6 недели во четврток прави. На пановката пишува 130 мл за таа возраст. Инаку прв пат давам АД во овие 3 ден. Форсирам колку можам на града. Ама некогаш морам нешш да сработам а ако не дадам по цел ден скоро е на мене. А ова 3 сати ја држи сита. Знам дека не е убаво ама...стравот дека е гладна ми е голем. Досега секоја недела ја носев на мерење.
Бебе е скоро 3 месеци полни. Веќе неколку дена се закашлува , незз дали е од воздухов прекрасен или од што се прецицува па бљуцка ( откако ќе бљуцне и ќе се закашла ) . Ќе го однесам во пон. кај матичната но да не знаете некое чаре како да му помогнам. Ставам и тенџерче да врие на камин да не се суши воздухот . Позз мајки
Мамаситас мала помош. Бебка ми е 3.5 месеци и смр на ексклузивно доење. Е сеа има проблем со какање. По 4 дена не може да се искака па и ставам сапунче ама мн плаче од шо ја боле мешето. Исто сеа почна да мириса кога ќе пртка а претходно немаше мирис. Совет од некоја искусна мамасита како да и помогнам како да и олеснам
Пијај ти сок или компот од сливи, јогурт исто. Масажи на стомаче, топла пелена на меше, ноџињата према стомак собери и ги или како да вози точак
Сето тоа го правам. Вежбички секој ден, биогаја и еспумисан капки давам. Мое мислење е дека почнува да се стабилизира мешето и затоа не какА често
Малиот има 4 дена и леукоцитите му с малце покачени па прима антибиотик,има ли некоја мајка искуство?
Моник, не сум отворила друга тема, па ти си се породила Живо и здраво синче, големо да расте, благословено да е, да ве радува многу Како сте, како си ти?
Сите имаат покачени леукоцити при раѓање, со оглед на тоа дека до скоро биле во стерилна средина. Е сега, зависи и колку се покачени, си има граници над кои се прима антибиотик. Малово примаше антибиотик со изговор дека имало конјунктивит, а врска немаше, леукоцитите му беа минимално покачени. Тетка ми, педијатар неонатолог (баш со новородени работи) се лутеше зошто му дале антибиотик оти немало потреба. Не ја знам границата над која е задолжително да се дава антибиотик, ама верувам дека превентивно им даваат на скоро сите бебиња.
Денес беше патронажната сестра на контрола и рече дека бебка е супер ама дека уште малце и била жолта. Јас искрено не ја забележувам ама се загрижив бидејќи сме 40 дена а уште да не е исчистена. Знам дека и до 2 месеци е нормално ама се надевав дека досега е помината.
И мене патронажната ми кажа само упорно доење, најмногу преку каките се чисти. Колку повеќе ќе цица, толку повеќе ќе кака и ќе се исчисти. Исто, во просторијата каде што седите треба да има јака светлина
Не се плаши ние беме до три месеца жолти ама со упорно доење се исчисти почесто нуди цице и ќе се среди
Истото ни се случи од третиот месец, не какаше дури до 10 дена, јас искрено се уплашив. Еднаш стававме клима, после купивме и чепчиња. Матичната ни рече доено бебе до недела дена да не се искака е нормално. Столицата ни се стабилизираше кога почнавме со цврста храна, иако јас малце порано почнав со сокчиња (од 4 и пол месеци) баш ради тоа што знаеше и по 10 дена да не се искака. А миризбата е нормална кога има задршка на каките