Ич не фаќа. Дури се гади. Ја чекав и гладна да е и мое млеко нудев. Неќе. Не знае. Ја гризе цуцлата и тоа што искача и тече надвор. Утоп.
Мајка си бара близина. Мојот додека не го одбив цело време беше така. Дневните подои се проретчија кога почнав да одам на работа, ама затоа ноќе висеше на цице на 1-2 саати. Не се сомневај дека е гладно штом си полни пелени.
Мамички совет. Бебето ми е 4 месеци и 3 дена. Супер си е фљлљ Богу само мислам дека почнуваат забчиња да и идат. Непцето горе и е тврдо, со цуцлата и со прстите си го трие Непцето душа мила. Дајте совет некоја мамичка шо имала вакво искуство. И нљвечер си спие до мене и мн често се буде и и давам да цица ама не е гладна само шмука како цуцла.
Do koj mesec vi stanuvaat za jadenje na tri saati,moite se dva meseca i imat uste 8 obroci na sekoj tri saati barat da jadat
Да не се секираш тоа е период. Мојава се будеше навечер и само на цицка колку да осети дека сум тука и си заспиваше.
Се извадив од памет! Го доев малиот, се обидов да го ждригдам, беше поспан, не ждригна. Зедов да го пресоблекувам. Го ставам на перница под агол, баш против повраќање. Мм му прави муабет да не плаче. Додека јас го пресоблекувам почнува да кака, па да мочка. Мм испаничи, вика повраќа, и од носето му течи. Прска на сите страни. Не го видов додека повраќа, мм вика ептен му течело. Прв пат е вака, да повраќа и од нос. Обично, не многу често повраќа, ама не колку сега. Уплашена сум, што е работава?
Не се плаши, ако не де повторило не ќе да е ношто страшно. Да речам мајка премногу паничиш, нема да речам . Сите минавме низ ова, само што која е посрчна, која е имала прилики па е информирана.. Труди се само колку што можеш да не те напнуваат др ситници од типот, какво е што е по дома, дали има ручек или нема... Сконцентрирај се на малото. Се друго какво е такво е. Нема да биде исто како порано па чак и после четири години. Се шо те интересира прашај си, поарно отколку да се плашиш. И да е писпано не брзај. Нека лежи испеавено на твоето рамо, да си ждригне. Сум чекала и по половина час. Го држам и уживам во гушкањето, иако наоколу бомба паднала, јас одамна веќе за бањање. Ме факало и нервоза ама од петни жили ке вадиш сила и ле остануваш смирена. Животот се обрнива за 360 степени на сите, пред мајчинство и после. Не џабе велиме, најголеми маки ама наjслатки.
Мачкај гелче за заби на непцата по совет од педијатар или прашај во аптека. Има и едни гранули ги порачуваат од Мк Осанит се викаат. Некои мачкаат бело вино на непцата ама ја не сум пробала и не би пробала. Купи и глодалка било каква или Софи мала жирафа од аптека како најдобра глодалка се покажала.
Мојот исто е многу лаком, штом стане од спиење се бориме да сменам пелена, тој се убива од плачење. Стално се карам со мајка ми, она цело време ми вика нели ти е жал види како плаче, дај му да цица па ке смениш пелена. Еднаш или два пати направив така, плус го држев исправен откако се нацица сигурно 15-20 мин, ама пак ми поврати на пресоблекување. Гледај ако нема потреба после цицање да го пресоблекуваш, избегавај. Почекај барем пола саат. Позз
Мојов знаеше да повраќа низ уста и нос,др.не ми беше ич загрижен си напредувавме добро.6ипол месеци сме,уште знае да бљуцка,ил не се секирај,сликата е стварно страшна,само наведни главче надолу,и откако ќе исповрати (ако повратил од нос) чисти му го носето.
мојата почна така да прави на 3 месеци а запче и излезе дури сега, на 7. има во аптека гелчиња на база на камилица и каранфилче, мачкај му ги непцата.
Мојава од 6 недели почна да се лигави и да пикува раце во уста. Педијатарката ми кажа дека мн порано почнувала оралната фаза пред да излезат запчињата. Туку нас грчевите не отепаа. Од епсумисанот уште и бетер и беше. 3 дена не се искака и вчера бешр врвот. Буквално пискаше од болки и засипна. Ја однесовме на дежурен и ја прочистија со цефче. Да знаев јас дома со топломор ќе ја испровпцирав. Мене ме загрижува што додека има грчеви не сака да јади ништо со часови или почнува да цица и пак ја стегнува и почнува со вриштење. Само чајче пие тогаш. Др вчера ми рече чај чај нека пие нешто. Мн сум исплашена. Јас искрено не ги замислував грчевите вака. Дали е ова нормално. Беапомошноста ме убава. Се давам. Со се прбав и без ефект. Стомакот и клокоти како парен котел. На педијатар кога ја носам само здрава си е ќе си плачи. Како можам да и помогнам, како се справувате вие? Многу сум фрустрирана и се чувствувам како лоша мајка. Се што можам да направам е да ја чувам со часови во раце со термофорче на меше и да ја тешам.
Оф те разбирам само тоа нас дури сеа ни завршија грчевите на 4 месеци. Јас давав еспумисан 2 до 3 пати на ден и обавезно био гаја пробиотик. Пазам мн на исхрана значи се што и смета освен леќа и грашок не јадам. Кај мене знае и 4 дена да не се искака ама ставам сапунче во газето иначе не може да се искака. Ајде само нека мимат со лесно повеќе галење гушкање вежбички со ножињата и тоа е. Препорачливо е да пие чај од ким мада не видов некоја разлика мада мн и не го пиеше. Не знам прпбај се нешто ќе помогне
ДУшичка, за жал така изглдаат грчевите. Кај нас оваа фаза траеше 3 недели после малку полесно но имаше грчеви до 5 месеци. Многу и помагаше да спие врз мене, меше на меше.
Ви се има ли случено да ја извадите пелената сува? Мене тоа ми се случи сабајлево. Малиот не беше мочкан, само имаше многу малку каки. Кога го рассоблеков, така добро се покака и помочка. Обожава гол да мочка и кака Него мене ме загрижува пелената. На што укажува? На не доволно примање млеко? Колку пати на ден треба да кака? Еден месец сме.
Мојава до еден месец знаеше да кака и по 6-7 пати. Меѓутоа потоа почна да кака 1 на 3 до 4 дена. Некогаш 1 дневно зависи. Пред два дена не можеше ни да прдни и ужасно се мачеше па ја носев на педијатрија и ја прочистија со цревце. Ако сте само на доење нормално е и да се намали какањето. Инаку празна пелена може да укажува дека било бебето гладно но најчесто тогаш се менува и бојата на столицата кон зелено. А и мојава сакаше да кака веднаш штом ја соблечам. Врројатно тогаш од мрдањето им се олеснува перисталтиката. А дали тогаш кога имаше најстрашни грчеви одбиваше и да цица. Мислам дека на мојава и се влошува штом цица и тогаш и се најизразени грчевите па кога ги има освен бекутан чај ништо друго не сака да пие.
Imate li davano d3+k i d3 + omega zaedno.vcera bevme na ortoped i mi kaza taka.dva meseca imat bebinjata,do sega im davav samo d3+k mi rece vo konsultacija so pedijatar ako gi davam uste d3 +k da davam plus edna i od ovie so omega a,ako davam samo d3 so omega da davam plus i edna kapka vigantol