Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.447
    Допаѓања:
    25.156
    Пол:
    Женски
    Имало некои капки Лактаза мислам се викале така некако, за помагање за да го вари полесно млекото, прашај за нив, во еурофарм ги има.
    Иначе моето секое преслекување е какан 3 нед и 4 дена е, на секој сат, два е на цицка, можеби затоа толку кака.
     
  2. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.074
    Допаѓања:
    72.413
    Пол:
    Женски
    Oд месец и пол до 3 месеци ги давав двете.
    После тоа д3+омега плус 2 капки вигантол.
    Сега следнава недела после празниците сме на ортопед, па ќе видам како ќе продолжиме.
     
  3. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.385
    Пол:
    Женски
    Ги давам тие капки. Co lactase се викаат и само во еурофарм ги има на база на ензим за подобро варење на млекото се. Ама некој голем ефект немаат. Но за разлика од епсумисанот кој мислам и полошо ни направија се мн подобри. Давам и био гаја и сируп хомеопатски од камилица и некоја друга билка за колики од австралија ама ништо не помага нешто посебно. Можеби само краткорочно. А апетитот најмногу ме загружува. Ноќеска од едната града слабо ми фаќаше и утрово мн ме болеше па реков да ја измолзам и успеав 120 мл да измолзам од неа и уште имаше. И го давав од шише и едвај 50 мл испи и еве сега ја пробувам пак плачи ако ја приберам до гради а на лажливката трга мислиш чоколадо течи од неа. Вака мочкана си е на секое кога ја преслекувам и на последно мерење си имаше напреднато. Не знам што да мислам веќе. Со 300 финти успевам да ја натерам да поцица.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.365
    Допаѓања:
    206.244
    Пол:
    Женски
    Во вториот месец, околу 2.5 до кај 3.5 месеци грчевите знаат да бидат најинтензивни, па можеби ве фатил тој период. Само трпение, ќе цица пак. Одмолзувај се, нуди ја, колку испие, толку.
     
    На Milaаа991 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Dina911

    Dina911 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Женски
    Јас давам биогаја насабајле по 5 капки и скоро на секое цицање (освен навечер) давам по 4 капки Колиеф. Сега за сега се покажаа добри, за натаму ке видиме :) инаку 3 недели сме
     
    На Milaаа991 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.385
    Пол:
    Женски
    Наредно и купувам овие ако не се среди. Инаку да не те плашам ама нас вистинските грчеви ни почнаа некаде на кај 5 /6 недела. Сега сме 8 уште некои денови е катастрофа.
     
  7. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.627
    Пол:
    Женски
    термофор купивме,колку време на меше може да и го држиме? И по колку пати на ден?.
    од ноќеска почна многу да плаче,незнам дали се грчеви зошто не се витка баш...а плаче брз престан ако не и дадеш да цица,дали цуцла дали цице ме исплаши до сега не правела вака мнг е мала 12 дена има,што мислите дека е?
    Неможе па цело време да е на цицка ако се тргнам пишти, мнг чудно.... и еве и денес преку ден е така..20 саата не сум спиена...
     
  8. Dina911

    Dina911 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Женски
    Да не не и е доволно твоето млеко? Јас кога си дојдовме од болница додека да ми дојде доволно млеко 3-4 пати така кога плачеше многу правев 60 мл дохрана и давав да пие колку сака (обично до максимум 30 ке испиеше) и ке се смиреше и ке заспиеше. Кога ми се стабилизира млекото немам дадено дохрана, ама ако има потреба, значи некогаш ако ми плаче многу пак би дала.
     
    На Bella* му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.447
    Допаѓања:
    25.156
    Пол:
    Женски
    Така тераме 3 и пол недели, гледам и сите истото го пишат, бебенцава не бараат нас да не осетат, си бараат мајка, секој ден е тежок и предизвик за нас, но ете издржуваме.
    Јас му давам само Биогаја засега значи можи истовреме и еспумисан да му давам?
    Сеуште нема силни грчеви, се витка само пред какање, прди, кака и му олеснува.
     
    На Bella* му/ѝ се допаѓа ова.
  10. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.074
    Допаѓања:
    72.413
    Пол:
    Женски
    Девојки, кај нас кога почнаа грчевите јас престанав да давам Биогаја и имаше подобрување.
    Видете и тоа пробајте некој ден без Биогајата, па ако е подобро без неа исфрлете ја или сменете пробиотик.
     
  11. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.627
    Пол:
    Женски
    А термофорот колку време да и го држам на меше?
     
  12. Корнелија

    Корнелија Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    И јас не знам колку треба да се чува, ама кога ќе осетам дека веќе се исладило го топлам и пак го ставам. Денес скоро цел ден го менувам.
     
    На Bella* му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ДомаСоЛеа

    ДомаСоЛеа Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2018
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    изгледаше како да одбива бидејки не и одговараа позициите. ја доев исклучиво легната на грб или на десна стрна, на лева и се цревцата и многу плачеше.
     
  14. pianogirl

    pianogirl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2018
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Пак јас со едно прашање. Дефинитивно на малата и расте првото забче е сеа ме интересира, и го чепкам непцето и остро е на десната страна единицата. Е сеа дали дека грепка брзо ќе излезр или колку време треба да чекам
     
  15. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.213
    Допаѓања:
    26.774
    Пол:
    Женски
    Јас му го ставам термофорот секогаш кога се грчи и плаче, и му стои додека не се излади. Иако мислам дека уште не го фатиле грчевите што ги опишувате погоре, бебо има 24 дена. Се надевам нема да бидат толку сстрашни.Засега му давам само Инфакалм капки два пати дневно. Прееска бевме на педијатар, од последната контрола до денес напреднал 335гр, за 9 дена. Сега има 3505гр, душа мајкина си расте убаво :)

    Со доењето е подобар, си цица и од двете гради, иако левата му е омилена и побрзо и полесно ја фаќа :) Фала на сите за советите и поддршката, многу ми помогнаа :)
    Јас уште му немам дадено АД, првата недела само му дадов еднаш измолзено млеко од шише и толку. Го гледам си полни пелени редовно, и мирна сум, значи не е гладен. Цица на 3саати отприлика, дење и почесто некогаш зависи како сака. Не го будам од спиење на 2 саати како што ми рекоа од болница, бидејќи не можам да го разбудам а и не сакам да му го реметам сонот на детето.

    Си го фативме редот со мм до бањањето, сами двајцата најдобро функционираме околу бебо, им кажав на двете баби дека не сакам гужва по дома да ми прават само. Доаѓаат да го видат повремено, ама не ни се мешаат за ништо. Останете поздравени, па се читаме :*
     
    На flower55555, Bella*, Корнелија и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Visnicka1

    Visnicka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2014
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    дозата ви ја даде ортопед или педијатар, бидејќи нас педијатар ни даде д3 омега и 1капка вигантол
     
  17. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.074
    Допаѓања:
    72.413
    Пол:
    Женски
    Ортопед.
    Педијатарот никогаш не спомнал за Д вит, само знае дека давам доза препишана од ортопед.
     
    На Visnicka1 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Dragana Gj.

    Dragana Gj. Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2018
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Кај кој ортопед бевте ?
     
  19. Dragana Gj.

    Dragana Gj. Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2018
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Здраво, бебе има 5 месеци и некако едното окце му бега навнатре..дали имала некоја мајка вака:( дали е мало за на очен лекар? Кој доктор би ми го препорачале
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.365
    Допаѓања:
    206.244
    Пол:
    Женски
    До 6 месеци треба да се среди тоа, нормално е кај бебињата бидејќи не можат да го фокусираат погледот. Ако продолжи така, тогаш прашај педијатар за препорака, не секој очен лекар работи со бебиња.
     
    На Dragana Gj. му/ѝ се допаѓа ова.