Ја виткаш паричката и ќе се активира и ставаш на меше,откако ќе се излади го вриеш да се врати во течна состојба.
Фала се надевам ќе му помогне, досега немаше многу грчеви, денес почнаа повеќе и појаки Значи откако ќе се стегни паричката одма се става на меше или трева да се почека? Готово, средено го ставивме на меше.
Им ставате ли мед на цуцлата на вашите бебиња ако пр. се вознемирени, многу плачат? чисто од радозналост прашувам, дали педијатар воопшто одобрува вакво нешто на оваа возраст
Свекрва ми ме полуде со тој мед уште од раѓање на бебе, као стави му ронка, ќе се залаже со благото. Супер си мислам да ожедне тек тогаш ќе имам проблем. Ама така било тоа 'на времето'. Па затоа прашав дали и во наше време е нормално тоа и дали некој од младиве генерации практикува. Инаку и јас ко што сум информирана е после 1 година
А зашто сака да залажува бебе од неколку дена? Толку и е напорно? уствари не прашувај бетер на глава ќе ти се качи. мед е после година.
аа не, жал и е за внучето да не плаче. Мене многу ми е убаво и викам. Просто обожавам да го слушам кога плаче. Ова ми го збореше уште од раѓање со неполни 40дена! среќа не купував мед тогаш, може ќе му ставеше. И се нешто што правам а што е контра нејзино искуство, она вика 'мене за внучето ми е'. мене изглеа за комшијата ми е не знам
Штом си на доење се има во мајчиното млеко, а ние сме на АД и многу грчеви имавме затоа го давам. На чаевите пишува против грчеви.
ма муабетов е веќе 5 месеци. а не ни плаче ексстремно да речеш еднаш со грчеви бњше, втор паат само што го кренав во раце престана. ама не смее да плаче, мора одма солуции да се најдат
Па и да поплаче малце, бебе е, нормално е. Развива плуќа Имаме иста свекрва изгледа. Ја више оглувев. Не дадов мед нормално.
Од колку месеци ги ставате бебињата во транспортер и релексатор, ние три месеци имаме многу сака да биде во транспортерот да гледа цртани. Се мислам да не му правам лошо зошто полулегнат е?
Ортопедот вика дома во релаксатор, освен за спиење. А транспортер за патување максимум 2 саати, па пауза 15мин.
Следен пат кажи ѝ дека не се дава мед на бебе, пошто прв збор ќе му биде "бззззз" како пчелите. Терај на мајтап, ама биди сериозна
Само моево ли бебе не спие? Овие два дена нит два саати не сврзува максимум саати ипол а си спие без да мрдне кај мене ма гради,нењ гладен си полни пелени,кенка и потплакува малце ама нее со причина. Само ржи и испушта такви некој звуци и посматра само. Ми се спие глава ми паѓа
Знам дека нема потреба од такви слики но помислив дека подобро ќе биде ако споделам слика..еве ќе опишам ќе видиме дали ќе ме разбере некоја и да даде одговор да нема потреба од слика