Jas zemav denes eucerin losion ,na ednoto bliznace mu e suva kozata na grbceto,ramencata i nozete.inaku gi banjam so mustela a do sega mackav i jas so jekoderm,sega ke probam so eucerinot
Ако не му се лепат окцата мислам дека е нормално .Ако е конјуктивит од капките првите неколку пати и би се исчистиле.Исто и мојата имаше гурлички после спиење и јас мислев да не конјуктивит ама кога фати во градинка разбрав што е.Толку и беа залепени што едвај и ги отварав ама од капките веќе вториот ден и беа скоро чисти очите така да мислам нормално е за бебчиња што спијат цело време. Јас моето со ништо не го мачкав и бањав само со вода првите 40 дена, па може и првите 3 месеци.Ова бабицата така не учеше.Ставав ама ретко мајчино млеко.Млеко за тело почнав да и ставам после година на Хип сензитив и денес на 2 ипол год го користиме. Колку помалку хемија толку подобро.Они се толку нежни и чисти што убаво мирисат и без купките и лосионите.
Мајки 2 месеци сме со затнато носе му ставив капки од сол ама премногу преташе и мислим дека ми капнаа 2 капки има нешто штета или нема место за паника
Беба моја пак не може да се искака 4 дена и пак денес цел стомак и клокоти, плачи и одбива храна. Пробував да ја испровоцирам на неколку пати со топломерче ама безуспешно. Пред неколку дена за овој проблем бев на педијатрија и ја прочистија со цревце за инфузија. Ств нз како да и помогнам да се олесни. Пијам компот од сливи и сок од праски ама од ова само јас се прочистувам.
Ја доиш ли и колкаво е детето?Ако е само на мајчино млеко 7 дена не е проблем.Масирај го мешето во правец на часовник ставај топла пеленка , возете точоче со нозите. Претиска ги ножињата на мешето ама нежно.Поврќе влакна внесувај во исхраната,овошје .Кромидарник да јадеш помага и за тебе и за бебе.
Бебе е старо 2 месеци. Моментално е само на мајчино а порано давав и хипп кпмбиотик. Јадам овошје но сум на мн рестриктивна исхрана од страв да не му предизвика грчеви. И кромид ми е страв да јадам. Го ставам само во манџи а свеж избегнувам.
Ќе се обнови кожата, кај повеќето новороденчиња се лупи. Двете девојчиња ми беа како гуштерчиња што менуваат кожа Мачкав со различни препарати, Хипп млеко, Павловичева оригинал, Јекодерм, но сепак ќе речам период е, ќе се обнови кожата.
За едно месечно бебе, колку временски од прилика треба да трае еден подој? Знам дека е индивидуално, моево цицаше по 20 минути до половина час, сега најчесто 10 до 15 минути. Исто заприметив, од кога цица по 10 мин, не повраќа.
Нормализирана е лактацијата тој период веќе, бебето има поголем цук, повеќе сила , повеќе влече и побрзо се нацицува. Ќе се нацицува и за 5 мин со тек на време. Ако полни пелени, весело е , немаш причина за загриженост. @lavica82 со Јана, Хип, Бебелан, секаква имам користено. Најдолго Јана, уште ја користам. Прво ја превривав после 24 часа отворено шише, повеќе не. Сметам дека е голем веќе.
@duffi до кој месец ја превриваше? Јас уште превривам вода, за една недела ќе прават 5 месеци. Баш се прашувам од кога да почнам со непревриена...
@lavica82 прво користев на хип, а сега бебелан. Кај да е ќе им сменам од овие што не се бебешки, ладна или роса.
Јана не ти прави мн бигор? И јасна почеток ја користев ама во ел. Бокал мн бел талог ми оставаше. Откако ја сменив тоа повеќе не е така. Дури ни обичната вода од чешма кога ја превривам не ми прави толку бигор како Јана.
Е сеа ја ќе ти помогнам оти и јас бев со ист проблем. Кај мен3 само со сапунче се кака а 4 месеци и 1 недела е. Ама спасот го најдов во расолницата. 2 дена пиев расолница бебе се прочисти душа мамина. Овоа ти е совет доколку доиш. Таман и тибќе се освежиш од расолницата има мн витамин Ц. Среќни празници
Мајка не е никаде докажано дека храната предизвикува грчеви.Тоа се тие 40 дена кога имаат поизразени грчеви.Моето така имаше запек и отидов на доктор и ми рекоа од 7 до 10 дена за доено дете е нормално.Па чекав и некаде 6 -7 ден се олесни.И јас пробував со топлометар иако велат не треба ама никогаш не ми успеа со топломер да добијам резултат