За очињата да се исчиститат од било што мене ми рекоа да капнам од млекото 1 капка во едно оче,друга во др...мајчино млеко лечи се
Вака..нас не пуштија од болница исто со гурелки ни рекоа тобрекс капки ни помина, по месец дена истиот случај ни рекоа пак исто и со тобтекс и чистење со газа и физиолошки раствор, по моја иницијатива направив брис испадна бактерија и маст хлорамфенокол стававме чистевме ништо на крај помина со цитерал капки..мој совет прво брис
На моето му беа залепени до 40 дена, само со камилица го премивав и на 40 дена му помина. Ама педијатарот кај нас не рече дека е конјуктивит, рече дека ќе помине ќе се исчисти само од себе. Додека свекрва ми и комшиите трубеа дека не сум постела во петок па затоа било такво. Педијатарот го кажал ова?
Подобро да чистите очиња само со превриена вода и газичка, мајчиното млеко го препорачуваат постарите, ама ако не дај Боже има инфекција на окото, само ќе се влоши состојбата.
Ако станува збор за бактериска инфекција ќе се направи полошо. Тие што капнале мајчино млеко и поминале добро имале само среќа да не станува збор за бактерија. Затоа педијатарот треба да каже што и како. Се уште има и неуки педијатри што лечат со мајчино млеко, мед и лимон, но среќа се поретки се, од постарата генерација и препорачуваат бабини лекови. Мојот прв беше таков и одма го сменив. Најдобро е најпрво да се проба да се одмува со стерилна газа и вода, а потоа со камилица, доколку педијатарот не препорача нешто друго или не се земе брис.
И на моево и се праеа мн гурелки на левото око и со тобрекс капки и масажа до окото ни помина. Зш констатираа дек некое каналче не било отпуштено
Мајки ајде совет. Бебе е 3,5 месеци. Деновиве е кенкав не поднослив. Се лигави многу, сака во раце па не сака, цица па плаче - скок ли е , незнам што ли е. Требаше во вторник да го носам на вакцина ( првата на 2,5 што е ја немаме примено бидејќи пиеше антибиотик - не му се затвараше убаво папокот па даа не развие инфекција ни дадоа сируп ) и незнам дали да го носам ваков раскенкан да не го разлутам уште толку. Ајде совет ? Среќни празници , живи и здрави да сме.
Пелени полни, ама цело време плачи, ако не е на цице дури и зајдува. Не дека цица, си заспива, или така си чмај на цице. Не знам зошто толку плаче, да не му е малце млеко, да не треба да го дохранувам!? Не сум била скоро на педијатар, страв ми е со ова вирусиве а и епидемијава, дома го мерам на дигитална вага, ми покажува плус грамови, ама од кај да знам и таа дали е точна.
Можно е грчеви да се. Јас немам искуство со грчеви,малата немаше,не и давав неа чај кога беше ептен мала туку јас ги пиев, па мислам само ради чајот не доби грчеви никогаш Пиј и ти,давај капки,ставај топло на стомаче,масирај, пушти му бели звуци на јутјуб, ќе се смири ќе видиш. Сеуште кога мојата неутешно плаче, пуштам ова и штама е Не дохранувај штом вагата покажува плус. Мери често,и само пелени прати, они ти кажуваат дали е бебе сито.
Не помагаат овие звуци кај нас, за жал. Всушност, кај нас ништо не помага, освен цице Не давам ништо за грчеви, освен топло на меше, а јас пијам чај од ким, и гледам дека има подобрување кај него. Ти каков чај пиеше?
Штом покажува плус грамови и да не мери точно значи бебето додава на килажа. Грчеви се веројатно. Плус ја сака твојата близина и топлина. Така се чувствува сигурно. Не висат на града само дека се гладни. Туку таму им е најсигурно. Ако има грчеви, си бара утеха.
Некоја утеха ли е дека моево до скоро (а сега е 20 месеци) висеше на града. Не беше гладно ама ете. Пробував со адаптирано го повраќаше. Убаво им е да цицаат. Сега колку е интересно само вика цице и кога ќе го види уште на глава да може да застане. А кога е мало не знае да покаже и не знаеме колку го сака цицето. Следете го бебето. Ако сака цице нека цица. Ако не сака цуцла, подобро. Моето од 4ти до 12ти месец цуцаше цуцла. Природа и љубов.
До три месеци давав по 5 капки Д витамин, а после д+омега капсули. Тоа со ортопед најдобро да се консултираш