Кака водлесто денес 5-6 пати, давам пробиотик, чај и вода да не дехидрира, ама вознемирено е и му кркорат цревцата, на педијатар се јавив ми рече само пробиотик. Се надевам ќе помине брзо.
Мајки ние бевме на лекар, матичната не беше на смена па не прегледа друга докторка која ме изнервира до максимум. Ја преслуша и рече дека малку има спуштено, да правам инхалации со пулмикорт и четврток - петок да ја носам да ја слушне пак. Додека ја облекував малата влета една сестра да праша дали сме готови и оваа да готови се нека влезат други.. а детето што го внесоа кашлаше и се жалеше на стомакот, значи ми се крена косата. Излегов у ходник со бебе раскопчано цело и во чекална со болни деца. Не издржав и си искоментирав дека ова е крајно безобразно и овој таткото на детето во чекална кога ми рипна демек болно дете влегло, мм вика а ние зашто сме овде, ама не се они криви туку докторката. Од таму немав мира и ја однесовме и на друга докторка, која е многу добра ама во државна болница се наоѓа и секогаш е хаос полно со цигани и затоа не ми се носи таму, среќа немаше гужва, ја прегледа малата и исто рече дека има малку спуштено на гради, бронхит и ме советуваше да почнеме со антибиотик дека е многу мала и многу лесно може да премине во полошо. Таа е стара докторка со големо искуство и ја послушав неа. Утре ќе ја носам малата за крвна слика и да ја слушне пак. Се загрижив многу мајки. Како ќе издржам незнам.. утре и синко на контрола треба да го носам, а и јас сум болна ама ајде тоа небитно.. само они да се добро.
So pomin neka e majka, sto ke ti kazat pravi i ke pomine za brzo. Periodov e mnogu los so virusi i plus i zagadeniot vozduh mislam deka ne dokrajci site.
Ќе помине ! За жал сезона на кашлици и настинки е. Исчувај ја, за брзо ќе се опорави. Важно е да си цица. Е затоа не ја сакам Бамби оти освен Пулмикорт не знаат за друго, за гужвите па ич не ми се зборува. Ама ај да не должам. Кај Станишлевиќ одам или пред 8, кога нема никој и за мали бебиња прави исклучок или поручек тогаш нема гужви.
Ќе помине мајче, знам дека е претешко со две болни дечиња, па капак и ти, но верувам дека имаш помош, па ќе протуркате некако. Битно бебче сега е под надзор, ќе и дадат терапија и ќе мине, силни се они, плус викаш си јаде, така да ќе мине брзо. Баткото е голем кај него уште побрзо ќе мине. Чувај се и ти, им требаш
Да кај Елица бевме и ние, утре пак кај неа ќе ја носам. @emkaemka Фала ви, се надевам нема да премине во полошо.
Па нз така ми изреагира др дека досега секогаш повеќе качуваше. Но на крај рече дека севкупно земено моменталната тежина е супер за возраста на бебето. Инаку имавме проблем со запек знам како е. На прв ден Нова година ние на дежурен завршиме поради тоа. Ама сега одеднаш почна 2-3 пати на ден да си излага дури и чудно. Но наместо да се радувам јас се нешш сум загрижена и анализирам. Уште со микроскоп што не сум ги прегледала каките.
Толку. Не се нервирај понатаму. Чим е под терапија не може полошо да е само подобро ќе е. Со помин нека е.
Жената е дула и "советник" за цицање. За зелената кака кажа дека воопшто не е дека бебето е гладко. Тоа го кажуваат за да можат да уфрлат Ад. Зелената кака е оксидирана кака.
Свари 1-2 лажиче ориз во 250мл вода, исцеди го оризот и дај му ја водата. Доктор ми има кажано за ова.
Му дадов вчера, само што како таква не ја пие па му ставив 60 мл оризова 60 АД млеко, денес имаме цврста ама зелена. На вас ви ја пиеше само оризова?
Не сум имала уште таков проблем бебето е 44 дена, но имам другарка доктор е и ми кажа дека и на болница така му давалр на бебенца.
Јас според упатство ставав 4 капки, во секој оброк. Денес почнав да не давам, во водата што врие ставив 4 зрнца ким, ако добро и влијае, не и давам капки.
Девојки, моево 2 месечно бебе веќе три дена спие немирно. Некои периоди заспива убаво, а честопати спие така што 10тина секунди е на една страна, после ќе си ги притрие очињата и се врти на другата страна со главчето, без да се разбуди или заплаче. Некој слично искуство?