Јас така правам ја зовривам прво водата и 6-7 зрна ким ставам, потоа во истата вода (го цедам прво кимот) му ставам чај Бекутан со анасон.
Најверојатно е млечен блистер, побарај по нет нешто повеќе за тоа. Нешто тука пишуваа со игличка се пукал, ама јас такво нешто сама не би... Прашај некој доктор..
Прочитај тука, ѝ пишав на една членка искуство: https://forum.femina.mk/threads/Доење.800/page-392#post-4255521 Немој со игла, јас заработив инфекција.
Мајки ми почна новата со милион прашања... Сега го преслекував малиот, какаше. На пелената кај мокрачата видов портокалова точка. Што би можело да е? Загрижена сум
Да не била на памперсот и претходно? Се уште не пробувате вкусови така? Мала, голема, бледа, темна? Не паничи ништо не е.
Скоро месец сме, само на доење сме. Не заприметив дали била претходн, иначе не голема, а не ни точка, бледо портокалова боја
Ставај тетра пелена да не е директно допир кожа на кожа кога го држиш подолго во раце, кога е потопло во соба или пожешко на лето. Моето се потеше кога цицаше. А и ден денес се поти кога цица, посебно кога цица за заспивање. И нека е нормално облечено, немој премногу.
Мајки, Прво, среќна нова година. Среќа, љубов, најбитно здравје за сите. Само за убаво да се советуваме во темава. Бебка изгледа не ја најадува моево млеко. Огладнува на саат и пол, 2. А знаеше да ја држи и по 4 саати. Весела си е и полни пелени, ама ми личи гладна. Како да и треба уште. Окапува на цице. Не се молзам, не знам колку има млеко, ама коа ќе се стиснам иде млеко. Али се врати на цицање како новороденче кога беше, нон стоп на цице. Ја заигрувам ја засмејувам ама на крај кога ќе види дека ќе цица, вриснува од среќа, као 'фала богу ќе јадам' За 5 дена правиме 5 месеци. Исцедено се осеќам, почна и навечер да се буди почесто. Ќе се нацица и ќе продолжи. Од будење еднаш околу 05:00ч, сега се буди во 01, во 03, во 05. Не ми е тешко, одма презаспива. Спие до мене и само вадам цице. Али не сакам дете да е гладно. Ќе почнам со вкусови деновиве ама пак тоа сигурно нема да ја најаде. Друг проблем е што за жива глава не тегне од цуцла. Да и давам адаптирано пред спиење? Би било цела церемонија, со лажичка?! И така поише би течело надвор него што би изела. Според килажата (7 800г) и пелените не е гладно ама вака по однесувањето е. Во принцип е мирно и весело бебче и плаче само за јадење. Непцата и се потечени малце ама не дава некои знаци дека ја мачат.
@TeddyGrey јас не знам како би и давала адаптирано со лажиче, па со саати ќе се раните. Јас мислам не ти е гладно бебето туку периодов им е таков навечер да се будат. Јас еве давам ад и малиот ми станува навечер кај 3 па кај 5ипол што не беше случај до скоро врзуваше 4 часа, а сега едвај 3. Жива ненаспана сум и се надевам дека е период. И да напоменам дека станува му правам млеко едвај го пие ама на поинаков начин не презаспива. Тежок е периодов. А ич не фаќа шише кај тебе?