Мајки, бебето ми е старо 28 дена. Овие денови ми стана не знам како да опишам на друг начин, лакомо за јадење. Ја дојам, мислам дека немам многу млеко, ама сепак цица и плус дохрана Hipp Combiotic. Вечерва т.е. од 17 часот си испи околу 80мл Hipp, после 1 час почна пак да плаче за јадење. И дадов да цица уште 3-4 пати до 9 часот. Во 9 повторно Hipp, испи околу 90мл. Потоа нешто ја пресоблекувавме,, ја држеа во легната положба и кога и реков да ја исправат поврати доста. После тоа повторно сакаше да цица. И дадов и заспа некако. Сега ноќва во 3 повторно време за Hipp. Испи исто 90мл и кога ја исправив ми блуцна, ама полрај белото имаше и светло жолто нешто. Многу, многу ме исплаши. По интернет уште што не прочитав. И откако блуцна, пак цицаше неколку пати и еве сега заспа. Сте имале ли ваков сличај со жолто блуцкање? Преплашена сум
Ги носите ли бебушките по молови? Знам дека е сезона на вируси, ама веќе не се издржува дома, сакам да излезам да си купам нешто, и онака старите алишта мали ми се Мора да се вратам во форма и да почнам да вежбам, под итно!!!
Пред колку време си породена? Почекај можеби ќе ти станат пак таман. Јас така додека се наканував да излезам да си купам се ми стана пак точно. Тоа беше некаде по 7-8 недели. И ако купев тогаш сега се ќе ми паѓаше. Барем ако купиш откако ќе се вратиш во форма ќе си носиш после.
Жолто мислам дека е млекцето што веќе почнало да се вари во желудник. А бело е новото млекце. Мислам да пробаш да ставиш нексков ред. Вака како што опиша ептен е хаосно со цицањето и мислам затоа ти повраќа и бљуцка. Бебе пд 28 дена треба да има 8-10 оброци дневно. Вие толку сте имале после 17 часот само. На мајчиното млеко му е потребно 2 часа да се свари, на ад 3 часа. Па гледај овие да поминат пред нов оброк. И после секој оброк држи го исправено на гради 15тина мин. А дохрана оти му даваш? Педијатар ти кажа? Зашти не пробаш само на мајчино? Макар и на саат ипол да бара за почеток
Таман сум, 8 недела почнувам од кога сум породена, ама ни едни фармерки не ми се точни, ми треба еден број поголеми Ќе си пикнам веќе
Си бара многу, не ја задоволува моето млеко. Така не испишаа од болница, со дохрана, еве сега ќе ја носам на педијатар, дај Боже ништо да не е сериозно...
Не се плаши не е ништо. Ајде па пиши како си поминала. Прашај да пробате само на мајчино млеко. Вака коа се меша мислам најтешко им е за желудничето
Зар само на мене ли ми се големи алиштата? Одам надоле со килажата ептен мислам се стопив. @TeddyGrey Почна да се смешка Ептен сум за растот миле паника и само го анализирам. @Корнелија И јас сакав денес да го изнесам до Дм се отвара кај нас во населба нов па ептен има намалени цени да си испазарев на раат,да не го мислам дали плаче дома,но некако ми е страв.
јас пијам чај од прегорен шеќер со мед, за мене само тоа е чај зошто трефки не сакам ете ако доиш, пиј чај за доење, нека е топло само. инаку искрено за лимонот не знам, првпат слушам дека не смее кога доиш,јас избегнував првите три месеци у бременост, така мене ми кажаа. пробај и во вода да стаиш лажичка сол и гаргара прави, за чудо и ова доста ми помогна прошли пат
Не мајка воопшто не е препорачливо посебно не сега со секакви вируси, моето 7 месеци е па не го носам. Надој го бебето и излези сама нека го причува маж ти. Иначе јас изнакупував нова гардероба и после 6 месеци ми стана голема, некои брзо се враќаат во форма некои побавно кај мене многу влијаеше тоа што добив по 6 месеци па ми се регулираа хормоните, претходно дали јадела дали не си стоев на истата тежина.
Моник нашите се со некоја недела порано родени и според вондер веекс треба да очекуваме да се развиваат според терминот а не денот на раѓање. Од тука испаѓа дека некои деца побрзо правата нешто а некои покасно. Битно да почнат да го прават. Се во свое време. @Корнелија Не се разочарувај и за тоа е кај секој различно. Ќе се вратиш во форма за брзо. Особено доколку доиш и побрзо од што мислиш.
Мојот од терминот е 4 недели порано роден. Јас си имам трауми од првата бременост но и ако сега е се во ред пак имам некоја паника.
Те разбирам потполно бидаејќи јас сум по природа паничар и параноик и се нешто барам и споредувам. Затоа и ти го кажав овој податок. Ем секое дете си е посебна индивидуа ем треба и ова да го имаме во предвид. Што било било, не гледај назад. Радувај му се сега на тоа што го имаш и уживај. Од авион се гледа дека дете си е супер. Машала. Јас од некои семејни истории со здравствени проблеми сум изгорена и цело време сум грч те за мене сега па и за бебе. Мн неубаво чувство.
Јас го шеатам обавезно по саат време, ама кога има магла или ветер не. Тогаш на тераса по 5-10 минути
Јас фрош користам, нешто ми вади нешто не сепак пробај Периодов ич не ми е за по молови, има вируси, сипаници... ќе си се организираш ќе тркнеш сама плус полесно ќе ти биде во разгледувањето и пробувањето без бебе @monik55 и јас сум од тие што се им е големо
Здраво генерацијо Јас моево досега не сум го изнела саглам да го прошетам со количка, планирам викендот ако е потопло. Деновиве овде или врнеше снег, па дожд, или е студено. А опремен ми е сега со скафандер, благодарение на @Dina911 Му купив и зимско капче, само времето го чекаме. Го вадам само на тераса по 5-10мин. Мене сите алишта ми се точни од претходно, дури комотни ми се дека послаба сум сега и од пред да останам бремена. А јадам 2-3 оброци дневно. Само треба да се затегнам, не знам дали ќе можам да одам на аеробик поради малово? Инаку, моето синоќа убаво се нацица околу 2 саат, заспа конечно, и во 3:15 бљуцна низ нос и уста, бело млеко воденесто. Ви се случува ли после саат/саатипол да бљуцнат а не веднаш после цицањето? Некогаш и моето бљуцка жолто млеко, како урда само во мали количини.
Се случува. Лакомо цицал веројатно и голта воздух. И мојот исто правеше, затоа го ставав на страна на почеток и на малку поткренато.
Не се плаши нормално е. И моето бљуцка после саат време некогаш или како урда му се прави па сеа почнува да ја жвачка. А за аеробик и оатанати вежби мислам после 3 месец се препорачува