И јас после првиот месец го носам уште во Систина, на две недели, сега веќе сме 2 месеци и ќе го носам еднаш месечно. Барем знам таму одделот со болни дечиња е скоз на друга страна и за овој период одлучив дека така ми е побезбедно.. Вака кај педијатар сите се во една чекална, а сега е време на грипови, вируси, настинки... Овде никогаш и не чекам, веднаш прием Така да @SaNJaAaaAaa јас би ти препорачала уште месец два носи го таму, па од пролет ќе си го носиш на матичен
Денес детево мислам ќе си го фрлам од прозор Вришти несака сам да седи,виси на цицка и пак плаче некако многу ми се меки градите како да немам доволно млеко. Посегнав и по ад и испи 100 мл се смири малце еве пак но сега се грчи Земав палачинки да правам и да вик ам другарките да дојдат да го видам не бре вика ли вика и баталив се.
Маки наши... Кога спие, зошто спие, кога не спие, зошто не спие!? Па зошто плачи, и зошто не плачи... Ми се чини за овие, скоро 2 месеци косата ми обеле... А тек почнавме. Колку време навечер ви спијаат бебките? Мојот најчесто врзува 4 саати. Најмногу до сега 6 саати, ама не беше спиен тој ден.
Женски како воспоставувате ред за спиење на бебе? Кај мене малата денски поретко цицаама затоа навечер спие прво 3 саата па на секој саат до сабајле се буди за цицање. Ставам цуцла ја плука се нервира. Дајте совет како да и воспоставам ред за спиеље и цицање. Уште е давам кога сака да цица, почнавме и со кашички и додекансум на работа (тоа се 4 саата) пие и едно шуше ад.
На почеток и јас го будев, ама др и патронажната ми рекоа дека подобро е да се учи денски да цица, навечер да спие. И веќе не го будам, нека си спие, нека расти Кога ќе огладни само ќе стани.
Мајки, на колку температура спиете? Ние сме 2+, од почеток се грееме на оган, температурата на моменти достигнува и до 28~29, тешко ми е ноќе да регулирам, спиеме во дневна па не знам како и кога би се префрлиле во спална, колку температура да правам...
Многу е, за спиење максимум 19степени. Јас на толкава Т би се угушила, а како му е на бебе што не знае да каже. Сигурно е и покриено. На оваа Т голи треба да спиете.
И од др ми е препорачано околу 20, но како да се одвикнеме сега? Не ли би било шок за бебето? Малку ќе кивне или затнато носе, па се обвинувам дека се изладила собата, па затоа вака ѝ е
Висока Т е полошо од ниска, ќе го претоплиш, се поти, може да ти крене и Т. Кива оти се чисти не дека му е ладно.
Ми годи да го слушнам ова и да си ја убедам сопствената совест крена еднаш, ја раскомотив, па се симна. Фала, ќе воведувам промени дефинитивно
Моето навечер (после 02/03 саат дури) спие по 4-5 саати, и не го будам. Кога ќе огладне сам ќе стане утрото. А и јас сакам да поспијам малку, бидејќи ме убива ова касно легнување. Навечер Т во собата е 21 степен отприлика, се грееме на клима и уште спиеме и ние во дневна. Едвај чекам да се префрлам на спалната, овие денови ќе биде и тоа
Ние од старт спиеме во спална. Загреваме околу 21/22 степени и некаде кај 12 часот го гасиме парното. Навечер температурата паѓа околу 19/18 степени а кога беше најлодно знаеше и 17,5 да падне. Потоа кај 5 на утро автоматски си се пали пак парното и утрото кога ќе станеме е околу 20. Не сакам да ја направам зимурлија како мене. Бидејќи многу ми се отскриваше сега ја ставам да спие во вреќа и не ја мислам дали и студи. Туку дај кажете совет како да натерам дете да ми цица повеќе. Пак денес ја носев на мерење и само130 г качила за една недела. Матичната ми е на 2 мин па ми се јавува кога нема никој и одма ја носам инаку ни мене не ми се носи дете во ова лудо време. Ставот на матичната е да не додавам уште АД и да бидам поупорна со доењето. Ама колку поупорна веќе не знам. Едноставно толку сака дете да цица.