Се извинувам за сликата, заборавив за спојлерот. Само да напоменам бебо е 18дена, да не е многу мал за Канестен? И во меѓувреме додека пак го намачкам утре, со што да го бришам кога ќе му менувам пелена? Или да го одмивам?
Не се секирај нормално е. Кај мене малата имаше до 3.5 месеци ама јас ја однесив на крвна слика за да го проверам билорубинот и излезе низок и имала лактациска жолтица. Тоа њ некој протеин што сум го имала во млекото и ми рекоа повеќе да цица и дане се секираме
Не фаќаше воопшто од левата града.А млеко имав премногу.Она од десната цицаше а од левата шприцаше .Хаос бев првите недели.Па почнав од левата со пумпа да вадам и преку шише и го давав.Ако не вадев,имав болки мн .
На моите нервози им нема крај. Малава моја многу малку јаде. Цица околу 5 минути и дали ја фаќаат грчеви и почнува да се нервира и да плачи па на сила ја терам уште малце да поцица. Пред една недела ја носев на мерење ама се немашо какано 2-3 и беше 4700 па по 4-5 пак и пак беше толку ама пресно какана претходниот ден. Докторката рече дека е таман и нареден пат пак да ја носам пресно какана за да имаме реален увид колку напреднала. Ама мене се ми се уврти дека слабо напредува па и дохрана и давам ама и од неа слабо цица. Од толку малку што јаде и млекото ептен ми се намали па вчера се стимулирав со ел пумпа и пијам мн чај од доилки па малку ми се поврати. Не знам веќе што да правам. Со пиштење сме по цел ден. Ја носев пред два дена кај матичната и уште будала ме направи. Дете си било право здраво како сум сакала јас ќе си плачела. Срцево ми се искорна.
Не е секое плачење знак дека е гладно. Бебе си бара близина, гушкање, да не си нервозна пошо и она ќе биде нервозно. Можеби се грчеви, може е скок. Нишкај го, пеј му, мн зборви му шо и да е. Чим ти вика доктор дека е во ред немат нотреба од паники и АД.
И мојава немаше еден месец кога мачкавме по препорака на докторката. За да не го расонуваш преку ноќ а мораш да го пресоблечеш (ако не е какан подобро не менувај) натопи памукче или туфер со вода и пребриши.
Би ти препорачала да исфрлиш влажните иако мислам дека они не се проблем.Едноставно, некогаш се појавуваат.Јас користам камилица со памук за бришење газе и ако се појават брунчиња ставам судокрем кој многу помага.Од горе секако убав слој павловичева оригинал.Ќе се среди само почесто менувај пелена додека помине.
Јас пак го фрлам млекото што го одмолзувам од десната града, бидејќи ми е страв да му давам од шише, да не го навикнам па да се одбие од цицањето скроз. Инаку иста сум, тој цица од левата, јас течам и утоп се правам од десната града.
И ние бевме исти случај.Максимум по 5мин цицање,јас пак ставај тој вришти не сака,но никако не посегнав по ад.Од страв дека не напредува го однесов на мерење,таму се изненадив...1.450гр имаше каченп за еден месец.Од каде знаеш дека млекото ти е намалено?пиј си чаеви и многу течности и се ќе биде во ред.Бебе си плаче може има грчеви не мора да значи дека е гладно.Носи го на мерење така ќе знаеш најубаво дали јаде или не.Зошто даваш ад ако имаш млеко?
Индивидуално е тоа веќе.Мојата не се одби.Ама па она беше и страшно лакома.Ем висеше нонстоп на града ем и тоа од шише го допиваше
Душа не го фрлај млекцето немора да значи дека ќе се одбие од цицање нуди ја градата почесто јас мака мачев додека ја фати левата града ама успеав. На крај краева во аптека побарај шишенце што тече капка по капка не ми текнува на која фирма беше исто е како да цица од града мора да се потруди за да влече од шишето и ќе бидеш сигурна дека нема да се одбие. Најчесто викаат дека од шише поише тече затоа се одбивале ете пробај со таква опција. Али сепак труди се ќе потпорасне ќе фати града уживај.
Се сресуваат ли вашите деца додека спијат? Абе 20 дена, како мислиш кој знае што доживеало, се стресува, рипа дири и на допир. Додека да заспие цврсто, после нема мака.
Како го давате епсумисанот и по колку капки? На него пишува во шишето со млеко но јас ја дојам. Може ли со лажичка или мора во млеко да се раствора? Последна надеж ми е дека ќе помогне нешто. Кутро бебе по цел ден е цицни пет пати и 1 час виткај се од болки.
Јас му давам Инфакалм, два пати на ден по 10 капки измешани со измолзено млеко една лажица. Ги давам со пипета, така ме советуваше докторката.