А да пробаш да измолзиш малку млекце па да ја ставиш цуцлата во млекото и да му ја дадеш? Може ќе се залаже, ќе мисли на цице е И јас пробував на многу начини,купував разни цуцли ама не фати.. А баш ми се слатки така со цуциња На почеток,првиот месец, ја фати и ја сакаше, ама јас глупава, престанав да и ја давам, и се одвикна. Сега ќе заспиваше со цуцла наместо јас да лежам и изигравам цуцла по саат време И најбитно, се ќе помине. Првите два месеца се мислам најтешки, после се местат коцките лека полека. Од плачка, која сакаше само во раце,неќеше да ја легнам,бањам,возам,облакам, сега имам бебе бајче, сама си игра,седи во релаксатор пред тв.. 100% смени откако потпркна малку Имај трпение. Сè се трпи,се е минливо
Малиот ми има 2 и пол месеци, настнати сме, киваме и имаме 3-4 пати на ден кака која е повеќе накај зелена. Педијатар ни кажа да му давам оризова вода за каката, дали имате давано и по колку пати на ден?
Дали даваш пробиотик? За зелена кака само тоа сум давала.Среќа еднаш се случи,настината беше, па со пробиотикот се среди. За оризова вода на толку мало бебе немам искуство.
Пробав и со млеко, и пред да ја дадам ја ставам кај мене на града да се затопли и да прими миризба, и тоа не ми успеа. Изгледа медот е спасот Се зезам А и мене ептен ми се слатки со цуцла. Подобро тоа него ли прсти во уста
Пробај имам слушнато многу пофалби за остеопатите.Знам дека се на приватно,мои колеги на работата кажаа раскажуваа дека многу им помогнале. За плачењето не знам што да ти кажам сигурно имаш испробано се што е за грчеви,а имаш ли пробано да му пуштиш фен или правосмукалка?Можеби има силни грчеви,а некои бебиња се поосетливи. Треба и за мм да закажам термин кај некој остеопат.Го снимаа на магнет на рбетот и раката и ништо не најдоа, нема притиснат нерв, а постојано има болки во раката.
На хип беше кога се роди, а на 1 месец отприлика ја префрлија на аптамил АР, тоа е посебно млеко за да не повраќа.
Не ми текнало да проверам Ми го даде една братучетка на мм, па затоа не знам за која возраст е. Фала за советот
Нас ни давале оризова вода од мали скроз, сега ме тераат мајками и свекрвами да сум му давала на синко, но јас несакам да му давам, иначе уште некој ден 1 месец ќе правиме.
Јас го прашав докторот на втора контрола кога бевме на 3 недели, ми рече после месец дена за во релаксатор. Инаку на 12 правиме месец
Бебо е 26 дена, и кожата на рацете и нозете уште му е сува и се перута. Првите две недели го мачкав со Јекодерм, 3тата недела почнав со млеко за тело Било Клин по препорака на матичниот педијатар. Ама пак му е сува, се лупи на некои места, кај свивките, не гледам подобрување. Го бањам со Мустела гел. Вие што користите за мачкање против сува кожа? И уште нешто, додека бевме во болница имаше конјуктивит на левото око, ми рекоа дека прима терапија за тоа, и по излегување да мачкам со Тобрекс маст 3 дена. Не му помина, па матичната рече да продолжам со капки Тобрекс 7дена. Вчера ги завршив, ама уште има жолти горелки, сега и на двете очи, иако на левото повеќе. Му ги премивам со гази натопени во чај од камилица. Некој совет за ова?
Хепи , нормални се гурелките, се чисти бебето од плодовата вода. Се додека не му се слепени очињата је е страшно. Внимавај со камилицата од неа остануваат кончиња кои ги содржи, најсигурна варијанта, а и доволно е само физиолошки за чистење. За сувата кожа немам искуство, не можам да ти помогнам.
Немам давано. Мене мајка ми ми давала коа снемала млеко и во случај на пролив ми давале. Пред 30 години тоа. Мојава е 5 месеци и уште има сува кожа на ноџињата. Додека мачкав креми (Мустела) немаше многу подобрување, малце имаше, ама не многу. Добив совет, да мачкам со маслиново масло. Нема штета, па ќе пробам. Братучетка ми двајцата ги мачкаше со маслиново масло од раѓање, така и на доктор и рекле(ова во Англија), па ќе пробам и ја. Нас гурелки ни фаќаше едното око само, на другото не префати, значи не беше инфекција. Матичната ми рече ќе пројде само од себе. Ептен ако се залепи тогаш со млака вода нежно со газа да одмивам. Пројде само по себе после 1 месец. На бањање ја одмивав. Демек запушен солзен канал било.