Мене па и не ми е јасно како би ги ставила силиконските во машина. Инаку јас кога ги прашав сестрите во неонатологија како да ги стерилизирам ми рекоа ќе ги миеш со четка и сјај. Кога ги прашав не треба вриење рекоа ако сакам може ама кратко колку 2 клобурци да пушти водата. Мене ми се чинеше малку и на почеток ги варев по 5 до 10 минути и ми се оштетија на рабовите. Потоа купив стерилизатор за во микробранова и во него стерилизирам се дури и играчки и нишш се нема оштетено дека на пареа. Порано ги стерилизирав по секој подој сега кога наголеми знам да ги измијам убаво со детски сјај и да ги попарам 3 пати со вриена вода. Ама пак барем 3 пати во денот одат во стерилизатор.
И јас ја симнав минатата недела апликацијата, некои 3-4 долари, ефтина е секако. Убаво е напишано се на едно место, е сега колку ќе си го пронајдеш бебето во тие описи, ќе видиш
Ние сме во скок. Крај на 7, почеток на 8 недела... Сака во раце, плачи без причина. Нервозен и гневен е. Плачи и на цице. Си правам филм дека одбива да цица. Или можеби не е филм Загрижена сум Што да очекувам после овој скок? Како реагираат вашите бебиња за време на овој скок?
После скокот очекувај да почне да се смее и да гуга.Реагираат исто како што опиша. Можеби е смешно додуша вистина е напорно ама ја се радувам на секој скок.Значи детето ни е здраво право.После секој скок настанува нов развој кај детето.Затоа издржете и радувајте се на тие скокови.
Исто беше и моето, отеков тука по темите Ќе помине за некој ден, само мора издржиш. Не се секирај, не одбива да цица, само е понервозен. Ќе се смири, и ќе почне појасно да гледа, повеќе да слуша, да се смее почесто
@simona_baby, @happygirl Фала ви девојќи, се надевам дека е ок со цицањето. Се загрижив зошто кога го ставам да цица, се трга и плаче. Триста филмови си направив, дека не сака да цица, дека има некоја бактерија и го боли, дека немам млеко... Иначе се смее, сака и пробува да гуга, пушта по некој крик, заинтересиран е за играчки што тропкаат... Се радувам кога ќе прочитам позитивни коментари, ми годи тоа... Ни годи на сите, и дај боже се да е добро кај сите деца, да не се грижиме, зошто со стерот можеби само негативно на млекото да делуваме, а и на бебушките.
Bwvme. Denes za. Bris... Nema temperatura cista na gradi... Ke vidime vo peetok rezultati pa ke pisam...
мајки со каков прашак вадите флеки? ние скоро почнавме со вкусови и веќе пола лигавчиња се лом, ги тријам прво со мерикс сапун па отпосле со бекутан ги перам ама не помага. чаре некое?
Нешто ко да ме подзаболува грло, ме гребе малку, суво ми е... Се плашам да не е настинка некоја... Бебето е 5 недели, се плашам да не му пренесам нешто, а на лекар не ми се иде, дека не сум толку болна, а има многу виросани низ амбулантиве, па не знам што да правам. Некој природен начин како да се справам грлово што ме боли? А да не е проблем за бебето, бидејќи и го дојам.
Зошто не купиш лигавче само за јадење?исто и ние откако неколку упропастивме и со ништо не ми се вадеа флеките истите лигавчиња ги користам само за јадење.Сега ти останува само тие со флеки да ги ставаш.Не ставај чисти ќе си ги упропастиш и тие.Може некоја има начин да ни каже како да извадиме флеките,мене ништо не ми помогна
да да, откако ги исфлекавме си купив и онакви мушамски лигавчиња. но рана ми е зимата за флеки, тек сме 6месеци но сакам да бидам спремна за оние поголемите флеки па чисто да си знам јас стрепсилс лижев тие ми помагаа. можеш и гаргара со солена вода ги ублажува болките и прополис спреј или во лажичка шеќер околу 10-15капки. секако зголеми доза на витамини, пиј чаеви,лимонади,супи превентивно
па нели не се пие лимон додека се дои? така ми кажа партонажната кога беше А каков чај? Смее било каков да пијам? Прополис сега почнав и мед исто така..
Си пробала со омнио бланко ама веднаш додека е свежа дамката? Ние уште не сме на дохрана и го користам за вадење на каки и супер ми е.