Го одмивам на секое какање, не го бришам со влажни, уште одма ги исфрлив од употреба. Сабајлево го гледав на газето, не му е веќе така рапава кожата како што му беше, мазна е, само црвена е уште. Не јадам воопшто од овие работи што ги наброја погоре. Користиме пелени памперс премиум од новите уште од старт, демек најдобри се, памучни целите. Кои други пелени се памучни, кои ги користите вие? Инаку, последните два дена е страшно раздразлив, нервозен, бесен. Плаче и скоро цело време кенка. Грчевите мислам дека му се намалени, поретко се витка и прди, ама уште давам капки, така да не верувам дека е од нив. Редовно мочка, и кака 2/3 пати дневно, редовно го пресоблекувам. Забележав дека малку цица, на 2 саати зачести ама само 4/5 мин и толку, почнува да плаче, да се тегне, се напнува ептен и се трга од града. После се успива и толку, не сака повеќе да јаде. Од утре почнува 7ма недела, ова ли е скокот во 6та?
Смени одма пелени, очигледно е дека не му одговараат. Земи Виолета или Дајперс, од нив најретко се јавува осип. Јас толку лоши искуства се изначитав од Памперс пред да се породам, што ниту оние промотивните што ни ги дадоа во болница не се осмелив да му ги ставам. Инаку скокот е веројатно, тоа се карактеристичните знаци, ќе пројде само од себе, како што дошол.
Пак од вчера мојава има зеленкаста столица. Петокот се слушнав со матичната ми рече да исфрлам се зелен од исхрана. Јас и без тоа не јадам ама каснав на 2 пати кива па ај си реков можи од тоа. Ама сега 3 дена немам нишш зелено јадено и пак. Некако денес пак почна да ми кива повеќе. И мерев температура 36 со 9 ама во мене беше напикана и плус со ќебенце замоткана. На вечер многу ми се отскрива а температура преку ноќ знае и до 17 ипол да падне. Грееме до 1 на вечер и кај 5 пак го вклучуваме парното ама ваму во Битола прав Сибир е. Не знам кај да најдам малечка вреќичка за дете од 5/6 килограми. Пред да се породам цела Битола ја свртев ама не најдов. Сега Свеки ја чекам да дојде да ја пуштам во потрага. Ја бива неа за изнаоѓање. Не знам дали се убави тие на Тила? Може ли некој линк да ми предложите за онлине да порачам. Стварно сум загрижена. Да ми кажеше некој дека толку маки ќе ми задава една бебшека кака пред 2 месеци ќе го направев будала. Ич не ми се носи дете на педијатар во оваа екстремна загаденост, студ и време на вируси. Претходниот пат кога излеговме на здраво двете настинати се вративме. И неа еве уште изгледа не и е допоминато.
Таква малечка вреќа јас лани купив во окаиди. И дебелка беше. Ако имаш кој да види во ск ок, ако не пиши ќе проверам. Таман и попусти има може е и да е пристојна цена сега па ако треба ќе купам и пратам.
Па бебево ми е една недела и не се осеќам сигурна да останам сама преку ден уште немам усовршено предоблекување јадење и се останато. Па сакам да направам план за помош ама не знам колку време уште ќе ми треба за без страв да си ја чувам додека се сите на работа.
Јас на почеток купив мало пакување памперс премиум и пелени од ДМ за споредба, некако многу ми е груба таа мрежата внатре на памперсот и со маж ми одлучивме да продолжиме со тие од ДМ дека внатре се многу некако попамучни и помеки. А и ние сме исти два дена напоручек нит спие нит цица како што треба, и ние сме 6 недели до среда. Позз
Од старт сум сама. Сама ја капам, сама ја слеквам, перам. Едноставно ич не се плашев. Нит прва ни последна со бебе. Со позитивна мисла све се прајт.
Сакала да го бања до 40 дена и да доаѓа после ние ќе си продолжиме. Немам намера веќе да се расправам и така за два дена правиме 40 дена и на раат ќе сме.
Само првите денови мм на одмор беше откако си дојдовме, најмногу зошто ласер на очиња му правеа, па контроли и сл. Од тогаш сама го чувам дур е мм на работа. И сама го бањам најчесто, на почеток под чешма најбрзо ми беше, ама тој мало пиле па лесно беше. Не му се плаши многу за чување, ќе се уходаш брзо. Едит: глеј ако веќе правиш план за помош да е за чистење, ручеци и сл, а за бебе уживај си.
Свекрва ми доаѓаше 2-3 пати, ми помогна за алишта, мајка ми дојде 2 дена и таа ми помогна за алишта и јадење. Тоа беше првата недела, после тоа јас и мм сами. Јас уште од првиот ден го банкам, се сама правам околу него. Иначе врекичка имам од Х&М, малечка, 56 бројка, тоа е од 0-2 месеци. Првите недели му беше големка, ама сега му е супер, ја користам максимално. Мојов е живец невиден, не сака рацете да му се покриени, и додека спие мраз му се
Нека не ти биде страв. Не оставај на други и побрзо ќе се уходиш. И мене на почеток ми беше страв, но се обидував. За бањање сами со мм, но понекогаш е тука и свекрва ми бидејќи се две па ако едното е поплачливо, но ретко со случува. Мене плачот ме убиваше, мн пиштеја на почеток кога ќе се сетам.
За рацете го прашав педијатарот, ми рече нормално е рацете да им се ладни, воопшто по нив да не се раководиме, а на почеток ке фатев ладни раце па го облекувавме малку повеке и сме го прегревале и мојот многу мрда, и затоа го покривам до под раце, т.е. ги вадам надвор од кебенце да му се слободни
И јас на почеток малку бев така скептик за помош од мајка ми и свекрва ми (да не речам се нервирав кога ке сакаа да го земат, да го подржат малку, да го успијат, да го пресоблечат) ама кога седнам и си размислам уствари која одмена и помош ја имам од двете дали околу бебе дали околу домашни обврски си викам господ здравје да им даде да помагаат колку можат дека јас работам од дома, од прв ден вратена од болница и секоја помош ми е добредојдена