Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    758
    меу на бебиња за носе се става само солен раствор а тоа значи да побараш во апрека или да си направиш сама дома јас сама ги правам до ден денес значи стави малку вода во гезве нека заврие и на крај стави малку сол некое зрнце а моите бидејки се поголеми сега ставам и гарамицин инекција а мој совет ти е да не ја учиш со капки уште сега стави само солен раствор и ако и е затнато носето кога леже ставај ја на висока перница да лежи на високо на твојата перница пример
     
  2. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    како тоа сама си правиш капки? Разбирам за вода и сол,ама па и гарамицин :x Прво дали гарамицинот смее да се меша сол ??? Второ од каде знаеш колку точно треба да ставиш??? Според мене и со дозирањето на солта е опасно,а не па и антибиотик. Ти си си мајка и одлучуваш за своето дете,ама па не знам колку сево ова е паметно.Од антибиотикот може одма ќе му биде подобро,ама па дали навистина има потреба од такво нешто :^)
     
  3. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    758
    кај нас имаше потреба од вакво нешто додуша и било какви капки да ни препишеше матичната +ни викаше да купиме и гарамицин инекција и да ја ставиме во капките син ми кога малку ке настине не диши воопшто од носот само на уста а и природно каналчињата на носот му се стеснети па со нос ептен тешко дишиме а сигурно ке се покажело бидејки син ми има9 години
    али не е битно битно е дека за мали бебиња најдобро солен раствор и висока перничка или погоре некоја напиша аква марис спреј
     
  4. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    и јас користам синомарин и солен раствор и спреј и сум презадоволна од кога ќе му прснам од спрејот сами мрсулчињата му излегуваат не ни треба многу за му ги тргам со пумица
     
  5. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    оф малечкава моја денес цел ден си спие си се заспа од 11 саатот и уште спие .. и ја соблекувам и ја ранам и се и она пак си спие.. се надевам само дека и ноќеска ке спие .. :)
     
  6. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Изгледа како да се зареков во темата за доење хаха Еве го буцево мало скоро цел ден ми бљуцка по малку се отепав од пресоблекување шпилхозни и менување лигавчиња.Сега почна и во сон по малку да повраќа, а до сега не беше воопшто така. И почесто бара цице дека повратил, а млеко одма не се прави. Среќа цуцле фати па со тоа поминавме и силно гушнат на мене да се топли и со песна заспавме. А за бљуцкањето ако и утре продолжи не знам како ќе ми издржат нервите со толку пресоблекување. Чаре?
     
  7. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    758
    а уник и за нокеска нешто тешко дека ке спие :D :D :D неа и се и :D змешани деноти нокта ама ке смени не се нервирај
     
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.592
    Допаѓања:
    104.297
    Пол:
    Женски
    Ноелле, внука ми повраќаше до кај 8-9 месеци, на секое едно ќе си бљуцнеше, и тоа поминале саат време од цицање, ама она си бљуцкаше. Викаат има три критични периоди, 3 месец, 6 месец и 9 месец. Значи се е тоа нормално, бебушко се прејадува и вишакот го вади, ама тоа не значи дека треба пак да јаде, бидејќи он го вади вишакот, ако се исповрати обилно, значи е од некоја друга мака и тогаш пак треба да почекаш да помине време додека да му дадеш а цица. Значи ако бљуцне никако одма цице. Е сеа тоа што е досадо за пресоблакање, почекај да дојде зима и подебелите алиштенца, да видиш тогаш колку е досадно.

    Во врска со капките, мислам дека рано е уште за Герамицин, мали се овие бебушки за таков лек. И плус тоа, капки со антибиотик, така ги викаат во аптека, се ставаат само 3-5 дена, ништо повеќе. Синомаринот е супер решение за децата, нит да капеш, па избегала капката нит ништо, само ако ви е живчано детето ко внука ми тешко дека ќе и ставите спрејче, ние изигрававме куклен театар додека да и ставиме спреј, не знам дали ја плашеше спрејчето или од инат не знам.
     
    На NoellePage му/ѝ се допаѓа ова.
  9. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Инаку кај нас е ок сега, си спие, ќе ја истепам, само ако не е умна вечер :lol: по гзот што го нема :rofl:
    Синоќа сирото , се мачеше со грчеви, па маж ми и свари бекутан чајче, топло си испи 30мл, и детето заспа, спиеше од 00-05ч. не ми се веруваше. Дали е до тоа, ќе провериме вечерва, ако не дај Боже пак ни се повтори :worried:
     
    Последна измена од модератор: 29 април 2017
  10. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    хуху меууу и мојава спиеше од 00 до 5часот сабајле, го испрати тато и на работа и си поседе будна докај 7 .. и сега уште спие.. се разбуди околу 3 за јадење и толку , уствари она не се ни буди во сон кенка и бара млекце.. се надевам вака дека ќе продолжи :)
     
  11. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Како бе не се буди??? :?: Ова моето кога ќе се расони, кога ќе отвори очи, и само туку разгледува, проучува, демек нешто ќе види :lol:
    Еве и мојава сега спие, па ја чекам да стане да ја наранам и да и ја предадам на мајка ми, па јас да одам на спиење .
     
  12. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    е не знам ни јас , не се буди одма прво почнува со кенкање па послем плаче ама ако дојде до плачење многу е лута после .. зошто касниме не сме и дале одма да јаде , треба одма во моментот :)
    Шала на страна навистина не се буди особено денски да ја оставиш ке си спие .. ама јас не ја оставам за 2.5 - 3 часа ако не закенка ја ранам на спиење :)
     
    На friendy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Хахах а мојата на спиење не отвара уста :lol:
    Инаку и ние така почнуваме со кенкање, па потоа следува плачење, ама не е лута, кога ќе види цицка се и поминува :rofl:
    Инаку и ние од вчера повремено сме на дохрана со АД, и покрај двете гради, кои си ги исцицува, детето уште си бара, па си јаде уште 30-40мл АД, а после спие за мерак, по 4-5 ч.
    Синоќа после чајчето на Бекутан за грчеви, од кои јас полудев, си испи 40мл па си спиеше 4ч. Е сега незнам дали од што беше гладна или од грчевите, па убаво и дојде топло чајче??? :?:
    Незнам, вечер ќе пробам прво со цицање, па дохрана и на крај чајче.
     
  14. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Еве не и нас, да се пофалиме денес ни почнаа епизоди на грчеви, а таман се израдував дека ќе не заобиколат. Се мислев дали се грчеви или не дека мажево мое глас не изпушта, а го гледам се вцрвенува во лицето и напнува како да сака да кака ама не може. Пробав ножињата накај мешето да му ги свиткам, успеа да се испртка убаво, ама сепак повторно иста приказна. Го стоплив на мене меше со меше се смири и заспа. Таман го ставив во креветче, за некои си 20 мин,ете ти го пак, така од 19 часот, а знам ќе си потрае. Тука никако не можам да најдам чај против грчеви. Веќе од т.н домашни досетки ми снемаа веќе, не можам да го држам на мене за да спие на ноќе.
    До кој период би можело да не дружат грчевите? Ах и да, особено последниве три дена, иако ќе ждригне, знае да си поврати дел од тоа што цица. Таман прекинаа маките со пелени кои пропуштаат, сега нон стоп менуваме постелнина и крпи под главчето дека знае и во сон да си поврати. Вам ви се случило ова со повраќањето? Да знам дали да се ангажирам и да превземам нешто или не е ништо опасно.
     
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    ` Нормално е ако малку поврати и млеко. Домашна досетка е чајче од ким. 1-2 зрна ким се доволни. Масажа на мешето исто така помага. Намачкај го со некое бебешко уље-масло и со кружни движења масирај му го мешето, топла пелена на мешето....
    Што и да правиш, таа фаза мора да си помине сама од себе. Снашка ми нејзините ги смируваше со 2-3 капки сок од морков (не сум испробувала на моето) и навистина помагаше. Е сега незнам колку е паметно на толку мало бебе да се дава....
     
    На NoellePage му/ѝ се допаѓа ова.
  16. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Ноел повраќа затоа што се прецицал, мало е, не знае колку му е доста и се прејадува. Инаку за грчевите, на моето бебе му престанаа пред 2-3недели, сега веќе ич не се грчи. За да се намалат исто се препорачува после секој подој да го исправиш да ждригне.
     
    На NoellePage му/ѝ се допаѓа ова.
  17. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.369
    Допаѓања:
    7.620
    Пол:
    Женски
    А јас да си прашам дали бебињата ги бањкате секој ден или може и на секој втор ден, да не се прелади секој ден така голко :wasntme:
     
  18. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    јас го капев и сеуште го капам секој ден ќе се затоплам дома и на брзина ќе го искапам и пола сат го чувам поубо облечено па после ќе го подраслешам
     
  19. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.369
    Допаѓања:
    7.620
    Пол:
    Женски
    фала Стефи на советот.. и јас го капам секој ден али свекрвата вчера ми вели а да почнеме на секој втор ден да не настине..
     
  20. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    ако му е за настинвање ќе си настини, не ги чуваме ние со сати голи па да настинат.а иначе сите се плашиме од капење носење на ладно па ако студи нема вадење надвор итн итн. а ми имат кажано дека од ништо од то не настинваат туку ако дојдат во контакт со настинат е тогаш настинват.