Ќе се дружиме вечерва изгледа. Ќе има дежурни ☺️ Исто имавме малку зелена пред некој ден. Педијатар ми кажа настинка. 3 дена по ред го бањав секој ден со малку потопла вода и веднаш облекување убаво и термофорче на меше на 3 саати. Веќе вториот ден вечерта се регулира
Физиолошки солен раствор и или ќе ги кивне или му ги извлекувам. Не ги оставам така. Не сакам коа ми дише тешко
Внимавајте со тврдите мрсулчиња, може да го изгребат од внатре. Капиларите се многу нежни во носната шуплина и кај возрасните, а посебно кај бебињата.
Бебо мој понекогаш има мрсулчиња, жолти, тегави, не се водени. Не се извлекуваат со пумпица. Или јас му ги извлекувам ако можам, или чекам да кивне или да го избањаме. Како го користите физиолошкиот раствор во вакви случаи? И дали е нормално што уште кива, 5/6 пати дневно? Има месец и 5 дена Педијатарот ми кажа со кивањето уште се чисти. До кога е тоа чистењето?
Затоа растворот за да омекнат и да излезат без да го надразнуваме. Излегуваат со едно повлекување. А почесто и сам ги кивне. Јас на почеток ставав по една капка во секоја ноздра, дека страв ми беше и да видам како иде. Сега му ставам по две, така и ми кажа докторката. Инаку и ние киваме уште. Не толку често ама сепак уште е секојдневно
Денес бебе мие ептен мирно ама на секое второ цицање или ке бљуцне или ке поврати ама не цело млеко што го цицал.
Да го легнам малце на перниче ниско? А може и дека многу млеко му надоаѓа кога цица дури и му тече од устето.
Може и од што цица лакомо. Јас го поткревав душечето под агол 45 степени одоздола со нешто. И мојот стално бљуцкаше. Важно сито е.
Мамички имал ли некоја настинати бебе со мрсучиња, кашлање и кивање да ми каже што им препорачал педијатарот? Ние имаме 3 месеци ги влечеме мрсулите и капки од морска сол му ставам, а за кашлањето ќе идеме на педијатар на втора смена е.
Прашање: Вие што користите термофорчиња што се самозагреваат, од тие со паричка...после користењето, откако ќе се излади, на кој начин ги "одмрзнувате", а да не допре на дното од садот во кој врие водата?
Во тенџерче ќе ставиш крпа, термофорчето врз крпата и стави вода. Нека зоврие 10-15 минути и ќе ја добие првобитната форма.
Уште некој ден ќе полниме 40 дена. Од вчера бебево почнува да плаче одеднаш, а најадено, променето, смирено и спискува одеднаш. Не верувам дека се грчеви, бидејќи поинаква е реакцијата што ја прави за нив. Прво, се мислам дали ја боли стомачето од прелада. Второ, има тврдо гомце и не е какана. Инаку сме на Аптамил. А гасови си има постојано. Некое мислење од вас мамички?
Вие што имате машки бебиња како му го местите курето на бебето? Постари ми велат да сум му го местела нагоре да му било право ама кога ќе го наместам така бебчо се помочува цел. И папчето му падна,му го чистиме со алкохол и газа, а треба ли нешто да му ставам на папокот за да му се вовлече навнатре,или индивидуално е дали ќе се вовлече или не?
Син ми има 3 месеци и главчето го држи повеќе навалено на едната страна,дали е нормално оти е уште малечок не може да ја држи убаво или можеби има некој проблем како крив врат..??