Вакви слични и дадов пред некој ден. 6 ипоч месеци има. Повеќе трошки прави него што ги јаде ама ајде.
Ајде се надевам ќе се средиме првично со жолтицата, па после ѕоа и со редот за доење. Колку време трае жолтица кај бебе? Исто сакав да прашам дали наредна недела морам повторно да го носам бебко на контрола!? Ми пишала контрола по 1 недела, заради жолтицата сигурно. Па не ми се носи толку мало дете секоја недела по амбуланти
@Lolipop23 Јас не знам секогаш да му ја ставам брадавицата во уста за да ја повлече. Не знам како да ви објаснам, му излегува од устето и не цица. Некогаш ми успева, не знам до што е. А какво АД ми препорачувате и со каква вода го растварате? Ќе гледам да биде само на доење ама заради сигурност навечер би сакала да купам и вакво. И кој ќе ми каже распоред за вакцини ако не го однесам одма на педијатар? Оф колку многу стравови имам, како ли ќе се снаоѓам...
Ќе ти стигнуваат дома покани за вакцина откако ќе го пријавиш здравствено. Ќе ти доаѓа дома патронажна сестра, се' ќе ти каже, биди без грижи.
Не се секирај мајка, се ќе се научиш, сето тоа иде спонтано. Има многу корисни видеа на You Tube како правилно да го наместиш да цица. За вакцините ако си породена во својот град (мислам дека сме од исто место ) од породилиште ќе те пријават во диспанзерот и ќе ти стигне покана, ако си породена во друг град малку побавно им оди преносот на информации па ќе треба некој да трке до диспанзерот и да го пријави бебе.
Во Кавадарци се породив, тука сум и мажена Инаку да, од исто родно место сме Фала за сите совети, сигурно пак ќе прашувам нешто
Жолтицата кај секое бебе различно... Инаку ако ти рекле за една недела, за една недела носи го, за да видат дали доволно става. Мојава дека забушаваше ја носев на почетокот на 3-7 дена. Ако е успано ако треба одмолзувај плус и со шприц давај, плус нека цица. Штипкај за петата, мрдај му го брадичето додека цица, а ако некогаш е ептен успано и со водичка замивај го лиценцето.
Ако станува само со придржување за кревет, маса и слично, да, треба да му се дозволи. Се што може да прави само, е дозволено.
Не испуштија дома со -400 грама, 4400 се родивме, и страв ми е да не не ја достигни таа грамажа до наредна недела. Вчера и денес си цица подобро и поактивно од претходно, ваљда му поминува жолтицата. Се плашам да не ми речат за Ад, сакам само на природно да биде
Штом почнала да качува на тежина се е во ред, треба да ја врати за недела дена, ама и да не ја врати за малку не е ништо страшно. Рачунај тие минус 400 може не биле минимумот, може дома првите 2 дена намалила уште, со оглед на тоа што е со жолтица, така да дојте се и многу не ја цепкајте до грамче, битно е да напредуваат, некое помалку, некое повеќе.
4400 и моето, баш лежев на клиника на 7ми ден поради проблем со папчето, и тогаш беше 4270, а не испуштија 4ти ден од Чаир со 4300, значи сеуште спуштал. После на 1м имаше 5200 некаде.. знам 900гр стави прв месец. 700-1200 се става првите месеци. Чим качил не се секирај, почесто на цице, не го оставај многу да спие, буди го на 2ч, а ако сака и порано од 2ч.
Нели бебе ако полни пелени добро се најало. Мојава денес какаше на секој подој. Дури еднаш лом ме направи цела ств не знам од каде толку материјал. Ама бебе цел ден не ми спиеше и беше раздразливо. Стави го ма града поцицај заспи а легни го во креветче пак кенкај. Видов не видов му направив Ад и испи 100 мл. Значи била гладна. И сега ств не знам што да мислам и по што да се раководам.
Кога имаат грчеви повеќе јадат т.е. цело време можат да лапка. Затоа и е раздразливо и повеќе јаде и не спие мирно.
Нормално е да какат. И да заспијат на града е нормално, немој одма в креветче. Можи има грчиња или скок па си сака лапачка и близина со мајка. Со ад прајш полошо можи да ти одбијат града, ама ти си знаеш. Не значит секој плач дека е гладно.
AД-то ги смирува за кратко зашто ги прејадува. Моево бар мислам така правеше. И јас бев хаос првиот месец, сега да сум пак само на цице би ја оставала. Се издржува и проаѓа дур трепнеш.
@Milaаа991 Не е мало многу за 100мл? Бебе е .. не секогаш знае за доста,може и стомачето да ја боли од што се прејадува а не да е гладна. Масирај и го мешето почесто. По мојата знам, цело време ја мислев гладна и упорно и бутав шишето а немало потреба. Сега на скоро 5 кога и стига моето, на месец и 2 сигурно немало потреба,ама ајде, неискуство. Чим полни пелени значи е сита, и мое бебе скоро после секој подој кака. Ако не после секој ама 3-4 пати дневно сигурно. Јас мислам сте ок и нема потреба да ја дохрануваш,само мери ја почесто и охрабри се да останете само на доење. Раководи се по пелените.