Дур имаат грчеви се будат без разлика гладни или не. Цице ги смирува. Мојов па не се будеше за жива глава, јас у спиење го хранев.
Мислам дека секое бебе е различно. Моево пред некоја недела почна да врзува по 5саати, а за некој ден ќе направи 2 месеци. Ама затоа заспива во 2/3 саат по полноќ и откако ќе заспие, ќе му се фатат некои 5/6 саати спиење. Е после тоа, пак си станува на 3 саати за цицање
Моето уште станува така 2 месеци ќе прави за 2 дена, само на доење е и да многу е напорно слатки ама маки
Здраво женски, како сте со бебињата? Дали вашите бебиња имаат мрсули? Не течни за влечење со пумпица, туку како кај возрасни му се прават на моево. Знам да извадам по еден-два таков жолт, густ мрсул дневно, а не знам од каде и зошто ги има? Уште му хрчи носето на моменти, да не е од тоа?
Малата има 1 месец и 1 недела. Нахранета и чиста постојано плаче како да е на колење. Се смирува само ако ја држам исправена. Можно ли е да има грчеви па тоа да е причината и како можам да ги смирам?
Имаат , бар моето имаше. Се додека се чисти имаше. И хрчкаше. Стави физиолошки и со кивкање ќе падне.
Мојава тек полни 48 часа но многу спие и кога ќе почне да цица пие 1 час па после 3-4 часа не пие. Многу сум исплашена дали е нормално да спие толку
Извини што упаѓам. Има од синомарин малечки пакувања а исто имам купувано од корин де фарам. Ама некои ставаат и ваков со шприц.
Капки ставав, Синомарин монодози или Аква марис за бебе. Од ова цело пакување не знам како би капнала. Со капкички е полесно.
Нас не спасија Синомарин монодози. Многу му беше затнат носот па и едни мрсули мајкоо. Ептен ми беше настинато ама се опорави фала му на бога. Јас ставам капки го легнувам на ногата сонстомачето и тапкам по грпчето и сами си се слеваат и после влечан со пупмицата.
Мамички, како да знам кога е доволно млеко на малата? Во болница фативме жолтица и докторката рече по 40-50мл на два часа. Од жолтицата малата е многу успана и мрзлива ќе цица па дреме, па пак цица итн. Како да знам кога е доволно??
Прво си зависи од бебето. Моето има 25 дена, па речиси секоја вечер спојува 4 саата, на неколку пати и 5 саата, од полноќ до 8 сабајле едно станување има. Дали две ноќи станувала на 2ипол саата. Јас од првиот ден пробувам да и правам различна атмосфера, дење е во бучава и на светло, ноќе скроз темница и тишина. Не знам дали на толку мало дете прави разлика тоа, ама да си има ред за понатаму. Ако се успие денски повеќе од 3 саата ја будам, па знае и по 3 саата да е будна. Подобро дење него сред ноќ да се журкаме. До сега сме имале само една проблематична ноќ кога седеше будна од 8 навечер до речиси 2 по полноќ. Уште е многу мала ама се надевам понатаму ќе биде само на подобро.
За тврда столица после породување што може да се јаде/пие? Претходно цел живот пиев портокал наутро и сега ради доење го исфрлив и ми се расипа столицата. Мака мачам после породување. Не знаев кај да прашам па решив овде
Компот од суво сливи и редовно конзумирање на баланс јогурт. Но јас не видов некпе фајде,за некое чудо добив циклус па колку толку ми се среди малце.