Има глас, плаче, ама не го оставам да плаче, зошто силно плаче и страв ми е да не остане без глас. Утре секако ќе го однесам на др. Си викам од сув воздух да не е, дома со клима се грееме. Ларингит ако е, нели треба да има некој плус симптоми?
Не знам, можно е да е од сувиот воздух. Дека напиша нема глас, мене на ларингит ме асоцираше. Друго е засипнат малку. Големата ќерка имаше само ларингит, без други симптоми. А бебево сега првпат. Стави канчиња со вода до утре и види како ќе биде. Можеш и телефонски да консултираш педијатар и види што ќе ти каже, да не го носиш сега по најголемите вируси.
Малата ми има страшни грчеви кои започнуваат од 16ч и траат се до полноќ, а некогаш и по цела вечер земав infacalm капки но во упатството не е наведено како точно да се даваат, @Saraa мислам имаше споделено позитивно искуство па ако ме да пишеш како ги даваше, колку пати на ден, на колку време, дали во измолзено млеко во шише или во лажиче, пред или после оброк, или ако е во ад во самото млеко? Дали секој ден во континуитет или по потреба?
И јас ги давам Инфакалм, педијатарот ми рече два пати дневно после подој, насабајле и поручек, по 10 капки растворени во мајчино млеко една лажица и измешани ги давам со пипета, секој ден. Не знам дали е до капките, ама на бебо му се смирија грчевите, веќе второто шишенце е при крај. Се надевам нема да го фатат појаки грчеви.
Еден литар дневно,односно 4 чаши. Ма пиев јас и повеќе од дозволено со се тие 2 чаши на Хип. Ама барем успешно беше, вредеше пиењето.
Хм помина бааѓи време откако давав инфакалм, сега веќе е голема девојка од 2г и скоро 4 месеци, но од тие капки сум презадоволна, знам дека најпрво ги дававме два пати на ден насабајле и навечер, по 10 капки, ама точно како ги дававме не се сеќавам, дали растворени, дали директно ич не ми текнува. Потоа кога почнаа да се намалуваат грчевите почнав да давам само навечер а по некое време само кога плачаше и сама си ги прекинав, второто паковање го дотрошив од шо го купив не од шо имаше потреба, чунки пари сам давала хахахах. Јас ги препорачувам, побрзо да ги пребродите грчевите.
А јас сум ја утнала работата дадов еднаш па наредниот ден не, а следниот два пати бидејки имаше цел ден грчеви. @happygirl Значи треба да се даваат во континуитет. @Saraa и јас имам се заборавено како прво да ми е, а синко е 2 ипол години. Нека се здрави и живи лета времето
Да, секој ден додека не видиш подобрување. Јас ќе купам и трето шишенце, се плашам дека ако ги прекинам толку рано да не го фатат пак грчевите. Ти викам, да не го подречам, ама не ми се витка веќе како што правеше, и не плаче од мешето. Мислам дека е до капките оти мене исхраната ми е иста цело време.
Колку ти има бебуш? Јас ќе пробам па ќе споделам искуство, земав и анасон чист сварив чај па и дадов 10мл ја преоблеков па подој и ќе продолжам така и капки и дадов. Ќе ја пробам оваа комбинација ама како за почеток после 30сати ми се искака и олесна и еве спие и тоа мирно. @monik55 капките ги зема мм од Зегин а мислам околу 380 дека се
Мамички денеска ни рекоа дохрана да и давам на малата не ја заситува дамо мојто млеко 4+е.е сеа земав на хумана може ли да ми кажите пошто не пишува на упатството откако ќе се направи млекото колку време стое да знам не сум правела до сра. Фала однапред
Епсумисанот на мојава и правеа повеќе грчеви и не можеше да си се испразни од гасови. И давав 2 /3 дена и завршивме на дежурен од што врискаше од болки. И некако и мочката мн чудно и мирисаше додека и пиеше. Ги прекинав и почнав со ко лактазе и како друго бебе да имам. Можеби беше коинциденција и си се смири само по себе но вчера мм се напи за проба и него му се направија грчеви, гасови и подуеност. Можеби беше само прејаден и нема врска со капките ама кај да е ќе пробам и јас. Хаххаах