Избезумена сум. Денес прв пат кај бебе најдов сува пелена. Спиеше 5 часа и реков ај да не ја будам за цицање имавме гости да не се расписка и кога зедов да ја преслечам немаше мочано ич. И ноќеска утрово кога ја преслекував ми беше слабо мочана но откако се нацица после пелената беше утоп. Мн ми е страв зш вака. Да не има некој проблем со бубрезите или е гладна. Млеко јас имам и си цица колку сака. Секогаш проверувам откако ќе се нацица има уште млеко во градата. Мн сум загрижена.
Смирено, нема простор за паника. Да се случува константо да, ама вака за еднаш два пати три пати, може да се случи. И немој да гуглаш да не се испаничиш уште повеќе за џабе. Јави му се и на педијатарот и прашај го за мирна глава.
@Bella* @Корнелија Го пиев Лакта микс чајот на Алкалоид. Мешавина на билки, првенствено наменет за зголемување на количината на млекото, но и за смирување на грчевите кај бебињата. Содржи анасон,камилица,ким и други билки,и тврдам дека само ради него немаше грчеви. Пиев по 4 чаши на ден од него, плус по 2 од тој за доилки на Хип, исто на база на анасон и ким.
Јас го пијам ама само по 1 до 2 шолји во денот, но пијам и нане, башка сокови, јогурт, вода и си имам млеко а синко е по цел ден на цицка и машала убо си напредува. Иначе на него пиши 1 литар во денот.
Ај здраво и од мене Христос се роди, да сме живи и здрави сите! Бебо почна да повраќа, некогаш помалку, некогаш повеќе. И тоа не веднаш после доење, туку може да биде и после саатипол, два. Од што може да прави така? Не на секој подој, ама еве денес 4пати поврати. А мене ме наболува грлото, и го имам она чувство во носот како пред настинување. Пијам чај за доилки, супа со бибер, јадам овошје. Се надевам нема да се разболам. Парацетамол можам да пијам додека го дојам нели? И какви апчиња смеам да земам за грлото, Трахизан/Стрепсилс нешто?
Јас уште не му давам чај, само на доење е, денес направи 4 недели. Од кога и за што се дава чајот за бебиња? По колку дневно им давате?
Вишокот млекце го повраќа, бљуцка. Не е ништо страшно и е честа појава кај бабињата. Мојот бљуцкаше се додека не почна со цврста храна. Значи е најаден, не го мисли. Тоа кое се враќа назад е вишокот млекце. За грло не смееш ни Трахисан , ни Стрепсилс, не се препорачува. Барај нешто на база на жалфија во аптека и спрејче од прополис можеш да прскаш. Чајче можеш веќе. Од 10 дена полни.
cajot od nane citav ja namaluva laktacijata drugoto ok cajot of doilki e preporacano 1l. No jas pijam 1-2 cashi i se ostanato kako sto si pishala
Среќен Божиќ жени. Здравје, среќа, бериќет, мир и љубов на сите Денес и не сум баш расположена. На бебко мој гласот му зарипна. Од штп може да е поим немам. Нема тт, не кашла, нема мрсулчиња, а нема глас душа мајкина И не е расположен денес. Многу сум загрижена мајки
Мојот беше скоро две недели зарипнат, сред лето. Не беше ларингит, едноставно ништо не беше. Помина само од себе.
Некогаш е ништо, некогаш е нешто. Бебево покрај другото и ларингит имаше, заврши на плус терапија. Затоа викам најдобро педијатар да го погледне, ако останува без глас како што кажа членката.
Да нормално е треба да го види лекар, сакам да кажам да не даваме веднаш дијагнози. Јас два пати го носев тогаш. Немаше ништо, а ни други симптоми кои укажуваат на тоа .