@saramila09 мала била,грчеви да не се. Види провери да не има бело во уста. Мојот од канддида во уста не сакаше да цица,ваљда го болеше. Со нистатин капки за 2 дена средивме. Прочитав мислам операција ид кила сте правеле,може болки има. А за млеко не верувам дека снемуваш,баш овој период се средува лактацијата.Колку ќе цица толку ќе ти се полнат градите.Јас мојот го доев до 1,5 год па никогаш не успеав да измолзам повеќе од 30 мл.Едвај и тие ги измолзував линекс да му растворам. Дури да го пратам мислењево гледам си пишала. Штом е на шише,нормално ќе се лути и ќе плаче на града. Од шише им е каде каде полесно,на града треба труд да вложат за,да дојде млекцето. Најверојатно од тоа не фаќа,се лути и плаче,го бира полесниот начин.
Нема ништо мила од тоа што си пишала погоре вчера бевме на контрола све е ок.освен со цицање и педијатар ми кажа со сила да давам ама несака брее како да ја натерам па нее голема за да разбере дека мора па на крај краева нема да паднам ви депресија цела ноќ не спијам од мерак дека не цица а многу имав кеиф даа ја дојам се трудам да се измолзам рачно па и давам.се додека не фати вака ќе правам.а за млекото стварно немам многу незнам зошто
Сега не ти треба грижа и нервоза. Биди смирена. Мораш ради бебето. Измолзувај се со пумпица, и давај од шише. Не давај АД. Колку ќе измолзиш-толку, битно давај го. Не се грижи колку ќе испие, гледаш сите го поминале тој период. Со цврста воља и многу труд, напорно работење, и бебе може да процица и млеко да ти се врати. Само позитивно, млекото од стрес и нервози најмногу и најбрзо можеш да го изгубиш.
Прво бактерија испитате, ако не е тоа може е затнат каналот и се прават масажи, се чисти со стерилна газа и физиолошки од надвор кон внатре ...кај нас испадна бактерија :/ Од искуство и ние така као каналчето затнато стававме тобрекс, на крај на моја иницијатива испитав бактерија и одвај ја излечивме, да напоменам така не пуштија од болница со гурелки До 40 дена по малку, и утредента добив менструација
Да ти кажам и мојов уште бебе кога ми го носеа во болница хрчеше, не секогаш ама хрчеше. Се случуваше и дома и јас мислев готово, настинат е, ке спушти на гради, ама мерев температура немаше, столицата си беше ок и приметив дека повеке се случува кога ке заборавам да го вклучам навлажнувачот. Види провери да не е од сув воздух. Позз
@saramila09 каква депресија.Ако сака нека цица ако не не. Ако се мали им работи мозочето 200 на саат. Си сватила дека со шише млекцето само иде,а на града треба да се мачи и да влече.Затоа и ти плаче кога ќе ја ставиш на града.Без нервози.Молзи колку можеш и давај и од шише штом не сака града.Од шише ама сепак мајчино ќе.биде.Само да знаеш со молзење треба редовно да се молзиш и количински да ваѓаш доволно за да одржиш лактација. Ниедна пумпа не може да извлече колку што може бебето.Ама твое е да пробаш.Ако бива добро,ако не пак добро.Да сте живи и здрави.Гушкај малата и уживај во мајчинството.
@pepapa Да не му се подвраќа од млекцето. Моето така крчеше ама на периоди не беше континуирано,а носе чисто не можам да извадам мрсоли. Одма рече педијатар од млеко е. После 3+4месец, не знам кога точно,му прекина.
Mislam deka ne ni e suv vozduhot doma. Eve cela nok krcese i toa na momenti ne postojano.Sabajle inhalirav nisto ne izvadi, sega mu staviv kapki i do pumpica izvlekov prozirni ama pak ne se kolicinski mn kolku sto koga krci mislis prepolno e so sekret.Spie ubavo, cica ubavo, mocka i kaka redovno, od sto e toa stvarno neznam
Јас не би го малтретирала толку малечко со капки и со инхалации ако нема потреба, ама пошто е по совет од доктор во ред. Ти велам и моето кога хрчи кога не како голем човек, ама до сега ништо немам превземено. Позз
Пробав со пумпа ама не излегува ни 10мл со рака исто така незнам дали немам млеко или што е работава.
Мајки бебчо почна да ми повраќа денеска,не бљуцка,туку онака ми поврати малку поголема количина млекце низ устата. Повраќањето се повторуваше 5-6 пати. Инаку лакомо е,си цица постојано,дури цело време кое е будно го поминува во цицање.Сега е старо 13 дена,на 7 ден кога го меревме си ја беше повратил родилната тежина. Му мерев температура,36.7, постојано мочка,исто си кака 4-5 пати на ден(каките му се жолти,потечни,со некои како тутун парчиња,) Има ли место за паника или е нормално? Или сепак да го водам на лекар?
Ако ти е за утеха моево до 4 повраќаше. Осет немаше колку цицат. Све уредно си напредвеше. Едноставно вишокот си го враќаше. Напорно ми беше зш на секое се преслеквевме и јас и таа.
Најверојатно се прецицува. Исто беше и со синчето мое, не беше бљуцкање туку баш фонтани цели, дури и сварено повраќаше. Педијатарот ми рече да не го оставам толку често на цице, да почнам ред да ставам, мин на 2ч да цица, а по 3м да почнам на 2ипол, 3ч. Почнав така и почна поретко да повраќа и бљуцка. Ама сепак скоро до 7м знаеше фонтани да направи. А со второто немав такво искуство, она не бљуцкаше ни најмалку ама си беше и мрзлива, нит цицаше ако што треба, нит од шише не обожаваше. Мора да оставиш простор да се свари млекото во желудник чим цица убаво, па да цица ново...
Јас дур се жалев дека мојава ич не сака да цица и јади па сега еве неколку дена не можам од града да ја симнам. Така и заспива ако ја прелегнам или ја земи друг веднаш плаче. Не можам ни до вц да појдам ни да јадам. Грпка ми никна. Хахха
Мајки има некој искуство со предвремено родено бебче и колики? Веќе сме два месеци. Фала Богу сеуште немаме грчеви па од дно на душа посакувам така да остане. Да не дојдат покасно
Внука ми беше седмаче. 2 месеци беше во инкубатор. Знам дека имаше мн колики но сепак тоа е индивидуално како и кај навреме родените бебиња. Некои ќе добијат некои не.
Здраво женски, како сте денеска? Јас загрижена, еден куп мисли в глава. Почнав Канестен да му ставам на газето за црвенилото, уште нема резултат. Од Тобрексот фајде нема уште, очињата солзат, горелките се тука, левото окце му е позатворено. Папчето кога ќе го притиснам како да врие, како да има меурчиња, тоа било папочна кила, ми објасни патронажната Па сега и цело лице е со поткожни брунчиња, му се проширија а не знам од што. Една работа барем да му минеше, да си речам еве подобро е. Ме нервира и матичната, кај и да е ќе ја сменам. Не е достапна на телефон, на вибер ми врати после недела дена, и кога одам кај неа на сите мои прашања ништо не ми објаснува. Ептен ме нервира, а го запишав таму демек една од подобрите педијатри е во градот. Немам никаква доверба во жената. Се исплакав сега, мислев ќе ми олесни, ама ништо. Мм упорно ме тера да излезам со некој, на кафе, ама не сакам во грбот да ми оди. Не дека тој не знае да го почува бебо саат време, ама не се чувствувам убаво воопшто. Цело време го мислам како му е, дали постапувам како што треба, и затоа не мрдам од дома. Ама изгледа почна да ми мава на психа 'затворот' Ајде нека се стопли па да шетаме по надвор малку. Извинете за негативноста, слободно скролнете ме денес.