Ама па се чудам, нели ако се грчеви, и ако плачи, нели нема да може да се смири бебе? Маж ми прееска само што го зеде во раце, одма се смири. Или нема врска!? Ах мајка...
Здраво мамички, еве не и нас 10 дена направивме, па сакам да прашам некој со искуство за адаптирано млеко Хип 1 Комбобиотик (прашав во Систина какво да земам, ми рекоа вакво им давале таму). Малиот веке фати убаво да цица, јас дека царски малку покасно млеко ама добро е за сега, на почеток дома кога ми плачеше после цицање правев ад и му давав, дека и јас немав доволно млеко на почеток. Вчера морав да одам на доктор, ( се укочив у врат страшна работа ) и дома му дадоа ад, првото какање после тоа му беше со зеленикава боја. Денес пак бев на терапија, пак ад млеко и после него пак исто зелена боја и дете ми се изнамачи не можеше никако да се искака, а претходните денови си полнеше пелени. Претпоставувам дека е од ад млекото. Некој со слично искуство и да ми каже со кое можам да го сменам. Не планирам да давам дохрана доколку нема потреба, и еве само за вакви итни ситуации кога не сум дома, а немам можност да се измолзам. Позз
Утрово на татко ми му излезе херпес а вчера ја држеше беба. Ја нема бакнувано никогаш имам ставено забрана. Дали може да се инфицира? Дали сте имале ваков случај. Многу сум исплашена.
А да ве прашам за чајот за доилки на Хумана, некое искуство. Малиот ми е 10 дена, не знам дали му е доволно млеко, а мислам дека адаптираното му направи грчеви. И дали давате колиеф на секое цицање или може само еднаш да дадам?
Дина, јас го пијам чајот на Хумана, 2 шолји дневно, така ми кажа патронажната. Вкусен е Кај мене бебо е 12 дена, уште нема грчеви, ги очекувам да почнат инаку, не сакам дохрана, само на доење е па ќе видиме што ќе каже педијатарот на контрола во вторник кога ќе го измери. Ако гледам по пелените како ги полни, бебето е сито и само со моето млеко.
И кај мене убаво си полнеше пелени само од цицање, ама се укочив во вратот и морав да излезам на доктор да идам, се задржав па му дадоа дохрана, и сега не може да се искака на раат, значи не му одговара дохраната. Не планирам да му давам, ама морам да имам замена за итни случаи додека имам доволно млеко за да се измолзувам и да оставам кога ке треба да идам некаде.
A од каде знаеш дека немаш доволно? Си пробала досега да измолзиш? На бебе од 10 дена му требаат само30 мл млеко по оброк. И јас мислев немам доволно и будала давав АД. Кога измолзив со пумпа 90 мл и уште имаше.
Не знам каде да прашам, па ај тука. Со што ги перете валканите алишта од каки? Пералната не ги вади скроз, перам за него со Персил течен. Пробав и на рака да ги отперам првин, ама не излегуваат.
Со омнио бланко пробај отперувај прво ама додека е свежа каката. Ај кога сме кај каките да прашам и јас. Беба моја не е какана 3 дена откако ја орефрлив само на мајчино млеко. Да се загрижувам? Вчера бев на педијатар а ќе одам и понеделник.
Јас прво ги туширам со ладна вода, после ги накиснувам во топла вода и пред перење прскам со фрош за флеки и чекам да поминат 10 минути па пуштам машина.