Мајки на колку време ги менувате лажливките? Моето е 5месеци и сеуште ја цуца онаа големата лажливка за новороденчиња. Сеуште нема ни запчиња па дали воопшто треба да му ја давам или веќе да ја тргнам? има уште неколку но не ги сака баш, оваа му е омилена
За до колку месеци беше таа наменета? Обавезно на 6м цуцла за 6-12, 6+ зашто нема врска дека нема забчиња, вилицата се искривува со несоодветни цуцли, а со тоа после и криви забчиња ке растат. Прашај во аптека или барај слична таква 6+ да е само, кога ке направи 6м. Уште месец не е проблем да ја поцуца таа..
на месец дена менував и лажливки и шишиња. едино стаклените шишиња само цуцлата ја менував на месец дена.
Јас до сега привремено само чајчиња му давав а веќе две недели сме на дохрана, така што шишињата не би ги менувала. а за цуцлите имам 6 неотворени цуцли 0+ а уште малку треба да купам 6+ и тоа ми е проблем, а не би сакала ни сама на своја рака дупчиња да правам да не направам беља некоја :/
Јас ги сменив на 3месеци, па после на 6(лажливките), а цуцлите според месеците. Сега би требало да користиш 6+, од 0 нема да ти пие, ќе се нервира. Ако имаш фискална од тие можеш да ги смениш мислам..
Јас имам купено од алиекспрес дигитален за 10 долсри и супер е Ние денес на прва контрола, качени 140 грама за една недела. Мене ми личат малку докторот вика супер било.
Незнам каде да прашам..пред две недели и несшто ги дупнавме ушината на ќерка ми..и сега има еден проблем..незнам да ги извадам. Има некоја финта?
До денес 12 дена, една недела како бевме дома, главно на цицање сме, дохрана сум дала 5-6 пати и тоа само 30-40 мл максимум. Си ја има достигнато тежината од рагање и малку над тоа
Женски бебо нешто последниве денови со јазичето чудно прави, како да се плази и како да ги чепка непцата. Име некој искуство со ова, за два дена правиме 7месеци.Дали се запчиња во прашање, уште немаме ни едно?
Ќерками исто правеше со јазичето како да ги туркаше долните непциња и цело време нанадвор плазеше. Почна така кај 7 месец и веќе во 8от излегоа 2те долни запчиња. Сега сме во 10 месец и немаме нови запчиња ..есно време почна така нагоре со јазикот мислев ќе излезат ама ништо нема.
Остави ги подолго медицинските нека стојат. А финта за вадење е додека спие протнуваш мини ножички низ двете отворчиња од гвинтот и ќе ги рашириш, па го извлекуваш.
Денес бевме на контрола кај педијатарот, бебо напреднал 200гр за една недела, докторката рече дека се е супер. Има 15дена, 3170гр, си ја надмина родилната тежина. Ми олесна, значи убаво си цица, да не му давам измолзено млеко. Утре ќе го носиме на вакцина, се надевам добро ќе пројдеме.
Бебе мое почна многу да се лигави. Стара е 7 недели. Исто така цело време се кривади со јазичето и прави чудни фаци како да сака да зборни и дури испушта по некој звук.Ме интересира кога почнуваат со гугање и дали е нормално во оваа возраст да се лигават?