Ние сме скоро 2 месеци си кака по 3 пати на ден, до сега фала богу ни се нема случено да не се покака
Се додека не го боли мешето не е проблем што не кака. На самиот релаксатор би требало да пишува за која возраст е. Јас почнав да го ставам на 2+ иако на релаксаторот пишуваше 0+. Прашање е дали ќе сака да седи. Моето по 2-3 минути само седеше, изгледа додека сфатеше дека сум го седнала во релаксатор и толку беше.
Мајки, ве молам за совет. На бебчето мое му се појавија ситни бели брунчиња во делот на пеленската регија, поточно на газето. Подолго време веке го мачкам со мустела кремата за пеленска регија со цинк оксид ама нема ефект. Ако може некој што имал ваков случај да сподели совет што да ставаме.
Бебо цел ден се нема покакано. Можно ли е да е поради тоа што јас деновиве јадам повеќе сува храна? Пијам сокови, чај, вода, ама исхраната ми е претежно сува. Ќе му помогне ли ако пијам компот од суви сливи, јадам супи и слично?
Ќе му помогне. Можеш и тиква печена. На моето му помагаше супа со лаж маслиново кога јадев , компот пиев секој ден и сливити јади ги .
Оф.. Да си ги кажам маките... Бебево во последен период не си го препознавам... Цицаме со плачки, цица влече плаче, ќе помислам немам млеко, ќе стиснам градата прска на сите страни. Менува расположение на 5 минути, одеднаш ќе почне да плаче од нигде никаде дури и зајдува, ќе се смири и по 5 мин се смее гуга. Ноќно време се будеше само 2 пати, а сега на секој саат до два... Се ндевам само дека е период и се молам побрзо да помине инаку за 10тина дена сме 4 месеци.
Мајки која од вас имала искуство со гуралки во олињата? Ги чистиме со газа и камилица и ставаме Тобрекс капки, едното окце е ок другото пак и пак ги има гуралките и целото оче е залепено.. Ве молам за помош..
Камилица во очи не, влошува ситуација. Само превриена вода или физиолошки раствор за пребришување, и капките.
И кај нас е моментално исто, прееска ја исконтактирав патронажната. Од надворешниот дел на окцето према носето ќе чистиш со стерилна газа и физиолошки раствор, не многу грубо ама и не па нежно, да се исчисти секретот. Доколку се појави повторно по неколку часа тогаш само капките 3х1 на 8часа. Побрзо да помине
Позади ушето како да му е иритирано и му се прави мокро постојано не како гној туку како водено му е влажно местото.Имал ли некој ваков случај не ми се носи сега по лекари што од вируси што од морбили.