Оваа недела може да качи 120, следната 230. Кај доенчињата е така. И 130г неделно не е воопшто лоша бројка, значи тоа и е доволно. Ако кака,мочка, не стагнира, не намалува , значи е најадена.
Во последно време со некој грам плус минус се толку е со качувањето затоа и секоја недела ја следиме. На почеток кога давав АД од 300 до 500 грама качуваше. Знам дека и толку не чини ама некако мајчин ум си викам поарно повеќе отколку помалце. Матичната вели дека уште не е алармантно ама не е ни сјајно.
Следи си го детето. Сите под шаблон не растат. На шише ќе се научи лесно, тешко е на цице да ја вратиш. Ставај ја почесто на града да влече ако мислиш дека е гладна. Ама ако е гладна ќе вришти, нема да полни пелени.
На таа температура 26-28 во соба малиот по боди и чорапчиња ми спиеше летото и покриен со тетра, која ја наоѓав во ќоше од сабајле, ја шутирал со нозе. А предвреме родено ~4.4 кила во јули беше, ~5.3 во август. Околу 20 најубаво за спиење, ако е повеќе, односно не може убаво да се изрегулира заради огинот тогаш расоблечи бебе и не покривај многу.
Пробиотик и капки против грчеви давате секој ден или по потреба и до кој месец? Ние сме 3 месеци и 12 дена.
Добро е јас се исплашив зашто уште не се смешка а за гугање почнува по малце. Седма недела ја почнавм од денес.
Моето на почетокот се смееше само во сонот, од пред 10тина дена се смее и на јаве, и по неколку пати на ден Деновиве го приметувам и дека сака да гуга по малку. 8ма недела е сега.
Мојава се смее уште од 3та недела само незнам дали се свесни дека го прават тоа или само како гримаса,секој ден од тогаш па навака по неколку пати се смее и гуга (гугањево е од последниве неколку дена) во четврток правиме 40 Многу милно изгледа А се насмее мм одма трча по тел да ја слика
Очекувај за скоро. После скоков мојава се радува и на тропалки и играчки што свират. По еден час во денот се играме и си збориме. Ама на глас не се смее уште. Рано е за такво смеење ако очекуваш.
Од пусти страв. Денес се преселивме во спална, да не дојде нагла промена пак ми е топло, но не толку. Се надевам на добро помината ноќ.
Mie denes mesec napravivme od pocetok se smeese vo sone take a sega ima edna nedela i se smee i zboruvas po malku se smeska nezno i pocnuva so guga je saka ispusy zvuci
Еве го, уште е буден. Како стана на полноќ око нема склопено. И цицаше, и го пресоблеков и џабе. Преку ден не е така буден. Јас папсав. Ако слушнете за некоја што капнала за спиење, јас сум да знаете. Не одам уште долго вака со ова темпо.
Оф душо. Ами спиј преку ден кога спие и тоа. А ако слушнете дека на некој домот ми засмрдел сум јас. Мојава денски скоро да не спие. И ако задреме сака во раце да спие. Цел ден мора некој да ја држи, игра и забавува. Мислам рацеве ми се истегнаа
Се помонува и се се заборава само со една бебешка насмевка. Срцево ми се стопи сега. Ја цицав зверка и ја чував извесен период на раме па си ја легнав во креветче. Кога сети дека не ја држам ги отвори очињата. Реков готово се разбуди ќе бара во раце но наместо да ја земам само решив да и се насмеам и јавам. Еве ја сега така слатко ми се смее и радува што сакам мигов да трае вечност
Уживај во развојот, не паничи. За некои моменти нема назад. Здраво и право ти е бебче. Ќе се смее, ќе се кикоти, ќе плаче, ќе глуми, па ќе почне да се превртува. Па да седнува. Се ќе дојде тоа, не го брзај. Па заб кога ќе видиш - од радост куќата ќе ја кренеш. Не си ги скратувај радостите со паники.