Кај мене беше таков случај со левата града првите 4-5 дена, незнаеше да ја фати и се молзев и после го наместив на левата града со главчето свртено како за на десна страна, нозете и телото пуштени од левата страна до мене и ја фати си мислеше дека на десната цица. Така неколку пати и после си почна нормално да цица. Пробај вака ако ме свати
Јас го однесов на контрола здраво бебе нај малото се вративме дома и од утрето ден повторно со антибиотик и другите двајца еден со херпес на уста средното со кашлање и нос растечен, па сега инхалации правам и мешање со деца никако се додека да бидат ок.
Па не мора, рутински тежинка и раст и околу исхраната да се посоветуваме, мада јас дома си ја мерам. @NarCis@ па малку ми е шубе дека чекаме обавезно со дечиња е сега дали се здрави е знак прашање нели инкубација е 10-12 дена. Моите денес 100 пати ми се јавија да не ја носам. Бевме и пред 2 недели за вакцина на преглед, па не е нешто итно, ама јас си се смирувам кога ја носам на контрола.
јас не ја носам на котрола баш денес требеше, ама хаос е кј нас. Плус и јас неам прележано сипајнци па уште и бебе недај Боже. Башка вируси чуда.
Ако си напредува во тежина, тогаш уживај. Јас овие неколку дена сум во Ремедика секој ден и нема воопшто болни деца. Само саботата беше хаос, се разбира болни деца, ама јас побарав за моево да нѐ тргнат во друга соба да чекаме дека бебе, па да не накачи уште нешто. Без проблем ме ставија да чекам во ординација.
@mimiiiii и јас истото го размислував. Треба да правиме крвна слика за хемоглобинот. Ич не ми се меша со деца, па ни со здрави дури.
Ме исплаши бебево, цицаше, го легнав во креветчето, и после 10мин му се врати млеко низ носот, му истече. Прв пат се случува, не знам дали е нормално? Претходно еднаш само му се врати така ама од устата, бидејќи не беше подригнат. Ама ова низ носот чудно ми е?
Не е чудно, знаеш дека се поврзани каналите. Мојава уште од почетокот беше многу алчна па само кога ја доев легната на страна, млеко ѝ истекуваше низ нос. Премногу влечеше и неможеше да доголта
Мамички извинете во која група да прашам, дали користите навлажнувач за воздух и од кој сте задоволни?
Јас имам на ST, го земав од Сетек, ефтин беше, на некој попуст. Се грееме на инвертер клима, и го земав ради бебо. Искрено, јас не приметувам некоја поголема разлика во воздухот. Може дека ни претходно не ми сметаше климата...
Јас уште пред бебе го користев тој на Дормео. И ние се грееме на инвертер, и иако има јонизатори, воздухот е премногу сув. Синоќа ја оставивме на појако климата а навлажнувачот не го приклучивме, одма носот ми се затна, а и на мм. Јас сум задоволна.
Фала ви, да идам и јас да земам еден, и ние се грееме на клима ама до сега немам осетено сув да е воздухот, мада за бебе мора се’ што треба
Јас цели две год доев така успешно.По 1200 гр накачуваше мојата првите три месеци а доена беше само од едната града.
Денеска ја опериравме Мелек од кила брух веќе неколку дена плаче многу без престан вчера приметив кај интимата како топче ептен големо и одма на доктор ја однесов таму ништо не и направија и јас и се јавив на педијатарот во систина и кажав за ситуацијата таа ми го предложи др.симеонов закажав и еве денес ја оперираа тука во систина моментално е добра само што 6 часа не пиеше ништо така требало пред операција и еве после 2 часа и дадов да пие уште е поспана душичката моја неможам вакако да ја гледам нема сила ни да плаче дај боже да и помине што побрзо иначе вака била родена ама никој не приметил прв пат вчера приметив јас битно све заврши како што треба сега чекаме брзо да заздрави
На бебо му се појавија црвени брунчиња на газето, сабајле беа помалку, сега се повеќе. Користам влажни Виолета бели демек 99% вода, и Памперс пелени. После секое менување пелена го мачкам со павловичева. Патронажната ми рече да го намачкам 2/3 пати со Канестен, според неа ова не е од влажните марамици. Што ме советувате за ова? Спојлер
Да, можеш со Канестен, во тенок слој, еднаш пред спиење и еднаш наутро. Би требало да се среди за два дена, нас ни помагало за ваква состојба. И ако не го бањате дента барем газе измијте, ради мочките се воспалува. Сликичките друг пат стави ги во спојлер