Млако, да биде издржливо топло. Нормално не врело. Пробувам на внатрешната страна на раката , над дланката. Си попрскувам од млекото ако е издржлива топлина значи е добро.
Треба да е околу 37 степени. Јас кога давав проверував на внатрешната страна на раката и давав кога не чувствувв дека сум капнала капка. Така знаев дека е на телесна т. Се надевам не е проблем што ти одговорив јас.
@monik55 @Vennera.aa уште еден совет од мене, старински ама и тоа палеше кај нас, во едно како торбе сосшиено од памучна крпа или тенка маица-долен веш, свеки стави трици, сошиено, го загревав тоа и и го ставав на стомачето, имав и термофор и едно др слично такво помагало но ми беа тешки некако, па ова беше најлесно а држеше топличко цела вечер и од тоа видовме арно. Некој може ќе се смее ама нас и тоа ни помогна.
Какво е папочето кај вашите бебиња? Кај моево падна првиот ден кога го донесовме дома, ама некако многу му е испакнато, како топче. На последната контрола педијатарот спомна дека прстенот му е малку поголем, не знам што значи тоа. Рече дека не треба да се загрижуваме. Дали ќе му се повлече навнатре со тек на време?
Дали ги будите бебињата доколку се успијат подолго за јадење. Јас на почеток ја будев на секои 2 до 3 часа кога имаше жолтица. После па еден период сама си се будеше. Па со грчевите не ни преспиваше така 10 минути ако предремуваше. На вечер престанав да ја будам уште 1 м кога наполни и си сврзува сон некогаш од 5 до 6 часа. Но евр има неколку дена и денски си спие по 4-5 часа. Вчера спиеше од 12 до 5 и уште ќе спиеше ама свеки беше на гости и ја разбуди да си играле и после беше нервозна. Денес заспа кај 2 и уште си спие. Не знам дали веќе да ја будам или да се водам по она не дирај лава док спава?
Може да е кила на папок, на синко му беше испакнат а гледам и на малата се испапчува, на доктор ми рекоа пократко од што треба ја пресекле папочната врвка и да ставам монета и со повојот да притиска на папочето за побрзо да се собере, кај синко така се повлече сега си е во ред нема никаква мака. @Saraa и јас имам слушнато за тоа дека помага и дека држи повеќе топло треба да пробам, со термофорите само зовривам еден се врие додека друг топли.. @Milaaa991 и јас будев бебе додека имаше жолтица и тоа само преку ден инаку не и не би да будам, посебно не преку ноќ зошто гладно бебе или бебе кое има мака не врзува сон од 15 минути а не па со саати
А зошто не пробате со термофорчињата сами што се загреваат со парчика внатре. Со таков јас и го ставам на вечер и кај 6 часот на утро кога ја преслекувам се уште цела си е затоплена.
Такви се со паричка ама не ми држи топло повеќе од еден час, па нели се загрева во вода за да се стане пак течно и само тоа работам вриј превриј
А дали му ставаше широк повој него па под пелените му ставаше монета или како? Доктор ти кажа така да правиш за да се повлече? Јас само памперс му ставам на моето, на ортопед ќе одиме во февруари. Го боли ли него тоа ако е кила на папок? Не знам за вас луѓе, ама јас никако не можам да се опуштам откако се породив. Цело време сум загрижена за нешто, де за доењето на почетокот, па дали е гладен, дали доволно качува на килажа, па црвенило на газето кое не му мине уште, па горелки на очињата, па грчеви да или не, сега последните два дена послабо ми цица, еве денес и само еднаш е искакан. Може се ова се глупости, ама не можам да се опуштам и само го мислам цело време... Ова ли е родителството, вака ли е цело време?
@happygirl iskreno taka e i uste polosho pa zabi pa tt pa vakcini pa gradinka pa kolku jadelo.... Da sme zivi i zdravi predizvikot roditel e najgolemiot predizvik zatoa sto od nas zavisi kakvo dete ke odgledame. Prashanja 100000 odgovori malku patot po koj ke go vodime vo toj moment najispraven ama veruvaj za niedna odluka nema da se kaes
Нормално е ќе се опуштиш со тек на време ама грижата ќе си остане само во нормални количини Ставам памперс, една тетра и триаголник и ние сме тогаш на ортопед ама неможе штета да има од повој. Парата ја завиткав во најлонска фолија и каде што е превиткана тетрата ја местам парата значи доаѓа измеѓу пелената и со врвките од триаголникот стегам и не бега. Доктор ми кажа да ставам, само тој ми кажа да земам стегач од аптека и со тоа да ја прицврстам парата на папочето ама го поджилуваше па се снајдов вака. Се надевам ме разбра
Nekako mi Bea teski I tie so. Moneta I obicnitte termofori, taka stojat, najkorisno mi bese toa Kako pernice so Tricia. Moe iskustvo.
И јас така дупло го користам. Задутре сме на вакцина онаа што се прима на 2 месеци па ќе видиме што ќе кажи вагата и докторката. Искрено по малку и страв ми е зошто почна олку да спие. Еве ја разбудив поцица малку, ја преслеков, поиграв, повежбав колкчиња и ја ставив малку на меше да вежба и заспа цела преморена. И мерев тт нема. Дури чудна работа.
Има такви периоди. Имаше и мојава такви ретки моменти. Јас дека неспијач беше ептен паники ме фаќаа. Сепак, следи ситуација. Ако мочка и кака, таман си е. Ако качува добро на килажа, не ја буди.
Јас со термофорот сум го сцрвела на мешето а преку пелена го ставам,па уште свекрвата неше тука и почна фаци да прави Која вакцина се прима на два месеци?
Ставај го термофорот над кебе и повремено тргај го, може и се всцрвенило поради зголемена циркулација од топлото ништо страшно.
Мислев дека е 1 месец старо, штом е веќе 2 месеци и ако качува убаво не ја буди тогаш, сепак препрашај педијатар.