Дечки, На ортопед мислев после Божиќ да одиме... Ама имам неколку дилеми до тогаш, ако некоја има совет за мене или да закажам за побрзо. Детево ми се исправа, неќе ни поднавалена. Ја држи главата неќе да ја спушти. Дури и од агол 45(од релаксатор и транспортер) се стега да се исправи и успева по малце. Цело време + се крева како мост, кога е легната, тогаш не ја крева главата. Се врти лево десно и ретко од стомак на грб. Нели до сеа треба да се вртат, а рано е да се исправа? Некако наопачки ми е. 4ипол месеци сме.
Јас затоа на 5 месеци ја однесов. Супер и беа колкчињата и можев да ја седвам раат. Без перници позади ми рекоја него сама да си легни кога и е здосадено и уморна. Плус во количка ми сакаше ради тоа што можеше да седи веќе
Моето бебче до сега има напреднато 800 грама, а во вторник правиме еден месец. Едно сега ме мачи, што постојано си ја свиткува главата наназад, односно најчесто кога спие, како да се растегнува. Не личи на грчеви, не плаче, туку само се свиткува и се вцрвенува. Некој вакво искуство?
Најдобро е со педијатарот или отопедот да видите. Пробај превентивно ставај перница или пешкир ролован ззад глата за да не се растегнува
Бебе мое денес е скоро без јадење. На града веќе скоро и да не цица. Пишти зајдува. Фатив се измолзив. Успеав да извадам 90 мл дури се зачудив досега секогаш максимум 30 мл ми било. Испи од шише еднаш 60 и еднаш 30. Давав и АД ај да не не сака од града ама не пие и не пие. Грчеви има некако ги смирувам со термофор ама и порано имаше и тогаш повеќе јадеше од вообичаено. Цела сум избезумена се изнаплакав. Утре во 1 сум на педијатар ама кој ќе издржи дотогаш. Вака ми изгледа здрава. Мерев т нема. Цел ден не е покакана. Некако и послабо мочка што е и нормално со тоцку храна. Уф ќе си пукнам веќе.
Ја вежбам на секое преслекување. Некогаш сака и соработува ама некогаш го вкочанува па често и пишти и гледам само побрзо да ја обчечам. Не си го препознавам детево. Кога ќе се смири си спие како ангелче ама и тогаш ако ја понудам се расплакува.
Од кај ти се овие правила? Ај не си прави грижи без причина. Син ми од 3м се исправаше така, а почна да се превртува мн касно не памтам кога. Ќерка ми од 2м се исправаше, на 4 веќе се вртеше, од 5 почна да лази (нр правилно. Муабетов ми е, детето ти е супер, чим се исправа дозволувај и слободно. Ако ти ја силиш а не може, тогаш не е дозволено.
А дерма и на моето не помага. Јас мачкам 5 дена со афлодерм па продолжувам со еуцерин. Ама џабе, едно ќе мине друго ќе се јави Летото беше мирен, а залади катастрофа
Нови им се Хумана во зегин и ги нудат нив последните месеци ( ако таму баравте ) Не сум сретнала некоа членка да ги има користено скоро , дали се добри Ама со Биогаја и Колиеф нема утка , посебно Биогаја .. Ако полни пелени би требало да е ок следи ситуација , ако не на мерење одите , си бара утеха во тебе затоа и е прилепен , пробај од коа ќе де тргни од града и со цуце види како ќе се смири , не посегнувај одма по Ад .. Доењето веќе како е ? Подобро ? да не не фаќа убаво па да е и до тоа ..
Мајки, а колку време го чувте измолзеното недопиено млеко или ад? Не сум чувала повеќе од еден час, а често фрлам
Теди, нашиве бебуши ептен исти ми изгледаат. И мојата се исправа,неќе да лежи, вришти ако е легната, кога е подисправена и полуседната е ок. На ортопед пред 3 дена ко за инает неќеше да се исправи ко дома што прави,па ми кажаа за две недели да ја седнувам, до тогаш само неколку пати во денот да и правам вежби односно да ја фаќам за раце и она да си се исправа сама колку може. Не се превртува сеуште, ептен ретко од стомак на грб. Во транспортер не можам да ја ставам веќе, исто ко и твојата се крева како мост и ми бега со пола тело надвор. Се напрега со стомачето за да стане дури и кога е подкрената само на перниче. * За што ја користите Мустела Стелатопиа? На едното обравче има ко лишај, а околу уста мали брунчиња ваљда од плунката. Ок ли е за тоа Мустелата или би ми препорачалe нешто друго?
Мене и од обичната Мустела ми смирува црвенило. А за лице може да се проба Мустела колд. Немам искуство ама ќе ја купам.
Скроз истава фаза на иста возраст Се е нормално. А измолзеното може 6 часа да стои на собна температура? Сигурно ли е ова?