Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.979
    Допаѓања:
    21.188
    Мајки син ми е 3 недели и само на мајчино млеко е.Но кога ќе заспие и кога ќе стане од спиење устето цело му е со плунка,пена и му се лепи!Не знам дали му е така од млекото или нешто друго е во прашање?
     
  2. Корнелија

    Корнелија Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    Го одмивав сега малиот, и си викам ај да му го отворам к**ето :D Иначе тоа е работа на татко му. Арно ама има нешто белко. Што да правам, како да го исчистам? Дали може да му се воспали? Срцето на мама се смешкаше, убавко му беше :clap:
     
  3. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.827
    Допаѓања:
    145.515
    Лекар да го види.
     
  4. Dusica24mkd

    Dusica24mkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2016
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Itnooo mamickiii ... Effedrini hydrochloridi 0,25./. +amp.gentamicin 20 mg 1/2 +amp.dexaxon 1/2.... Nekako mnogu mi e za 3 mesecno bebe .. Iskustva ve molam i itno e .. Za zatnato noseso zelen sekret... Najmnogu za efedrinov... Ste davale li
     
  5. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.827
    Допаѓања:
    145.515
    Сум ставала чист Ефидрин, по совет од педијатар. Нешто поголем беше, околу 5м.
    Ама ако вака ви препишале и се мачи не може да спие ставај. Педијатар ви ја знае ситуацијата .
     
  6. Dusica24mkd

    Dusica24mkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2016
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Fala vi mnogu
     
  7. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.806
    Имавме и ние. Му сметаше дури на голтањето млекце и бљуцкаше густа лигава материја (нешто како плунка и млеко што му се лепеше во усте како што велиш)
    Почнавме да го чистиме сабајле и вечер со Нистатин и веќе немаме проблем.
    Чистење на јазичето со газа плус голтање по 5мл.
    Секако, ова ми е дадено од педијтар
     
    На hello-kitty.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.806
    Јас му го чистам на бањање со обично мало памучно крпче со млака вода. На почеток од страв со чистев со стерилна газа ама некако покртуто е
    Инаку педијатарот ми рече да пазам и полека дека болно им било. Ама и мојов ужива и се смешка :D знаци на болка не ми покажал
     
    На ***Bony*** и Корнелија им се допаѓа ова.
  9. Dusica24mkd

    Dusica24mkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2016
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
     
  10. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.979
    Допаѓања:
    21.188
    Ама тој има такво само додека спие,бидејќи подолго време му се затворени устата.Откако ќе се разбуди,почне да цица и веќе го нема.А и не повраќа такво лигаво,кога ќе поврати обично бљуцка млекце.Прашав и јас педијатар ми рече дека сега слуша за такво нешто и дека веројатно е од млекото (ама не ми е сигурно така по тел) а за да го види треба да закажам да го одведам додека спие. Чудно ми е бидејќи досега не видела такво нешто (таков впечаток добив по зборувањето)
     
  11. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.806
    Аха. Е тогаш се работи за различна работа од нашето. Кај нас со цицањето правеше проблем а кај вас се средува со цицање.
    Инску бело јазиче кај бебе е габична инфекција која се јавувала кај поголем број новороденчиња и се чисти со Нистатин. Јас помислив и кај вас станува збор за ова.
    Ајде може некоја друга феминка ќе има искуство да ти помогне
     
    На hello-kitty.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sofice

    Sofice Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2018
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Ние имавме таков случај и тоа траеше до кај месец и пол-два.Дали бебе заспива додека цица?Ако е така тоа значи му останува некоја капка млекце во устето,а тоа си спие и затоа само после спиење има такв леплива плунка.Не е ништо страшно кај нас помина само од себе ,кога ке се разбудеше веднаш давав малку да цица.(тоа ни беше совет од педијатар бидејки и јас паничев)Ама ако забележубаш дека на јазиче има бели наслаги обавезно исчисти со капки нистатин како што ти пишала членката погоре.Не грижете се уживајте во додека доите(најубавиот период од животот,според мене):inlove::hai:
     
    На pianogirl и hello-kitty.90 им се допаѓа ова.
  13. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    8.051
    Допаѓања:
    114.460
    Пол:
    Женски
    @Dusica24mkd брис правевте?
    Ако не одма да направите па потоа терапија и носи бебе да му ги чујат градите!

    И мораш да одзатнуваш носе и да тераш бебе да пие течности, да цица, шишенце со АД, нуди често о пречесто, инаку може да дехидрира.
    Инхалации правиш, ви рекоа нешто за нив?
     
    На Dusica24mkd му/ѝ се допаѓа ова.
  14. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.060
    Допаѓања:
    26.073
    Пол:
    Женски
    Ај здраво женски, како сте денес? Јас преморена, умрев за спиење. Бебо последните неколку вечери откако ќе стане околу 11/12 саат, никако да заспие до 03/04 сабајле. Ме уништи скроз, секој дел од телото ми спие. Не вришти веќе како што правеше минатата недела, не знам дали тоа беше скок или грчеви, ама страшно беше. Сега само лежи во креветче, на моменти луто ја цуца цуцлата, или кенка, ама никако да заспие. Затоа денски спие скоро по цел ден. Како да му воспоставам некој ред, барем малку од малку да поспива навечер? 8ма недела е сега.
    Инаку, газето конечно му е подобро, не е веќе црвено. Мачкав цела недела со Судокрем и му помина овој пат од неа. Ми се чини дека и очињата му се мааалку подобри, уште солзат ама не толку, го премивам со чај од камилица. На лицето му се позачистија поткожните, од пред два дена гледам се нафрла на градите, брунчиња со бел врв, и црвенило малку. Не знам зошто така, дали од с'клет. Не го претоплувам, дома е 22/23 степени, навечер околу 21 степен. Облечен е во боди на долги, чорапчиња и памучно дводелни комплетче.
    Уште му вели носето на моменти, а кога влечам со пумпица, нема ништо. Вашите како се со хрчењето? И киваат ли уште?
    И така, ќе пробам да дремнам додека спие оти не можам да издржам.
     
    На eli25 и lackygirl им се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.152
    Допаѓања:
    204.755
    Пол:
    Женски
    Не влечи со аспиратор ако не тече ништо, доволно е само солена вода да му ставиш. И очите премивај ги со стерилна газа и физиолошки раствор или превриена вода, чај од камилица никако, може да создаде дополнителна иритација. Ако можеш, буди го дење, за да спие ноќе. Знам дека е мало, ама пробај. И да, одмарај кога бебето спие. Ти треба одмор за млекото.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. melani@

    melani@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2018
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Женски
    И јас користам Ладна, ја врите ли водата или само ја топлите пред употреба?
    Јас ја вријам, се мислам минералите да не се губат со вриење.
     
  17. SaNJaAaaAaa

    SaNJaAaaAaa Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2010
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    1.468
    Мајки, ќерка ми за една недела ќе прави месец дена. Неделава ќе ја правиме последната контрола во Систина, па после сакам да ја носам и да и изберам матичен педијатар, па сакав да прашам после првиот месец, кога правевте контрола?
     
  18. Dina911

    Dina911 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Женски
    Еве не знам ако ти е малку од помош јас на моево преку ден му пуштам музика цел ден и додека спие, навечер е скрос тишина, читав некаде дека сами мора да им напраиме да разликуваат што е ден што е нок. Инаку ние вчера прв пат прошетавме еден саат на сонце, кога се вративме дома бебе спиеше уште без малку 3 саати, стана поцица и пак заспа. Пробај прошетај го малку знам тешко е да го спремаш додека плаче и кинка и мојов е таков ама кога ке го фати воздух одма се смирува. А брунчињата се од претоплување, и ние ги имаме на лицето и напред на градите, на последна контрола во Систина Фидановски ми рече дури боди на кратки ракави, чорапчиња и памучно комплетче, ама јас уште боди на долги му облекувам.
    А за бришење на газето има една страница на фб Lanababy eko peleni нарачав едни како крпички 30 денари една, се мократ со вода и многу се убави за бришење на газето, после си ги переш во машина дека некако покомплицирано ми е со памукчињта. Позз и се надевам брзо ке му помине овој период
     
    На mamaJana и happygirl им се допаѓа ова.
  19. Dina911

    Dina911 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Женски
    Јас си закажав во Систина пак на 2ри месец, така ми рекоа во иднина на месец дена било доволно, а на матичен уште го немам носено, дека немам потреба пу пу да не го подречам, а има многу болни дечиња во амбулантите. Позз
     
  20. SaNJaAaaAaa

    SaNJaAaaAaa Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2010
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    1.468
    Така мислев и јас, ама реално за контроли за мерење на тежина не ми се плаќа приватно по 2 илјади секој месец.