Се тоа да и се насмеа и си поигравме. Ама ми заспа едвај, со плачки, со издишување, не знам, може и ја си умислив пошто и ја се потресов.
Мајки купив готвач на пареа за беба уште тоа ми фалеше у кујна. Дали може да го користам за стерилизирање и да си го спакувам стерилизатарот за да си ослободам простор или да си ги почувам и двете, има ли некој стерилизирано вака? Секако би користела еден сад за готвење, а друг за стерилизирање.
Мајки купив термофорче за меше за бебе демек за грчевите ама никако не можам да го разберам како функционира. Од оние со паричка што треба да ја превиткаш. Има ли некоја да ми објасни. Еве го користам сега моментално ама појма немам дали вака треба оти првиот пат кога ја превиткав се загреа и се направи тврдо. После го вриев како што пишуваше ама сега не се прави тврдо. Така ли треба?
Ја стискав ама мн тешко се прицка. Ова малку се здрви и држи топло. Веројатно успешна е мисијата. Ама првиот пат мм кога го стисна камен се направи па затоа не знам дали е иаправно вака. Битно бебе се смири и заспа.
Знае на некој јак звук да спиштит понекогаш, на пр. силно трескање врата или кога ќе ми стропет тенџерине ко ќе ги местам. Јас во лице и дувам или со вода ја мијам...и ја шетам низ собиве
Треба да го ставиш во вода која врие и да чекаш сосема да се разложат кристалите, пак да биде течност. Е тогаш одново кога ќе го кликнете ќе се здрви.
Здраво Денес го носевме бебо на педијатар за прв пат, докторката рече се е во ред, следна контрола за 10 дена. Со цицањето сме подобри денес ми се чини, си цица на 3 саати цел ден, некогаш сам си бара, некогаш го будам кога го пресоблекувам. Сабајлево помина и патронажната, ни покажа како да го бањаме, па утре ќе видиме сами Забележав дека последен пат му сменив покакана пелена во 17:30, и од тогаш два пати беше само помочан. А од тогаш и два пати си цицаше. Дали има простор за загриженост? Инаку, синоќа и денеска до 17:30 часот, кога и да му ја сменев пелената беше какана.
Малиов мој, очигледно сака да изигравам цуцла Тешко заспива, еве вечерва пример еден саат се мачам да го заспијам. А заспива само на цице. Ако го тргнам одма почнува да плачи. Пробав да го думкам, не бива, не сака. Пробав цуцла да му уфрлам кога ќе доцица, не ја сака, ја плука. Дајте кажете како да си помогнам, ќе се шекнам
Можеби се грчиња или скок, мало е уште си бара утеха на града. Само трпение. Рано е мн за воведвење ред. Гушкај го и уживајте. Колку појќе ти си нервозна толку и тоа ќе биде
Трпение имам, ама ми е страв да не остани и после тоа вака Не знам како е кај вас, мене хормоните ми работат со полна пареа, де си плачам, де си се смеам Денес цел ден не најдов време да се истуширам, дури сега се средив, вечерав, и сега легнувам, се надевам дека бебе ќе нана.
Истото го поминав додека беше мало. Едино не оставав друг в раце да ја држит на секое, и да ми ја шетат низ соба. Кога ќе заплачеше одма не ја земав ако не беше за цицање. Гледацм цело време кога почна да разбират да ја оставам сама да си играт. И од прв ден в креветче макар и 10 мин да спијат.
И јас не им давам во раце да го шатаат навака-натака. Не ми се учи уште сега дете во раце да расте. А и за креветчето си имав мака, не сакаше да спие таму, одма се будеше штом го префрлев. Ставив една маичка моја, да му мириса на мене, па сега си нана во креветче
Мало бебе не може да се разгали и научи за во раце. Неговиот мозок не е толку развиен за да знае да манипулира. Штом плаче тоа има некоја потреба. Можеби не е секогаш за јадење или пресоблекување туку за љубов, блискост и сигурност. Можеби и нешто го боли или има грчеви. Затоа држи го во раце колку што можеш повеќе бидејќи еднаш е мало а и научно е докажано дека што повеќе се држени и сакани толку попаметни личности ќе бидат. Тек кога ќе почне повеќе да разбира е тогаш можеш да го учиш на ред и да не го земаш веднаш штом заплаче. Но додека е многу мало тоа нема поента бидејќи ем не можи да се разгали ем затоа што плачи бидејќи му требаш. Уживај во овие мигови затоа што кратко траат и ќе ни фали ова време кога сме му биле цел универзум. И јас му глумам цуцла на моето, напорно е знам но најчесто тоа е така кога има грчеви и си бара утеха во мене. Па што е во споредба со неговата болка мојата мака.