те читав, брзо ти надојде млеко и верувам нема да имате проблеми, така што немој да земаш АД за да не паднеш во искушение да дадеш. Ако пак веќе решиш, давај обавезно со шприц, со шише не, после ќе стане нервозен кога ќе треба да влече од града. За жолтицата најмногу помага доењето, ќе ти спие, ќе биде мрзеливо, ама ќе го будиш, мора да цица за да се исчисти. За мачкањето што прашуваш, немој да мачкаш јекодерм, нема потреба, многу е мрсен, ги затвора порите и кожата не може да дише. За почеток не го мачкај ништо по телото, после ако приметиш многу сува кожа или егземи можеш да мачкаш. Инаку, колку помалку хемија толку подобро. И павловичева немој на секое менување на памперс. 2 пати дневно најмногу, понатака ќе намалиш. За кога ќе има црвенило ќе ти треба крема со цинк оксид. На педијатар обично одат после првата недела од испуштање. Ама ќе се осигураш да одиш во термин кога ќе нема многу гужва, зашто е сезона на вируси и не е добро да чекате во полна чекална. Синко се роди на 21 декември и на прва контрола го однесов дури откако наполни 1 месец, бидејќи не ми се носеше по ординации од тие причини.
Здраво Прво честитки!!! Ние отидовме првпат на педијатар после 40 дена. За да измериме килажа. Само со бебешко шампонче бањав. Мачкам павл после секој памперс. Незнам за поинаку Ако ти речат од болница ко ќе те пуштат дека нема потреба од дохрана..тогаш само со мајчино. И моето бебе многу тешко цицаше на почетокот и само спиеше и го кубев и го штипев ама џабе. Само спиеше и забораваше да трга. Ама цело време го нудев за да се осигурам дека нема да огладни хаха.. Инаку пред самото пуштање од болница добив 40мл подој се пред тоа беше 10мл..15 мл.. ама после 1 недела градите пукаа па морав да носам влошки за гради Знај дека само ќе ти спие и ќе се мачиш да го разбудиш ама залудно... е после нема да можиш да го заспијаш. Баш ко јас вечерва..до сега се моткав! А еднаш на килажа во 3 месец мислам крена само 500 или 400г. И докторот одма ми рече дохрана..ама не го послушав благодарение на мајките од форумов. Со само давање вештачко ќе се намалува твоето млеко. Затоа нуди цицање на секое плачење
@happygirl Честитки! Ако можеш да набавиш од Грција/Бугарија (незнам дали има во МК) земи си sudocrem.
Има кај нас судокрем. Јас до денес мачкав паволичева, но педијатарот ми ја предложи судокрем. Ја земав од Зегин 125гр кутивче, не знам колку пари беше