И мене ми е страв за бањање,свекрава ми ми помага,не знам помодрува додека го бањаме,лицето,ножињата и рацете,мене ми е страв уште да го бањам,зошто така му се случува не знам?а навечер дежурате цело време или спиете додека оно спие,се буди на 2 и пол саати,живи не наспани сме
Мојот ужива да се банка. На почеток првите 2 пати плачеше, ама со мм сфативме дека сака помлака вода. Не сака многу топла. Од тогаш немам проблем со банкање. Ниту еднаш нема заплакано. Ама затоа при крај на облекување, ужас!! Вришти, пишти (<-ваков станува ) Иначе навечер спијам како заклана Го сеќавам кога станува, не му давам да заплачи, го земам, го дојам и презаспиваме.
Леле стариве опседнати се со бањањето мислам Свекрва ми кај внукот идеше до 40 ден, и двете го бањаа Еднаш и викаме кај ќе одиш? па да го бањаме. Ај ако сакате да гледате ни вика
Не јас не го чепкам чим сака да го бања сама нека си го бања,јас само си го облакам. Со мајка ми се нај закон како се тегнат која да го држи а мајка ми ич не ја сака и ми вика ќе останеш без свекрва ќе ја Јас како што мислев дека нема да го види никогаш ова мие ептен чудно
Исто и јас работам од дома и знам како ти е. И мене ме нервира кога други ми ја чепкаат ама стискам заби бидејќи се радуваат и тие исто како мене. На почеток ми требаше помош бидејќи сум со царски и дојде свеки 10 дена. Сега бидејќи немам мајка доаѓа татко ми. Веќе не ми треба помош ама им е мерак на луѓето и се некој иди. Најубаво ми е кога со мм си ја чуваме сами. Ама тој оди на работа во смени па скоро се правам сама околу бебе и максимално уживам. Додека иди помош треба да се радуваме.
Леле не збори ич не ми е проблем дете чување, имам живци 5 да чувам, ама да сум си на породилно на раат, додека спие он да легнам и јас или на раат да фанам нешто по дома, а јас секој слободен момент на компјутер, башка работа со рокови ама ајде што не биднало во животов па и ова ке биде срека царскиот ми беше лесен, од втор ден во болница сум на нога
Да ама поарно од дома отколку да одам на работа ама можно е кај нас да има измени и да морам, да одам во друг град. Се надевам нема да е за брзо да попорасни бебе. И јас станав од втор ден ама дали дека ги издржав и болките за природен или дека фатив инфекција па бев со температура мноу ми беше лошо првите денови а не сакав да пијам ништо дека доев. Среќа се помина и се заборави.
Така е се’ се заборава, не за џабе рекле старите кога имаш дете господ ти дава таква сила се’ да направиш и тоа што мислиш дека не можеш, ајде само убави моменти да си имаме со децата, се’ друго е небитно и се заборава А за работава ич да не се жалам, барем јас можам од дома да си работам, ти посакувам твојтата работа да ти ја одложат што може повеке да си бидеш дома
Од првата ден од сабајле сами ситр прва смена на работа. Не се плаши мајчински инстинкт нема утка. Уживај си со бебушка
Маж ми ме ваѓа од памет, гласно дишело бебето, да не дише побавно и сл..сега сон нема да ме фати. Искуства?
Тогаш кога ќе се почуствуваш спремна. Првиот ден кога останав сама ми беше еден од најубавите денови во мојот живот. Нормално е да те вади од памет, а и ти него, ама бебето сигурно си диши нормално. За се нешто паника не фаќа и запазуваме многу детали, кои правилно кои погрешно. Одмори, поспиј. Или спијте на смени додека да се поопуштите.
До пред некој ден и ние имавме мака со окцето и гуралчиња, околу 10 дена му го поминував со чај од свежо сварена камилица, после прашав тука со што ги чистат гуралчињата ми кажа со физиолошки од надвор кон внатре со стерилни газа и тоа само еднаш да поминеш и масажа на носето кон окото и не знам точно од што ама ни помина ( му ставав и капки за нос од морска сол ). За брунчиња на лицето и ние имавме ама тоа кога беше месец и некој ден ми кажаа ако има мало испакнувања на брдавичките тогаш е хормонски и само од себе ќе се повлече.
Ние имавме многу грчеви и само саб симплекс капки ни помогнаа во комбинација на биогаја. И ако бебето ти дозволува прави му масажа на стомачето и вежби со ножињата.
Од колку месеци нормално е да се лигават бебињата и да ставаат раце во уста? Колку би требало бебе од 3 месеци да спие во тек од 24 часа?
Па нешто пред 3 месеци почна мојава.... Еве на 5 месеци заби извади. Инаку, за спиењето Станува околу 7 или 8. Во 10 дремнува околу 1час. Накај 1 или 2 исто спие околу 1ч. И во 4 или 5 дремнува околу 40 минути. Навечер заспива во 9. Вака е веќе подолг период со спиењево.
Мојава уште од месец дена почна да се лигави. Денес со глодалка ја чешав во усте мераци беше. Со рачињата ме тегнеше да не и избегам.
Вечерва нешто чудно ми се случи. Малиот спише па скоро 4 саати. Стана да цица. Градите невообичаено меки, за толкав период. Го ставам на едната града, од другата многу многу истече. Обично ми течи млеко. Не обилно, не секогаш, ама не вака. Дали е ова знак дека млекото ми се намалува?
Работам приватно, имам моја фирма за книговодство, сега ми е најголема гужва, завршни сметки а инаку, да, работам додека сум на породилно од прв момент кога си дојдовме дома од болница ајде ке биде, среќа што можам од дома да работам