Моето почна на полни 3 месеци да се лигави, а првите заби излегоа на 7 полни месеци..а почна да гуга на 5 месеци. Сега веќе има 9 полни мееци и уште се лигави а заби нови нема. Ама многу се труди нешто да ни прави муабет И покрај баба мама (почна на 6 месеци и нешто) денес почна татко и да го вика тата тата тата А мене не ми се обраќа мама
Мамички да ве прашам на малиот приметив ноктите на нозете на палците му се влезени во месото и му загноиле. На прва контрола некни го прашав докторот, ми вика не било страшно, да ставам само алкохол 70%, ке поминело. Некоја со вакво искуство?
И таман го пофалив вчера за цицањето, толку беше од радоста Од синоќа маки мачиме да фати пак на десната града и неуспешно. Ме фрустрира тоа што не знам да го наместам, и морав да се измолзам,преполна ми беше градата. Сабајлево му го дадов тоа млеко и сега се чувствувам уште помизерно. Потклекнав и му дадов шишето, а тој дека гладен од цела вечер и нервозен, си го испи. Јас сум на последните атоми сила, мислам дека ќе се срушам врз него додека го држам. Ниту ми се јаде, ниту ми се пие нешто. Само се жалам и сама на себе си скиснав. Може и овде не требаше да пишам, ама ќе полудам од недостаток на сон а најмногу од грижи зошто ли не сака да цица од десната града, тоа ме уништува. Извинете за негативноста. Сабајлево го вакцинираа инаку, па се надевам се ќе биде ок.
Многу деца не сакаат да цицаат од едната града. И моево левата повеќе ја преферираше бидејќи на десната ми е помала брадавицата, за да после годинка сркоз се одбие од десната града. Ништо страшно, успешно може да се дои и само со една града. А зошто имаш проблем со местењето? Го ставаш ли на перниче? Без перниче е многу тешко, тоа дури откако ќе потпорасне, а најлесно ми беше лежејќи, ама тоа после 3ти месец бидејќи до тогаш доев со силиконски и ми беше неизводливо.
Ги пробувам сите овие, освен Крос кредл холд, и вреска, плаче, едвај со судни маки ако ја фати брадавицата, еднаш на 100пати. И после се тегне и ја пушта и пак од почеток. Не знам зошто не можам да го наместам, едноставно не ми е згодна таа страна некако, не ми е на рака. А се трудам навистина, и многу ми е тешко што млеко ми тече од градата, тој плаче а не можеме да се погодиме и двајцата. Левата брадавица ми е поиспакната оти почесто ја цица веројатно, па таму без проблем ми фаќа.
Мајки литл хелп. Цуцето ми е 4 месеци. Е сеа од кога се роди стандард е вака-ужива додека се бања а кога ја облекувам плаче вриска многу. Е сеа не знам сите ли бебуши се така или само мојто сњ нервира.
Исто беше и кај нас. После некое време целосно се одби од едната града и си продолжив успешно да дојам со другата града. @joy1 беше исто колку што се сеќавам. Така да кај многу деца се случува да имаат омилена града, не се тревожи. Даваш се од себе, тоа е најважно. Кај сите може не, ама кај многу е така.
Јас се плашам само да не не му стига млекото од само една града, ако дојде до тоа? Дали ќе произведувам доволно само со левата? Додека сум тука да прашам, како се користи правилно термофор за бебето? Имаме еден со паричка внатре, го вриев 10 мин и од кристална состојба премина во течна. Ја стискам паричката внатре ама не кристализира. Можеби не е во ред? На мешето му се става топол, во кристализирана (стврдната) состојба нели? Или додека е течна?
Јас откако ќе го извријам дур е топол му го ставам на меше (дур е течен). После кога ќе се олади (доколку имам потреба) ја стискам паричката, се стврднува и затоплува и тогаш го користам. Најдобро да ти е при рака вака кога е течен за да можеш веднаш да го активираш кога ќе имаш потреба.
Јас пак само на таа позиција најлесно го местам да цица, на Крос кредл холд, како и да е. Инаку си купив од Лотус од струмица перница за доење (не е од оние потковица перниците) и за оваа позиција е многу добра, башка ептен е згодна, не се подгрбавуваш, а бебето си има супер позиција за лежење додека цица
Денес дојде патронажната, ми кажа уште имаме жолтица Аман, 20 ден ни е денес, цицаме редовно, сонцево чат-пат го користиме за сончање. Мочкаме, какаме редовно. Претходната недела, педијатарот ништо не ни кажа за жолтицата, не е многу, јас не ни го заприметувам. Си ја вратил родилната килажа, плус 250 грамови имаше ставено. Неделава не сме биле, сакам во петок да го носам. Да видам како напреднал. Колку време трае, знам индивидуално е, ама ете од прилика!? Што друго да направам освен цицање, сончање!?
@Корнелија нас ни траеше шест недели жолтицата. Дека само го доев ни кажа педијатарот затоа подолго трае
Отприлика еден месец. Со двете деца поминавме појака жолтица, и освен цицање и сончање друго ништо не сме применувале. Од болница ме советуваа дека можам еднаш дневно еден шприц глукоза да давам.
Нас исто патронажната сестра ни рече дека имамр и јас се уплашив, па после траеше 40 и нешто дена. Паметам бев исто загрижена. Ама ништо не е ќе помини. Може само повеќе да спие. Доволно е цицање и на прозор на светлина.
Мајки утре треба да одиме на 6 месечна контрола во Ремедика, ама сеа мајка ми ме замисли ми вика при морбили и варичела во полн ек ти ќе мкнеш дете по лекари. Еве не знам што да правам, ги носите ли бебенцата по контроли сега овој период.
Јас ја носам во ремедика. Не гледам фрка, кога беше здрава, пелена преку транспортер и после и така чекаме кај здравите деца.
ако е здраво зашто мора да го носиш? кај нив лошо е поделен делот за здрави и болни деца. систина е сосема друго. немаат допирна точка. јас не би носела.